Број 3415  вторник, 26 октомври 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон
Вести








Site Meter
Спорт

Со Естонците без Ангелов

Даскаловски замена за повредениот голман на Металург на стартот од квалификациите за ЕП

Роберт Димитриевски

Петре Ангелов нема да го чува голот на македонската ракометна репрезентација на стартот од квалификациите за Европското првенство 2012 утре од 17,15 ч. против Естонија во СРЦ „Кале“, а најверојатно ни на 31 октомври против Босна и Херцеговина во Сараево. Голманот на Металург доби поштеда од новиот селектор Звонко Шундовски и не настапи на „Трофеј Карпати“ во Романија, а повредата на ногата е од таква природа што тој нема да може да го почне ни новиот квалификациски циклус. Неговото место ќе го заземе повремениот репрезентативец Златко Даскаловски од Вардар про, кој беше во Орадеа и кој ќе им биде конкуренција на Борко Ристовски и на Никола Митревски.

Шундовски, кој го наследи Љубомир Савевски по неговата оставка непосредно пред заминувањето за Романија минатиот вторник, конечниот список од 16 ракометари за дуелот со Естонија ќе го соопшти денеска. Како што вети новиот кормилар на националниот тим, костурот ќе го сочинуваат играчите што на Македонија и' го донесоа 11. место на Светското првенство минатата година во Хрватска и во него е придодаден Ванчо Димовски, кој не беше на списокот на Савевски. Од ракометарите што беа испробани во Орадеа извесно е дека ќе отпаднат Ојлески, Стојчевски, Шалевски, Манасков, Ѓоргоноски, Кузманоски... За дебитантот Ристо Арнаудовски од Босна, Шундовски смета дека е нов и оти допрва треба да се наметне.

Ристовски, Алушовски, Миркуловски и Наумче Мојсоски, кои не учествуваа во освојувањето на третото место на „Трофеј Карпати“, сигурно ќе бидат во составот за мини-циклусот од две квалификациски средби. Вчера на државната селекција и' се приклучија и интернационалците на чело со капитенот Кирил Лазаров.

Шундовски очекува победа над Естонците, кои се „непознат противник што никогаш не сме го победиле на гости“. Победа во сите три натпревара дома, плус бод или два од гостински терен, е формулата за успех во квалификациите на тренерот на Пелистер, кој се врати во репрезентацијата како главен во Стручниот штаб откако му беше помошник на Иле Темелковски лани во Хрватска.

Прв фаворит во нашата група е Унгарија, а на ЕП во Србија ќе има место за освојувачите на првите две места.


#
Статијата е прочитана 361 пати.

Испрати коментар

Од: Petar
Датум: 26.10.2010 14:12:14
Кој ќе објасни како натпреварот сега се игра во Скопје, кога до пред седум дена домаќин беше Кавадарци???
Од: rakometar
Датум: 26.10.2010 16:03:46
podot vo salata vo Kavadarci ne odgovara spored kriteriumite na EHF, bidejki treba da ima samo obelezani liniii za rakomet, zatoa se igra vo skopje

Најди! во Утрински
Спорт
Марјан Митков со норма за велемајстор
Бенитез
Поп Ацев останува шести севкупно
Седум гласа веќе купени за мундијалите 2018 и 2022 година
Трка до последниот круг за титулата во Формула 1
Во Пелистер сите го чекаат претседателот
Федерер во Стокхолм го стигна Сампрас
Прекин мечот Влазними - Беласица во Струга
Грд потег на Стојковиќ - плукна на својот бивш клуб






No-confidence vote in Kosovo government leads to snap elections
Serbian president on historic visit to Croatia
Bulgaria least competitive country in the EU