Број 3653  четврток, 11 август 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Онлајн вести








Site Meter
Политика

Една деценија од Љуботенски Бачила

По десет години од загинувањето на осумтемина воени резервисти кај месноста Љуботенски Бачила вчера венци и свежи цвеќиња беа положени на спомен обележјата во селото Љубанци, Волково и касарната Илинден.

На оддавањето почит покрај роднините на настраданите присуствуваа и делегации од кабинетот на претседателот на државава, делегација на Владата предводена од министерот за здравство Никола Тодоров, потоа заменик министерот за одбрана Емил Димитриев, Генералштабот на АРМ, делегација на ВМРО-ДПМНЕ предводена од Антонио Милошоски.

Претставникот на здружението на воените резервисти Наско Петрески, упати апел до власта за остварување на правата на семејствата на загинатите во конфликтот од 2001 година.

„И по десет години тапкаме во место, а бранителите не можат да ги остварат своите права, меѓутоа треба да се седне и да се разговара. Нормално е дека сме револтирани од тоа што досега ништо не е реализирано, но нема да заврши така. Ние преку нашето здружение и преку здружението 'Карпалак' ќе бидеме упорни и ќе бараме да се остварат правата за бранителите и нивните семејства“, изјави Петрески.

На 10 август 2001 година воено товарно возило на Армијата на Македонија на патот кај месноста Љуботенски бачила нагази на две противтенковски мини. Животот го загубија Томе Бадаровски, Гоце Чанкуловски, Бранко Јанев, Томислав Настевски, Марјанчо Бошковски, И��ица Златевски, Томе Димовски и Раде Јанковски, сите припадници на резервниот состав на АРМ од гарнизонот Скопје. (Св.У.)


#
Статијата е прочитана 724 пати.

Испрати коментар

Од: Itar Pejo
Датум: 11.08.2011 00:08:58
Ce ima li nekakva ceremonija vo cest na akcijata vodena od makedonskiot heroj Johan den-dva podocna?
Од: зачуден
Датум: 11.08.2011 00:37:59
еееееее, твебаше гвујо да се појави и пвед споменикот да го „објаснеше“ автентичното толкување, таму да кажеше, ама.........., изгледа ќе го забовави патот за љубанци, тетово, пвилеп, квушево, ќе двеме на илинденска ко во куќен пвитвов
Од: bitolaman
Датум: 11.08.2011 10:41:52
A kade e sega ona pratenicketo so konskoto repce koj 9 godini drzese besedi pred spomenikot i ja obvinuvase opozicijata za velepredavstvo,da se pojavi pred istiot spomenik i da im objasni na selanite zosto zaginaa nivnite soselani? Ili mozebi i ovoj pat imase itni neodlozni sredbi so gragjani,isto kako sto imase koga trebase da glasa za avtenticnoto tolkuvanje na zakonot za amnestija? E Vlatche pe.....,dobredojde vo drustvoto na predavnici.

Најди! во Утрински
Политика
Битолската канализација ќе поскапи за 48 отсто?
Разладувањето добро им дојде и на болните и на здравите
Гостивар се задуши во сообраќаен хаос
Сарчиевото гравче во нов поход за Гинис в година
Кавадарчани жедни, бавчите под вода
Скапаа 150 тони бостан на нива
Од срце и притисок се' повеќе страдаат и деца
...И уште нешто

"""