Банкротираат и туристички агенции
Туристичката агенција „Вијавера“ од чешкиот град Либерец банкротираше и не успеа да им овозможи враќање дома на околу 200 Чеси, од кои најголем дел се наоѓаат во Грција и во Турција. Агенцијата, која е четврти чешки туроператор, кој годинава финансиски крахираше, вети во соопштение дека ќе им ги надомести на клиентите трошоците што ќе ги направат за безбедно враќање во земјата. „Според нашите процени, оштетени се околу 300 чешки туристи, од кои некои имаат закупено аранжмани, а некои, околу 200, се наоѓаат во странство“, изјави Томио Окамура, портпарол на Асоцијацијата на чешките туристички агенции и канцеларии. (МИА) |