Број 3653  четврток, 11 август 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Онлајн вести








Site Meter
Политика

Кавадарчани жедни, бавчите под вода

Дневните и ноќните рестрикции на водата за пиење и натаму се во сила во Кавадарци. Од локалната самоуправа велат дека граѓаните ја користат водата од водоводниот систем „Лукар“ за наводнување на дворовите и на бавчите наместо за пиење. Првиот човек на Кавадарци, Александар Панов, уште еднаш го потврди своето ветување за трајно решавање на проблемот со водоснабдувањето. Апелира до сите граѓани рационално да ја користат водата за пиење, особено во овој меѓупериод додека да почнеле инвестициските вложувања.

„Како градоначалник наследив општина со големи проблеми во водоснабдувањето поради што има редовни рестрикции. Затоа ветив решавање на проблемот. Не сум од оние политичари што ветуваат, а не исполнуваат. Јас се' уште стојам на тоа дека во мојот мандат, а тоа ќе биде најверојатно следната година, проблемот со водоснабдувањето ќе го решам, а ако не го решам, нема да се кандидирам за следен мандат“, дециден е Панов.

Тој вели дека во овој период кога има големи горештини енормно е зголемена потрошувачката на вода, пред се', поради нерационално користење на санитарната вода. Според него, за санитарни потреби не е мора да се троши толку многу вода, односно, потребно е многу помалку за разлика од потрошувачката што се регистрира овие денови.

„Токму поради тоа, за да го подобриме водоснабдувањето, особено додека да почнеме со инвестициските вложувања, апелирам до граѓаните рационално да ја користат водата, која е основе�� ресурс што ќе биде еден од основните причини за недоразбирања, бидејќи пивката вода секоја година се намалува. Апелирам да имаат обѕир спрема своите деца. Не се побитни бавчите со домати, кои можат да се купат евтино на пазарот, туку поважно е редовното водносабдување и задоволување на основните санитарни потреби на граѓаните“, вели Панов. (A.Д.)


#
Статијата е прочитана 416 пати.

Испрати коментар

Од: Лекар од Неготино
Датум: 11.08.2011 11:07:58
Проблемот со водата-дневно-нокна рестрикција не е само во Кавадарци,истиот е и во Неготино. Страда нашата секојдневна домашна работа ,а за општата хигиена да не дискутираме.Ова нека го прочита и градоначалникот на Општина Неготино и нека си ги засука ракавите за да го бираме за втор мандат.

Најди! во Утрински
Политика
Битолската канализација ќе поскапи за 48 отсто?
Разладувањето добро им дојде и на болните и на здравите
Гостивар се задуши во сообраќаен хаос
Една деценија од Љуботенски Бачила
Сарчиевото гравче во нов поход за Гинис в година
Скапаа 150 тони бостан на нива
Од срце и притисок се' повеќе страдаат и деца
...И уште нешто

"""