Број 3261  понеделник, 19 април 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Економија
Хроника
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter
Свет

Над 1.700 жртви во земјотресот во Кина

Пекинг - Според најновите податоци на кинеските власти, во катастрофалниот земјотрес што на 14 април дена ја погоди провинцијата Чингхај во западниот дел на Кина загинале 1.706 лица.

Кинеските медиуми наведуваат дека оваа бројка најверојатно нема да биде конечна, бидејќи 256 лица се' уште се водат како исчезнати. Локални будистички свештеници вчера излегоа со тврдења дека во земјотресот загинале 10.000 лица.

Утрово од урнатините на една од зградите во градот Чеигу е извлечен повреден маж, кој преживеал затрупан повеќе од 100 часа.

Погодениот регион денеска го посети и кинескиот претседател Ху Џинтао.

Кинеската провинција Чингхај во средата ја погоди земјотрес со интензитет од околу 7 степени според Рихтеровата скала, предизвикувајќи големи разурнувања. Според кинеските власти потресот бил со интензитет од 7,1 степени според Рихтер, додека според Американскиот сеизмолошки институт од 6,9 степени. (МИА)


#
Статијата е прочитана 135 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Свет
Полјаците се простија од Качињски
Христијанството на смртна постела
Грузија испраќа принцеза за амбасадор
Германија веќе не е спасител на ЕУ
Референдум за членство на Турција во ЕУ?
За државјаните на ЕУ влез со лична карта
Бугарија ќе ја кастри армијата за третина