Број 3415  вторник, 26 октомври 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон
Вести








Site Meter
Спорт

Трка до последниот круг за титулата во Формула 1

Ни во Ферари не очекуваат Алонсо да стане првак уште во Бразил, туку во Абу Даби

Фернандо Алонсо би можел да ја обезбеди својата трета титула шампион во Формула 1 во Бразил следната недела, но ни Ферари ни неговите ривали не очекуваат такво нешто по победата во неделата во Јужна Кореја, која се должеше повеќе на среќата отколку на стратегијата. И покрај тоа што Шпанецот ги освои двете свои титули со Рено во Интерлагос, а последните пет шампионати беа решени токму во Сао Паоло, годинашната битка, по се' изгледа, ќе се развлече се' до финалето во Абу Даби една седмица подоцна.

„Уверен сум дека шампионската трка ќе потрае до последниот круг во Абу Даби“, вели тимскиот шеф на Ред бул, Кристијан Хорнер. Неговите двајца возачи, Австралиецот Марк Вебер и Германецот Себастијан Фетел, не успеаја да ја завршат трката на новата и во последен момент довршена патека во Јеонгам, околу 400 км југозападно од главниот град Сеул.

„Фетел на четвртото место и водечкиот Алонсо ги дели само една победа. Колку пати годинава видовме пресврти и промени на врвот? Невозможно е да се има кристална топка и да се предвиди што ќе се случи во Бразил и во Абу Даби“, смета Хорнер.

Неговиот колега од Ферари, Стефано Доменикали, исто така, очекува израмнета борба во двете последни трки, отфрлајќи ја сугестијата дека нова победа во Бразил би можела да биде доволна за Алонсо.

„Не мислам така, да бидам искрен. Би сакал да сте во право, но не мислам така“, вели тој.

И Мартин Витмарш од Мекларен се согласува.

„Бразил е извонредна патека и секогаш продуцира извонредни трки, но во моментов речиси и да нема дилеми дека првенството ќе се реши во Абу Даби“, очекува и Витмарш.

Вебер ја почна трката во Јужна Кореја како севкупен лидер, но му ја препушти иницијативата на Фетел кога се удри во оградата, за потоа Германецот да се соочи со откажување на моторот девет круга до крајот, и тоа додека беше во водство. Тоа му овозможи на Алонсо да ги собере 25. поени наменети за победникот, со кои сега има 11 повеќе од Вебер, кој победи во Бразил минатата година. Луис Хамилтон од Мекларен е трет со 21 поен помалку од водечкиот, а Фетел е четврти. Светскиот шампион Џенсон Батон математички и натаму е конкурент за титулата, но со дури 42 поена помалку од Алонсо, практично, е надвор од трката.

По Британското гран-при во Силверстоун во јули, кога заврши 14. откако беше казнет со минување низ боксот, Алонсо изјави дека се' уште може да триумфира во првенството. Тоа тогаш звучеше преоптимистички, но резултатите по таа трка дадоа повеќе од потврда на неговото тврдење. Шпанецот победи во три од последните четири трки, односно во четири од последните седум, и по Силверстоун освои повеќе поени од сите други возачи. Тој, исто така, знае точно што е потребно за да се освои шампионатот и како да се справи со притисокот.

„Одработивме добро, бевме сконцентрирани, многу фокусирани во последните шест-седум трки. Но, не смееме да заборавиме дека треба да бидеме на подиумот и да се бориме за победа во следните две трки“, изјави тој по својата петта победа сезонава, остварена во неделата.

Алонсо, чиј тим се извлече од поголеми последици против стјуардите и се пожали на недостиг од среќа во Валенсија во јуни, изјави дека среќата е клучен фактор, но и постојаноста, исто така, е круцијална.

„Не успевавме да се искачиме на подиумот во еден дел од сезоната, како што реков, можеби поради факторот среќа. Сега имаме забележано повеќе победи отколку што очекувавме, секако, и поради факторот среќа, бидејќи во Кореја бевме трети и еден ’ред бул‘ се судри, друг експлодира, па, како што имаме кажано многу пати, среќата на крајот од годината се надоместува“, вели новиот лидер.

Ферари, кој реши да го стави Алонсо во фокусот на својата битка за титулата кога ги примени тимските наредби на контроверзното германско гран-при во јули, ќе остане насочен кон подобрување на болидот и кон зачувување на врвното ниво.

„Клучна до крајот на сезоната ќе биде сигурноста на болидот и задржувањето на концентрацијата до крајот“, вели Доменикали. „Сега е момент да се биде смирен и подготвен за трка на најдобар можен начин. Не можеме да си дозволиме да имаме каков и да е проблем. Ред бул има фантастичен болид, но тука сме и ние, борбени и определени да се бориме до последниот свијок од последниот круг“.


#
Статијата е прочитана 223 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Спорт
Со Естонците без Ангелов
Марјан Митков со норма за велемајстор
Бенитез
Поп Ацев останува шести севкупно
Седум гласа веќе купени за мундијалите 2018 и 2022 година
Во Пелистер сите го чекаат претседателот
Федерер во Стокхолм го стигна Сампрас
Прекин мечот Влазними - Беласица во Струга
Грд потег на Стојковиќ - плукна на својот бивш клуб






No-confidence vote in Kosovo government leads to snap elections
Serbian president on historic visit to Croatia
Bulgaria least competitive country in the EU