Број 3623  среда, 06 јули 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Онлајн вести

Насловна








Site Meter
Економија

Прекинат гасоводот „Северен поток“ кон Европа

Вишиот административен суд на Лунебург, Долна Саксонија, Германија, ја прекина изградбата на некои делови од германскиот гасовод НЕЛ, кој треба да го спои рускиот „Северен поток“ со европскиот гасоводен систем.

Судот донесе пресуда во корист на 18 жители на градот Винзен-на-Луе, кои покренаа процес против минување на гасоводот низ нивниот град. Гасоводот НЕЛ според проектот требало да се постави ��а 30 до 50 метри од куќите, додека многумина експерти се залагале во радиус од 350 метри од гасоводот да не се наоѓа ниту еден градежен објект. Маршутата ја планирала локална институција за земјиште, која сега заедно со конзорциумот на компанијата за изградба на гасоводот ќе мораат да изнајдат алтернативни варијанти. НЕЛ е еден од гасоводите кој ќе го спои рускиот подводен гасовод „Северен поток“ со европскиот гасоводен систем. Капацитетот на НЕЛ би требало да изнесува 20 милијарди метри кубни годишно. Преку гасоводот НЕЛ рускиот гас нема да го користат само германските потрошувачи, туку и во Данска, Холандија и Белгија. „Северниот поток“, кој директно од Русија до Германија минува по дното на Балтичкото Море, долг е 1.224 километри. Се очекува овој проект да ја намали цената на рускиот гас за ЕУ, имајќи предвид дека ги заобиколува земјите-посреднички. (МИА)


#
Статијата е прочитана 687 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Економија
Расте размената со странство, ама расте и дефицитот
Кристин Лагард ја презеде функцијата директор на ММФ
Таксени марки ќе се плаќаат и преку мобилен
Авионот на „МАТ ервејз“ паркиран на аеродром
„Геопром“ доби сертификат за квалитет
Половина Французи нема да одат на одмор
Банкротираат и туристички агенции
Грчките компании се селат во Бугарија
Eдна од најтешките кризи во историјата

"""