Број 3623  среда, 06 јули 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Онлајн вести

Насловна








Site Meter
Економија

Расте размената со странство, ама расте и дефицитот

Она што најмногу загрижува е галопирачкиот раст на увозот на храна

Александрија Стевковска

Македонската економија во првите пет месеци од годинава продолжила да го трупа трговскиот дефицит. Тој од јануари до мај годинава достигнал 1,116 милијарди долари, што е многу повеќе од истиот период минат��та година кога дефицитот изнесувал 846 милиони евра. Големиот дефицит во трговијата според упатените е логична последица на растот на обемот на стоковната размена, која е 43,6 отсто повисока во споредба со лани. Работењето на „Џонсон контролс“ и „Џонсон Мети“ успеа да го крене извозот, но паралелно со тоа и увозот на суровини, потребни за нивното производство. Аналогно на тоа, вкупната вредност на извозот на стоки од Македонија во периодот јануари - мај 2011 година изнесувал 1,726 милијарди долари, а на увозот 2, 842 милијарди долари. Покриеноста на увозот со извоз била 60,7 отсто.

Според експертите, иако обемот на размена расте, загрижува неговата структурата. „Структурата на размената е многу лоша, барем за Македонија. Продолжува трендот на извоз на евтини, а увоз на скапи производи. Она што најмногу загрижува е галопирачкиот раст на ставката, увоз на храна, иако ние имаме услови за супституирање на дел од тој увоз со домашно производство. Оваа состојба е одржлива засега, бидејќи девизните резерви се стабилни, но на долг рок, ситуацијата е неодржлива. Ако нешто не се промени во трговската структура, тоа може да влијае на стабилноста на денарот, бидејќи покрај лошиот увоз и извоз, тука е влијанието и на надворешните задолжувања со кои се полнат буџетските дупки, наместо да се инвестира во продуктивни проекти“, сметаат експертите, според кои под итно мора да се промени структурата на трговската размена со странство.

„Структурата на извозот покажува дека тапкаме во место и оти економијата не пркнува, поточно дека кај нас и нема некоја стопанска активност. Таа активност може да се поттикне доколку увозот го искористиме за зголемување на извозот, преку додавање повисока вредност на производите. Кај нас, очигледно, не се случува тоа, поради што со години се соочуваме со висок трговски дефицит“, велат експертите. Според нив, клучна улога во подобрувањето на извозната структура на македонската економија треба да одигра државата.

Трговската размена по производи покажува дека во извозот најголемо е учеството на катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, фероникелот, производите од железо и челик (валани производи), облеката и преработките од нафта. Во увозот најмногу се застапени платината и легурите на платина, необработени или во прав, суровата нафта, моторните возила за превоз на лица и електричната енергија.

Во периодот јануари-мај 2011 година, најголемо учество во извозот на стоки имаат земјите-членки на ЕУ 27 и земјите од Западен Балкан, а во увозот на стоки најголемо учество имаат земјите-членки на ЕУ 27 и земјите во развој. Според вкупниот обем на надворешно-трговската размена, земјава најмногу тргувала со Германија, Русија, Велика Британија, Србија и Бугарија.


#
Статијата е прочитана 1253 пати.

Испрати коментар

Од: Чудо
Датум: 06.07.2011 07:34:33
Чудо едно како знаете да ја расипете секоја добра вест за Македонија.
Од: македонец
Датум: 06.07.2011 09:48:55
Веќе 20 години истата приказна ја слушам... не извезуваме ние скапи работи затоа што нашите бизнисмени се типични незналици... тоа е причината...повеќето од нив да имаа барем грам инвентивност во овие 20 години ќе направеа нешто...и што треба било која влада да прави со нив? Да им става со инка во глава памет?!?!?!?! И после никој не го читал утрински...

Најди! во Утрински
Економија
Кристин Лагард ја презеде функцијата директор на ММФ
Таксени марки ќе се плаќаат и преку мобилен
Авионот на „МАТ ервејз“ паркиран на аеродром
„Геопром“ доби сертификат за квалитет
Половина Французи нема да одат на одмор
Прекинат гасоводот „Северен поток“ кон Европа
Банкротираат и туристички агенции
Грчките компании се селат во Бугарија
Eдна од најтешките кризи во историјата

"""