Број 3653  четврток, 11 август 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Онлајн вести








Site Meter
Политика

Од срце и притисок се' повеќе страдаат и деца

Како и возрасните, така и децата и младите се' почесто се разболуваат од болести на срцето и крвен притисок. Болестите на циркулаторниот систем кај децата и младите на возраст од пет до 24 години бележат пораст од 14 отсто. Но, и натаму ова возрасна популација најчесто страда од бронхитис и пневмонии на дишните патишта. Ова го покажуваат податоците на Институтот за јавно здравје за 2009 година кога биле регистрирани вкупно 646.245 заболени, што е за околу шест отсто повеќе болни деца во споредба со 2008 година. Од нив, 170 деца починале, а од нив 130 биле на возраст од 15 до 24 години. Повеќе умираат машките деца или 125 од починатите се од машки пол.

Иако бројот на болни деца расте, во земјава недостигаат детски лекари. Според анализата на Институтот, еден лекар се грижи за 4.037 деца на возраст од 7 до 19 години, што е надвор од стандардот за здравствена заштита на оваа популација, а кој не се открива колкав е. Во сегментот за грижа за децата работат 90 лекари и 149 здравствени работници со виша и со средна стручна подготовка. Според Институтот, не задоволува и соодносот на лекарите и на здравствените работници со виша и средна стручна подготовка кој изнесува 1:1,7.

И натаму на првото место на листата на болести од кои најчесто страдаат децата и младите се респираторните заболувања. Од нив се разболуваат речиси половина од вкупно болните децата. На второ место се болестите на кожата, а на третото се болести на дигестивниот систем.

В�� пораст се и болестите на нервниот систем за 14,2 отсто, потоа на респираторниот систем за 12 отсто, на душевните растројства за 11,3 отсто, болестите на генитоуринарниот систем за 8,4 отсто, повредите и труењата за 5,5 отсто.

Тоа што циркулаторните болести земаат се' повеќе замав и кај детската

популација, лекарите го објаснуваат со зголемување на тежината како последица на јадењето брза храна и се' повеќе седење пред телевизор и компјутер. Затоа, подигнувањето на свеста на младите за здравите навики и здравиот живот треба да биде главниот лек во борбата против овие заболувања. Стручњаците препорачуваат подигнување на свеста преку програми за здравствена едукација со укажување на значењето за сопственото здравје и со намалување на ризичното живеење. (Ј.Ј.)


#
Статијата е прочитана 700 пати.

Испрати коментар

Од: Silvester, Sidnej
Датум: 11.08.2011 08:17:07
Kako nema da stradaat od visok krven pritisok i kardiovaskularni zaboluvanja koga ishranata e prepolna so masti, sol i drugi otrovi. Vo sekoj, apsolutno vo sekoja kujna doma ili vo restoran se nudi samo pohovano i przeni kompiri vo pregoren zejtin, cesto pati nedoprzeni. Pici mrsni pomrseni so zejtin odozgora ili vo nadobar slucaj ribi przeni pak vo pregoren zejtin,i zacineti so mnogu vegeta. Kaskavali so somnitelen kvalitet, salami i kolbasi prepolni si konzervansi ja trujat nacijata. I nikoj ni so prst da mrdne, ili barem na celo da si go stavi.
Од: Vesna
Датум: 11.08.2011 11:01:01
Како може оваа реченица да биде објавена и никому да не му стане нелогична??„....Институтот за јавно здравје за 2009 година кога биле регистрирани вкупно 646.245 заболени....„ Бројаката кажува дека секој трет жител во државата е заболен? И новинарите и институциите, треба подобро да ги погледнат бројките кога соопштуваат нешто.

Најди! во Утрински
Политика
Битолската канализација ќе поскапи за 48 отсто?
Разладувањето добро им дојде и на болните и на здравите
Гостивар се задуши во сообраќаен хаос
Една деценија од Љуботенски Бачила
Сарчиевото гравче во нов поход за Гинис в година
Кавадарчани жедни, бавчите под вода
Скапаа 150 тони бостан на нива
...И уште нешто

"""