Број 3415  вторник, 26 октомври 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон
Вести








Site Meter
Спорт

Федерер во Стокхолм го стигна Сампрас

Швајцарецот Роже Федерер ја забележа 64. турнирска победа во кариерата по победата во финалето во Стокхолм над Флоријан Мајер од Германија со 6:4, 6:3. Со овој триумф Федерер се израмни со Американецот Пит Сампрас по бројот на освоени титули на четвртото место на вечна листа. Повеќе освоени турнири од нив двајца имаат Џими Конорс (109), Иван Лендл (94) и Џон Мекинро (77).

„Одиграв одличен турнир. Имав сериозни дуели во четврт-финалето, полуфиналето и финалето и успеав. Овде дојдов по петте натпревари во Шангај минатата недела, задоволен сум што ја потврдив добрата форма“, рече Федерер.

Ова е трета турнирска победа за него во 2010 година. Претходно ги понесе трофеите од Австралија опен и Синсинати.

Москва. Белоруската тенисерка Викторија Азаренка и Србинот Виктор Троицки се победници на ВТА и АТП-турнирот „Куп на Кремљ“ во Москва. Во женското финале Азаренка славеше над Марија Кириленко со 6:3, 6:4. За неа ова е втор турнирски триумф сезонава со кој си обезбеди место на завршниот тениски настан на најдобрите во Доха.

Во машкото финале, пак, Троицки го совлада четвртиот носител Маркос Багдатис со 3:6, 6:4, 6:3 за прв АТП-трофеј во кариерата на српскиот тенисер.

Луксембург. Италијанката Роберта Винчи е победничка на 220.000 долари вредниот турнир во Луксембург. Во мечот за титулата таа беше подобра од Германката Јулија Гергес со 6:3, 6:4 и така стигна до третата турнирска победа во кариерата.


#
Статијата е прочитана 238 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Спорт
Со Естонците без Ангелов
Марјан Митков со норма за велемајстор
Бенитез
Поп Ацев останува шести севкупно
Седум гласа веќе купени за мундијалите 2018 и 2022 година
Трка до последниот круг за титулата во Формула 1
Во Пелистер сите го чекаат претседателот
Прекин мечот Влазними - Беласица во Струга
Грд потег на Стојковиќ - плукна на својот бивш клуб






No-confidence vote in Kosovo government leads to snap elections
Serbian president on historic visit to Croatia
Bulgaria least competitive country in the EU