Број 3391  сабота, 25 септември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Хороскоп
Што прават денеска
Стил








Site Meter
Политика

Сирија не' призна под уставно име

Македонија и Сириската Арапска Република во Њујорк за време на 65. заседание на Генералното собрание на ОН, воспоставија дипломатски односи на амбасадорско ниво. Сирија е 129. земја, која официјално го призна уставното име на Република Македонија.

Министерот за надворешни работи, Антонио Милошоски, и неговиот сириски колега, Валид Ал-Муалем, го потпишаа заедничкото коминике, кое натаму согласно со протоколот на Обединетите нации, ќе биде дистрибуирано до сите земји-членки.

Односите меѓу двете држави, според Коминикето, ќе се развиваат согл��сно со принципите на заемно почитување, пријателство, немешање во внатрешните работи, како и признавање на територијалниот интегритет и суверенитет на двете земји. Воедно, со овој чин се отвораат пошироки можности за соработка меѓу Сирија и Македонија во сите области од заеднички интерес. За време на разговорите меѓу двајцата министри беше најавена можноста за билатерална посета на сирискиот шеф на дипломатијата на Република Македонија во текот на следната година.Иницијативата за воспоставување дипломатски врски со официјален Дамаск беше поведена во април 2007 година за време на официјалната посета на Сирија од страна на министерот Милошоски. (МИА)


#
Статијата е прочитана 954 пати.

Испрати коментар

Од: Saso Germanija
Датум: 25.09.2010 12:21:42
Paradoksalno. Vo oganot na propagandata na Atina da se menuva naseto ime, drzavi so sopstvena politika nepotcineta na Zapad, indirektno im udiraat samar na politicarite od EU(Osobeno Grcija) i na takvite na SAD. Makedonci, nie ke ja spasime Makedonijaq ako ne popustime vo nasata demokratska odbrana.
Од: realen
Датум: 25.09.2010 12:24:06
Odlicno, no dali toa ke vlijae vrz ekonomskata situacija vo zemjata i vrz umovite na liderite vo vrska so NATO/EU prioritetot.
Од: ФЕЛИКС
Датум: 25.09.2010 18:07:58
Дали ова е 128 држава што не призна под уставно име.Највероватно Феличита ќе ме поправи,но овие испадна поголеми од групата околу Феличита.
Од: Komentator
Датум: 26.09.2010 09:23:17
Dali nekoj znae...sto znacat onie zeleni petokraki na Sirisko zname...nekako se isti kako na Bit Pazarski damii. koi gi okupiraa vahabisti .inaku sekoja dobra volja so radost ja prifakame...!!!
Од: Hari
Датум: 26.09.2010 09:57:58
Site zemji koi ne priznaa pod ustavno ime, go smenia svojot stav i sega site do edna baraat dogovor so Grcija za naseto ime. Znaci priznavanjeto e minato a realnosta e da smenime ime. Zosto e toa taka e sosema jasno, od koga dojdoa na vlast deca od ulica na koi najvazno im e samo da kradat i da go lazat sopstveniot narod, a i tolkav im e kapacitetot. Ilinka Mitreva belezese samo uspesi vo Brisel i Vasington a nasiov pator ne go esapat ni pod razno:)))
Од: Игор
Датум: 26.09.2010 13:07:44
Додека не бевме подготвени за влаз но НАТО и ЕУ тактиката беше што повеќе земји да не признаат под уставното име со надеж дека тоа нешто ќе смени. Работите се сменија. И 200 земји да не признаат под уставното име тоа нема никаква врска со влезот во ЕУ и НАТО. Благодарение на "успешната" надворешна политика на Владата сега тоа не ни го вика само Грција туку сите. Значи треба да се одлучи дали сакаме во ЕУ и НАТО или не. Влез без промена на името нема. Алтернативата е да не влеземе. Како се снаоѓаме без нив гледаме и сами. Најголема невработеност и најниски плати во Европа. А за коментарите дека не чинело во ЕУ. Не гледам некој да ја напуштил ЕУ. Тоа е барем лесно. Кој сака може да излезе веднаш. Или можеби луди се сите што сакаа да влезат во, а само ние сме паметни?
Од: USAMKD
Датум: 26.09.2010 18:25:30
Ne prizna za bilateralna upotreba megu dvete drzavi, taka treba da stoi celosnata informacija.. nemojte da falsifikuvate i da si gi pravite istite stalinisticki finti i kodoslaci.. tie vremeinja trba da vi e jasno deka zavrsija

Најди! во Утрински
Политика
Владата ќе избира нов државен правобранител
Новинарите против повисока членарина
Маневски го избриша Селами
Платите на судиите нема да се намалат
Лондон се преслушува околу визниот режим
Државата вети пари за вештачко уво за деца
Измени за поефикасна борба со корупцијата
Сојузот на борците го губи имотот



"""



Contributors to WAZ.EUobserver
Railway joint venture to make train travel in Balkans faster
Ivo Sanader – Croatia's ex-prime minister gone missing