Број 3653  четврток, 11 август 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Онлајн вести








Site Meter
Политика

Гостивар се задуши во сообраќаен хаос

Киро Кипроски

Гостивар - Гостиварските улици се претесни да ги примат сите возила што ги има во зголемен број во овие летни денови поради печалбарите што решиле да го минат својот одмор во родниот крај. Гостивар се задушува во сообраќаен хаос што го создаваат самите возачи, кои ги оставаат возилата каде што ќе им текне, и покрај забраната за паркирање, создавајќи на тој начин застој во сообраќајот. Нервозните возачи ги вклучуваат сирените, а отежнато е и движењето на тротоарите каде што пешаците едвај поминуваат, бидејќи просторот за нивно движење е заземен од паркирани возила.

Сообраќајниот хаос го зголеми и отворањето на најпрометната раскрсница во Гостивар, меѓу улицата „Илинденска“ и булеварот „Гоце Делчев“, кај „Сити центар“, бидејќи не се поставени семафори ниту, пак, има сообраќаец да го регулира сообраќајот. Раскрсницата беше затворена пред една година. Сега гостиварци се задоволни што не ќе мораат да кружат за да стасаат до центарот на градот, односно побрзо и поедноставно без да кружат, можат да го продолжат возењето кон Тетово. Најзадоволни се бизнисмените, бидејќи со затворањето на улицата, прометот во трговските, угостителските и занаетчиските локали беше преполовен.

Локалната власт пролетоска достави барање до СВР - Тетово на раскрсницата да се изгради кружен тек. Но, барањето беше одбиено со образложение дека кружниот тек ќе го „задуши сообраќајот“.

Инаку, идејата за затворање на главната гостиварска сообраќајна артерија, која со децении го поврзуваше Гостивар со Дебар и со Кичево од едната страна, и со Тетово и Скопје од другата, беше на локалната самоуправа. Затворањето беше извршено спротивно на ГУП и на ДУП. Од Секторот за урбанизам, комунални работи, сообраќај и заштита на животната средина на Општина Гостивар изјавија дека со новото сообраќајно решение ќе се подобрат условите за нормално одвивање на сообраќајот. Но, прогнозите не се остварија. Се покажа дека има застој во одвивањето на сообраќајот, а граѓаните остро реагираа, па доставија и петиција. Локалната власт попушти и го врати првобитното сообраќајно решение, кое опстојуваше со децении.

Наскоро, како што ни рекоа во Службата за информирање, на раскрсницата ќе бидат вратени семафорите. Но, дотогаш таа ќе биде тесно сообраќајно грло, бидејќи нема семафори, нема сообраќајни знаци, нема полицаец да го регулира сообраќајот. А, на возачите им останува да се договараат и сами да си даваат предност на минување.


#
Статијата е прочитана 478 пати.

Испрати коментар

Од: Tina
Датум: 11.08.2011 09:14:32
Gostivar a i Kuimbijan vo Avstralija se isti. Ne sakat da gi prosirat ulicite, oti na edna i druga strana ima stari anticki zgradi, i mostovi, tuka mislam okolu 60 godini stari. Ha,ha,ha,ha, eh, zivot e tesan i besan. Ha, ha,ha.

Најди! во Утрински
Политика
Битолската канализација ќе поскапи за 48 отсто?
Разладувањето добро им дојде и на болните и на здравите
Една деценија од Љуботенски Бачила
Сарчиевото гравче во нов поход за Гинис в година
Кавадарчани жедни, бавчите под вода
Скапаа 150 тони бостан на нива
Од срце и притисок се' повеќе страдаат и деца
...И уште нешто

"""