Платите на судиите нема да се намалат
Струга - Платите на судиите, и покрај антикризните мерки на Владата, нема да се намалат, изјави министерот за правда, Михајло Маневски, на вчерашната конференција во Струга во организација на Здружението на јавни обвинители. „Платите на судиите не се намалени, а со оглед на антикризните мерки не се ниту зголемени. Во Законот за судовите постои одредба дека платите на судиите не можат да бидат намалени. Но, ако има некаква иницијатива ќе треба да го видиме образложението, потоа ќе одговориме“, рече Маневски. (МИА) |