Број 3623  среда, 06 јули 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Онлајн вести

Насловна








Site Meter
Економија

Авионот на „МАТ ервејз“ паркиран на аеродром

Компанијата ја прекинала работата пред еден месец , не превезува патници и не продава билети

Сања Наумовска



Авиокомпанијата „МАТ ервејз“ веќе еден месец не лета, и тоа во екот на туристичката сезона. Авионот „Боинг“ стои празен, паркиран на аеродромот „Александар Велики“, а во Агенцијата не се прод��ваат ниту билети за летовите што досега ги одржуваше „МАТ ервејз“. Прекинот на работата го потврдуваат и во компанијата, но негираат дека се работи за приземјување од страна на надлежните институции. Неофицијално, се работи за интерна одлука со која сакале да го преиспитаат своето место на пазарот и подобро да се подготват за конкуренцијата. Периодот од еден месец бил искористен за да се направат модификации на авионот и за да се подобри неговиот изглед, велат во МАТ. Оттаму додаваат дека прекинот на работа ќе трае веројатно до крајот на неделата, по што повторно ќе продолжат со редовна продажба на авиобилети и одржување на линиите. Во компанијата велат дека повеќето од летовите што досега ги одржувале биле чартери, а не редовни линии, поради што немаат потреба во континуитет да продаваат билети.

Од Агенцијата за цивилно воздухопловство и од Македонска навигација информираат дека авионот на компанијата не е приземјен од безбедносни или од финансиски причини. Оперативната дозвола за работа на „МАТ ервејз“ важи до 15 јуни идната година до кога може непречено да лета кон седумте дестинации што ги одржуваше досега: Виена, Цирих, Амстердам, Берлин, Копенхаген, Хамбург и Дизелдорф. Во АЦВ велат дека досега не примиле поплаки од граѓани дека купиле карти од „МАТ ервејз“ за летови што не биле реализирани поради што и немале причина да реагираат на прекинот на работата на компанијата. И од Македонска навигација потврдуваат дека досега нема заостанување во плаќањето на навигациските услуги од страна на „МАТ ервејз“, што би можело да биде причина за приземјување на компанијата. „МАТ ервејз“ во македонскиот регистар на авиокомпании е заведена во 2010 година во времето кога се распаѓаше националниот авиопревозник МАТ. Компанијата е во сопственост на белградското туристичко претпријатие „Кон-тики“, „Метрополитен инвестмент груп“ од Белград и друштвото за финансиски дејности „Гомекс фајненсинг“ од Скопје. И покрај тоа што дел од вработените во МАТ преминаа во „МАТ ервејз“, од компанијата негираа било каква поврзаност со згаснатата компанија.


#
Статијата е прочитана 1227 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Економија
Расте размената со странство, ама расте и дефицитот
Кристин Лагард ја презеде функцијата директор на ММФ
Таксени марки ќе се плаќаат и преку мобилен
„Геопром“ доби сертификат за квалитет
Половина Французи нема да одат на одмор
Прекинат гасоводот „Северен поток“ кон Европа
Банкротираат и туристички агенции
Грчките компании се селат во Бугарија
Eдна од најтешките кризи во историјата

"""