Број 3653  четврток, 11 август 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Онлајн вести








Site Meter
Политика

Сарчиевото гравче во нов поход за Гинис в година

Иван Бојаџиски

Штип – Наспроти многубројните најави и големите очекувања не се случи нов македонски обид за уривање на Гинисовиот рекорд во количина сварено гравче во еден казан. Иако на верскиот празник Света Петка, во дворот на истоимениот манастир во штипското село Сарчиево, се собра многуилјаден народ и во големиот казан се вареше гравче што потоа бесплатно им се делеше на посетителите, сепак, немаше уривање на рекордот.

„Ние бевме подготвени да си го вратиме рекордот во наши раце, но тоа едноставно не беше можно, бидејќи не го дозволуваат правилата на Гинис. Имено, минатата година влеговме во книгата на рекорди по количината сварено гравче во еден казан, но потребно е да помине најмалку уште една година за одново да можеме да поставуваме рекорди. Јас не се откажувам од намерата рекордот пак да и' припадне на Македонија, па повторно ќе се обидеме идната година“, вели Стојан Давчев, ктитор на манастирскиот комплекс во Сарчиево.

Минатата година на овој верски празник во Сарчиево беа сварени 1.250 килограми грав во казан од челик висок 1,5 м и широк два метра. Во казанот вриеја 2.600 литри вода, 400 килограми најквалитетен грав, 200 килограми сланина, 70 литри масло за јадење, девет килограми сол, осум килограми црвен пипер и уште многу други зачини. Тарика Вара, судијка на Гинис од Лондон, го прогласи сарчиевото гравче за рекордно во светот и тоа влезе во книгата на Гинис. Но, два месеца подоцн�� американски студенти го урнаа рекордот на Сарчиево.

„И претходниот рекорд го држеа истите студенти од САД, ние им го одзедовме, но потоа тие го урнаа нашиот рекорд. За идната година ќе се подготвуваме сериозно преку надградба на казанот за да може да собере многу поголема количина македонски грав. Тука мора да останеме шампиони, бидејќи гравчето е македонско национално јадење“, вели Давчев.


#
Статијата е прочитана 454 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Политика
Битолската канализација ќе поскапи за 48 отсто?
Разладувањето добро им дојде и на болните и на здравите
Гостивар се задуши во сообраќаен хаос
Една деценија од Љуботенски Бачила
Кавадарчани жедни, бавчите под вода
Скапаа 150 тони бостан на нива
Од срце и притисок се' повеќе страдаат и деца
...И уште нешто

"""