Број 3391  сабота, 25 септември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Хороскоп
Што прават денеска
Стил








Site Meter
Политика

Владата ќе избира нов државен правобранител

Владата ја почна процедурата за избор на нов државен јавен правобранител, кој треба да раководи со институцијата што е задолжена да ги штити имотот и интересите на државата.

Деновиве е објавен и оглас во „Службен весник“, како и во неколку дневни весници, во кој од кандидатите се бара да бидат дипломирани правници со најмалку осум години работен стаж по положениот правосуден испит и да уживаат углед во вршењето на функцијата. Иако мандатот на досегашната правобранителка завршува на крајот на октомври, во согласност со предвидената процедура, изборот е почнат во законскиот рок од 60 дена пред неговиот истек.

Дали актуелната државна правобранителка Оливера Китановска ќе добие уште еден мандат и ќе биде реизбрана, зависи исклучиво од Владата. Доколку повторно добие поддршка, нејзиниот мандат ќе биде зголемен од четири години на шест, бидејќи со последната законска рамка е направена измена во таа насока.

Китановска, која најголем дел од својата професионална кариера го минала во Правобранителството, планира повторно да си ја испроба среќата за добивање уште еден мандат.

„Знам дека е неблагодарно да се зборува за себе, но мислам дека заслужувам уште еден мандат. Во мојот мандат не се случи никаква афера, се врати угледот на институцијата што беше разнишан со ’Бачило‘, а мислам дека успешно ги штитевме и интересите на државата“, уверена е Китановска. Таа вели дека е задоволна што изградиле добра тимска работа, во која се вклучени стотина вработени во 15 подрачни единици. (Г.Д.)


#
Статијата е прочитана 964 пати.

Испрати коментар

Од: Goran
Датум: 25.09.2010 13:25:53
Samo so edno "bačilo"? pa čto će i e vtor mandat!!! Poarno neka se trgne nastrana oti očigledno deka ne e za taa rabota.
Од: ,,Uspesna,, pravobranitelka
Датум: 25.09.2010 15:07:37
Pravobranitelkata e mosne ,,uspesna,, blagodarejki na sesrdnata pomos sto i ja davase ministerot za nepravda, so nalogot do sudovite ,,Da se odbivaat site tuzbi protiv RM,,. Taa stana ,,slavna,, so edna kolumna sto bese objavena pred nejziniot izbor za togasna (glavna) Javna obvinitelka!? A, bre do koga ke se forsiraat partiski vonici?
Од: јас
Датум: 25.09.2010 16:22:45
А со што тоа драга г-ѓо го заслужувате и вториот мандат??.Па глас не се чу од вас цели 4 години ..Јас и првпат слушам дека има некој на такво место...
Од: trpe original
Датум: 25.09.2010 17:54:00
Kaj sme sega?Antikorupcioneri dodeka bese MMMMD, bea odlicni, se smeni pretsedatel,ke im se namali mandat. A ovdeka, edini uspeh bese Bacilo, ke go prodolzime mandatot, ke ja reizbereme istata licnost!Odozgora, ovoj organ ja cuva drzavata.Pa Vlada ne e drzava! Ne treba li ovoj organ da go bira Sobranieto, pretstavnici na narodot, glasacite. Iako nasite narodni pratebnici ne se izbrani od narodot tuku od partiite. Pa zarem Vladata ne moze da raboti protiv interesite na drzavata-narodot? Se slucuva toa mnogu cesto.N.p.trosenje narodni pari so zloupotreba na sluzbena polozba za necelishodni licni potrebi (spomenici!

Најди! во Утрински
Политика
Новинарите против повисока членарина
Маневски го избриша Селами
Сирија не' призна под уставно име
Платите на судиите нема да се намалат
Лондон се преслушува околу визниот режим
Државата вети пари за вештачко уво за деца
Измени за поефикасна борба со корупцијата
Сојузот на борците го губи имотот



"""



Contributors to WAZ.EUobserver
Railway joint venture to make train travel in Balkans faster
Ivo Sanader – Croatia's ex-prime minister gone missing