Број 3653  четврток, 11 август 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Онлајн вести








Site Meter
Политика

Разладувањето добро им дојде и на болните и на здравите

Вчера претпладне имало само дваесетина повици за лекарска помош, за разлика од претходниот ден кога температурата се искачи и до 38 степени и кога имало и до 80 повици

Падот на температурите за повеќе од десетина степени ги освежи и здравите, но и хронично болните лица. Лекарите велат дека разладувањето добро им дошло на сите, без разлика дали се болни и здрави, затоа што полесно се дише, а и циркулацијата во организмот се стабилизира. Во врска со најавите дека наглиот пад на температурата за само 24 часа тешко ќе го поднесат посебно пациентите со хронични заболувања, лекарите велат дека тоа било само предупредување за овие лица да внимаваат на својата редовна терапија со лекови.

Тоа дека заладувањето е добредојдено покажува и дневната фреквенција на телефонски повици во Службата за итна медицинска помош во Скопје. Вчера, за половина од денот имало само двесетина повици за разлика од претходниот ден кога температурата беше и до 38 степени и имало и до 80 повици на граѓани.

„Нема да се достигне дневната фреквенција од околу 80 повици. Разладувањето во летниот период секогаш е добредојдено и тоа не е толку опасно колку што е во есенските и во пролетните денови. Во текот на денот службата нема регистрирано ниту еден мозочен удар или срцев инфаркт. Ова укажува дека и хронично болните се' повеќе ги почитуваат советите и редовно ги земаат лекарствата“, објаснува д-р Маја Попоска, управителка на Службата за итна медицинска помош. Кај хронично болните, посебно оние со циркулаторни проблеми, како и астматичарите, се јавуваат симптоми на тешко дишење или задушување, како и стегање во градите, но тоа е пред да настапи разладувањето, укажуваат лекарите. Според д-р Попоска, полошо за организмот е кога доаѓа до нагло покачување на температурата. „Тогаш се забрзува циркулацијата и се губат течности. Доколку не се надополнува изгубената течност, може да дојде до посериозни тешкотии, па дури и до мозочен или до срцев удар“, укажува д-р Попоска.

Наредните денови се очекува покачување на температурите, но тие нема да бидат толку високи како оние пред два дена, што ќе значи, според лекарите, стабилизирање и поволно влијание врз здравјето, и на здравите и на болните лица. (Ј.Ј.)


#
Статијата е прочитана 443 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Политика
Битолската канализација ќе поскапи за 48 отсто?
Гостивар се задуши во сообраќаен хаос
Една деценија од Љуботенски Бачила
Сарчиевото гравче во нов поход за Гинис в година
Кавадарчани жедни, бавчите под вода
Скапаа 150 тони бостан на нива
Од срце и притисок се' повеќе страдаат и деца
...И уште нешто

"""