Број 3415  вторник, 26 октомври 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон
Вести








Site Meter
Спорт

Седум гласа веќе купени за мундијалите 2018 и 2022 година

Бившиот генерален секретар на ФИФА, Мишел Зен Руфинен, признава таен договор

Главоболките на Сеп Балтер и неговите соработници во Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) продолжуваат откако британски „Тајмс“ објави дека поседува видеозапис во кој бившиот генерален секретар на ФИФА, Мишел Зен Руфинен, признава таен договор во најважното тело на ФИФА. Тој изјавува дека шпанско-португалската кандидатура за СП 2018 година, односно катарската за 2022, веќе имаат загарантирани седум гласа од исти членови на Извршниот одбор.

Тој одбор, со кој претседава Сеп Блатер, има вкупно 24 члена, а на втори декември во Цирих треба да ги одреди домаќините на мундијалите 2018 и 2022 година.

Како што е познато, минатата недела во викенд-изданието „Тајмс“ донесе ексклузива за купувањето гласови за домаќинство на СП од нигерискиот и од новозеландскиот член на Извршниот одбор на ФИФА, кои подготвено ја истакнаа цената за своето гласање.

Германскиот „Кикер“, пак, тврди дека криминал има и со испитот за добивање менаџерска лиценца од ФИФА, кој може да се купи за 2.000 евра. Угледното спортско списание, инаку несклон на сензационалистички и предимензионирани текстови, има крунски доказ за ексклузива што ја објави во вчерашниот број.

Курсот за лиценциран менаџер го посетил еден новинар од редакцијата. Пред полагање на испитот се појавил посредник што му кажал дека за 2.000 евра може да му обезбеди успешно полагање на тестот без никаков стрес. Сето тоа со давање на точните решенија на прашањата преку СМС-пораки при самото полагање!

Посредникот на новинарот му гарант��рал точни одговори на 15 прашања што ги поставува ФИФА. Но, не и на дополнителните пет што во испитот ги додава националната Фудбалска федерација.

„Кикер“ пишува дека просторот за манипулација е огромен и дека само во септември испитот го полагале новопечените менаџери од 70 држави во светот. Во Германија само годинава испитот го положиле 312 лица. Низ светот, според последните податоци од ФИФА, постојат 5.683 менаџери.


#
Статијата е прочитана 253 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Спорт
Со Естонците без Ангелов
Марјан Митков со норма за велемајстор
Бенитез
Поп Ацев останува шести севкупно
Трка до последниот круг за титулата во Формула 1
Во Пелистер сите го чекаат претседателот
Федерер во Стокхолм го стигна Сампрас
Прекин мечот Влазними - Беласица во Струга
Грд потег на Стојковиќ - плукна на својот бивш клуб






No-confidence vote in Kosovo government leads to snap elections
Serbian president on historic visit to Croatia
Bulgaria least competitive country in the EU