|
|
|
|
|
|
Половина Французи нема да одат на одмор
Речиси половина Французи, односно 45 отсто, ова лето нема да одат на одмор, бидејќи немаат пари, покажаа резултатите од испитување на јавното мислење што ги објавија радиото Франс инфо и весникот „20 минути“. Како што јави дописникот на МИА од Париз, од оние 45 отсто што нема да заминат на летен одмор, 45 проценти велат дека тоа нема да го направат, бидејќи не можат да платат, додека 40 отсто велат дека не одат на одмор поради штедење.
Испитувањето вели дека во 2010 година 48 отсто од Французите заминале некаде на летен одмор. Исто толкав процент на одмор ќе одат и годинава, но голем дел од оние што биле лани на одмор годинава нема да го направат тоа.
Дури 60 проценти од испитаниците ќе заминат на одмор во истиот период како и лани, а 20 отсто се откажале да го минат одморот во Тунис или во Египет. (МИА) |
#
|
Статијата е прочитана 720 пати.
|
|
|
|
|
|
Од: pektorio |
Датум: 06.07.2011 00:56:44 |
|
Ako tie ne odat, togash nie ke odime be braca.Makedoncite za na odmor od sekogash imaat samo dobra volja. |
|
|
|
|
|
|
Од: Трпе |
Датум: 06.07.2011 10:50:15 |
|
За жалење се французите,половина од нив нема да оделе на одмор.А ние нели си немаме криза иако пропагандистите сеуште не се изјасниле дали во РМ има или нема криза,околу 20% гарант ке одат на одмор.Иако од тие барем половината кои одат на одмор од дома си носат јајца,пиперки и патлиџани.Во некои коментари читам дека кај нас биле полни и кафичите.Само незнам дали од наши грагани или од туристи,како позната туристичка дестинација а сега уште повеке за да ги видат глупостите на мистер мр Рејтинг.Дел од овие кои седат во кафичите се овие клати врата земај плата поради боречкиот стаж за изборите.А нормално е и 10% да си го пружат овој луксуз поради заслуги од реформите.А дел седат во кафичите и се залажуват со 1 пиво или едно кафе,одвоено од устата на родителите само нивните чеда да не паднат во депресија поради убавините и условите за вработување. |
|
|
|
|
|
|
|
|