Број 3391  сабота, 25 септември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Хороскоп
Што прават денеска
Стил








Site Meter
Политика

Државата вети пари за вештачко уво за деца

Место на две деца со оштетен слух, бидејќи само за толку Фондот за здравствено осигурување дава пари, вештачко уво ќе им се вгради на десет деца. Ова вчера го вети министерот за здравство, Бујар Османи, кој, конечно, го слушна плачот на родителите од здружението СУРДИТАС, кои веќе една недела бараат од државата да се најдат пари за нивните деца да не станат глуви.

„За овие деца мора да се најдат пари и мора да им се даде шанса да слушаат. Проблемот е во ограничените средства“, рече министерот Османи, кој не чувствува одговорност за проблемот, бидејќи, според него, „проблемот се решава“. Тој не даде рок до кога ќе се обезбедат средствата.

Со директорот на Клиника за уво, нос и грло, д-р Николче Николовски , било договорено до крајот на годинава да се направи приоритетна листа на ургентни случаи. „Листата е ревидирана по строги критериуми и избрани се десет најургентни деца на возраст од две до 12 години, иако детето треба да се оперира што е помало поради поголем успех. Шанса ќе им се даде и на повозрасните, бидејќи новите бебиња им го земаат местото на поголемите деца“, објаснува д-р Николовски, кој призна дека нема оправдување што Клиниката имала три години празнина во вградувањето ушни импланти. Засега се набавени три импланти, а се очекува да се купат уште пет апарати за да се ублажи проблемот со децата со оштетен слух, а потоа ќе се оди на сукцесивно набавка на импланти, бидејќи Фондот редовно префрла пари. (Ј.Ј.)


#
Статијата е прочитана 345 пати.

Испрати коментар


Најди! во Утрински
Политика
Владата ќе избира нов државен правобранител
Новинарите против повисока членарина
Маневски го избриша Селами
Сирија не' призна под уставно име
Платите на судиите нема да се намалат
Лондон се преслушува околу визниот режим
Измени за поефикасна борба со корупцијата
Сојузот на борците го губи имотот



"""



Contributors to WAZ.EUobserver
Railway joint venture to make train travel in Balkans faster
Ivo Sanader – Croatia's ex-prime minister gone missing