Број 3415  вторник, 26 октомври 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон
Вести








Site Meter
Спорт

Бенитез: Ќе биде поинаку со Пандев и со Милито

Тренерот на Интер ги обвини судиите за нерешениот резултат против Сампдорија 1:1

Интер не успеа да ја совлада Сампдорија на „Меаца“ во последниот меч од осмото коло во Италијанското фудбалско првенство, но успеа да ја продолжи серијата без пораз на домашен терен што трае од март во 2008 година. „Нероазурите“ на крајот одиграа 1:1, а Рафаел Бенитез се нафрли врз судиите.

„Сампдорија играше само на контри, ние го контролиравме натпреварот. Но, примивме гол по прекршок на Касано врз Киву. И Касано знаеше дека тоа е прекршок“, почна Бенитез незадоволен од конечниот резултат и продолжи:

„Судијата едноставно не работеше онака како што треба. Тој ни го искомпликува мечот. Сите видоа дека тоа беше прекршок, па и самиот Касано погледна кон судијата“.

Откако заврши со судијата Бенитез се осврна и на повредите во тимот и на начинот на кој се игра во Серија А.

„Во италијанската лига се игра на тактика и сите екипи се тактички многу силни. Меѓутоа ние имаме проблем што ни се повредени Милито и Пандев. Кога ќе бидат подготвени се ќе биде поинаку“, заврши Бенитез.

Нашиот Горан Пандев мечот го почна од клупата и во игра влезе во 63 минута на местото на Биабиани. Сампдорија поведе со голот на Губерти во 63 минута, израмни Ето во 80.

Лацио со победата на Калјари со 2:1 опстана на врвот на табелата, непријатно изненади Јувентус со ремито без голови против Болоња. Среќа немаше ниту Рома која на рутата на позитивен резултат од минатото коло тргна по нови три бода, но беше запрена веќе на гостувањето кај Парма.

Серија А, 8. коло



Резултати: Интер - Сампдорија 1:1, Болоња - Јувентус 0:0, Лацио - Калјари 2:1, Џенова - Катанија 1:0, Киево - Чезена 2:1, Лече - Бреша 2:1, Парма - Рома 0:0, Удинезе - Палермо 2:1, Фиорентина - Бари 2:1. Синоќа играа: Наполи - Милан.

Табела: Лацио 19, Интер 15, Милан 14 (-1), Киево 13, Јувентус 12, Наполи 12 (-1), Палермо 11, Сампдорија 11, Џенова 11, Лече 11, Удинезе 10, Катанија 9, Бреша 9, Рома 9, Фиорентина 8, Болоња 8, Чезена 8, Бари 8, Калјари 7, Парма 7.


#
Статијата е прочитана 814 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Спорт
Со Естонците без Ангелов
Марјан Митков со норма за велемајстор
Поп Ацев останува шести севкупно
Седум гласа веќе купени за мундијалите 2018 и 2022 година
Трка до последниот круг за титулата во Формула 1
Во Пелистер сите го чекаат претседателот
Федерер во Стокхолм го стигна Сампрас
Прекин мечот Влазними - Беласица во Струга
Грд потег на Стојковиќ - плукна на својот бивш клуб






Tight controls on visa-free travellers from Albania and Bosnia
Bulgaria loses case against suspected mafia bosses
Hungarian firms seek EU help to block crisis tax