Број 3623  среда, 06 јули 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Онлајн вести

Насловна








Site Meter
Економија

Eдна од најтешките кризи во историјата

„Должничката криза во еврозоната е најопасна во историјата на Европската унија“, изјави полскиот министер за финансии, Јацек Ростовски. „Мислам дека на сите им е јасно дека живееме во интересно и опасно време, веројатно во едно од најопасните времиња за ЕУ од 1958 година досега. Доколку оваа криза излезе од контрола, ќе имаме не само криза во еврозоната, туку можеби и криза која ќе ја засегне целата светска економија“, и��такна Ростовски во Стразбур. Ростовски ја цитираше позната мисла на Лев Толстој дека сите среќни семејства си прилегаат едни на други, а сите несреќни семејства се несреќни на свој начин, со цел да го оправда своето сфаќање дека е неопходна „дискретност“ во креирањето на економската политика во време на криза. „Секој лош момент е различен“, додаде тој. Според Ростовски, чија земја е актуелен претседавач со ЕУ, од суштинско значење е да бидат одобрени реформите на економското управување за да бидат спречени идни вакви кризи во еврозоната. (МИА)


#
Статијата е прочитана 1199 пати.

Испрати коментар

Од: Ете им ја Грција, нека ги растури
Датум: 06.07.2011 07:36:33
Уште малку па ќе побараат кредит од Македонија.
Од: Трпе
Датум: 06.07.2011 07:43:05
Ние не сме во семејството на ЕУ и не треба да не интересира за кризата.Нас треба да не интересира дали ВО РМ има или нема криза.Ако има криза треба да штедиме,сигурно нема криза па затоа се расфрлат ненаменски државните пари а се задолжуваме од луксуз.Ние сме си многу мудар и штедлив народ,затоа убаво и среќно си преживуваме.

Најди! во Утрински
Економија
Расте размената со странство, ама расте и дефицитот
Кристин Лагард ја презеде функцијата директор на ММФ
Таксени марки ќе се плаќаат и преку мобилен
Авионот на „МАТ ервејз“ паркиран на аеродром
„Геопром“ доби сертификат за квалитет
Половина Французи нема да одат на одмор
Прекинат гасоводот „Северен поток“ кон Европа
Банкротираат и туристички агенции
Грчките компании се селат во Бугарија

"""