Грчките компании се селат во Бугарија
Поради кризата во Грција, голем број грчки компании ги преселуваат своите бизниси во Бугарија, а во изминатите две години бројот на новоформирани претпријатија со грчки капитал е значително зголемен.
Според податоците на Грчко-бугарската трговско-индустриската комора, во Бугарија се регистрирани околу 800 компании со грчки капитал во кои има вкупно 82.000 вработени. Грчкиот бизнис-совет засега ги чува во тајност своите бизнис-планови, но уверува дека постојната иницијатива во Бугарија ќе се задржи, пишуваат бугарските медиуми. Освен за грчките, Бугарија е привлечна и за романските инвеститори, а како главни причини се наведуваат најниската даночна стапка во ЕУ, поевтината работна сила во споредба со другите земји-членки, макроекономската стабилност, добрите транспортни услуги и евтините недвижности и наемнини. (МИА) |