Број 3302  среда, 09 јуни 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter

Мислења

„Закупот“ на слободните зони - како пораз

Ден Дончев

Ова е доказ дека Владата го изгубила компасот на полето на директните странски инвестиции – па, признава пораз

Владата на Република Македонија бара странски инвеститор кој ќе биде одговорен за привлекување странски инвестиции во нашата држава! Вака приближно може да се сумира најавениот потег од Владата дека ќе се распише меѓународен тендер преку кој ќе се бара мултинационална компанија која има искуство во развој на слободни економски зони. Ова, почитувани читатели, е дефинитивниот доказ дека Владата го изгубила компасот на полето на директните странски инвестиции. Истовремено, дури и самата идеја за евентуалното назначување ваква меѓународна компанија, без обѕир дали успешно ќе се реализира или не, значи дека оваа Влада признава пораз.

Иако не беа објавени многу детали околу точните услови на најавениот тендер, министерот за економија, Фатмир Бесими, кажа дека слободните економски зони ќе биле дадени под „закуп“ на концесионер кој има искуство да ги развие тие зони и да привлече странски инвестиции. Ако под терминот „закуп“ оваа Влада очекува дека некоја странска компанија ќе плаќа одредена сума пари на Владата како услов за концесијата, тогаш слободно можам да кажам дека живеат во илузија. Не еден, десет тендери нека распишат, нека потрошат милионски суми реклами на меѓународните медиуми во потрагата по таков концесионер, пак нема да најдат ниту една компанија која ќе биде подготвена да плаќа „закуп“. Многу е поверојатно дека Владата ќе треба да определи одредена сума гарантиран годишен надомест кој би му се плаќал на концесионерот за да ги менаџира слободните економски зони и да ги покрие трошоците на концесионерот за потрагата по посакуваните странски инвестиции. Дополнително на оваа, концесионерот, најверојатно, ќе бара процент од секоја директна странска инвестиција која би успеал да ја донесе. Е, под вакви услови ќе се појават еден куп заинтересирани странски компании за менаџирање на слободните економски зони, тендерот на Владата ќе биде успешен и конечно ќе можат да се пофалат дека привлекле инвеститори!

Слободите економски зони како економска појава се присутни подолго време на глобалната сцена. Денес ги има во голем број земји во светот, претежно во посиромашните. Некои земји, како Кина, постигнаа голем успех преку имплементацијата на ваквата политика. Можеби најуспешниот пример на слободна економска зона во светот е градот Шензен во Кина, кој го доби статусот на слободна економска зона уште пред триесет години. Ако тогаш овој град беше село (во рамките на кинеската популација) од околу 25 илјади жители, денес популацијата на Шензен е над 12 милиони луѓе. Во овој триесетгодишен период се проценува дека странски компании имаат инвестирано над 30 милијарди евра во слободната економска зона во Шензен за изградба на производни капацитети и фабрики. Меѓутоа, предноста на овој гра�� е дека е многу близок до богатиот Хонг Конг и, уште во самиот почеток, политиката на Кина била насочена токму кон привлекување директни странски инвестиции од Хонг Конг, од каде што се префрлија голем број производствени капацитети, користејќи ја евтината работна рака, специјалните економски бенефиции, како и стратегиското позиционирање на Шензен во рамките на Кина.

На глобално ниво, емпириските студии за економските ефекти од слободните економски зони врз одредени земји се предмет на широка дебата. Прашањето дали вакви слободни економски зони се корисни за економскиот развој на една земја - е контроверзна тема за која не е постигнат широк консензус. Ова, се разбира, е предмет на длабока економска анализа, но во суштина може да се каже дека слободните економски зони може да имаат три главни бенефиции за економијата на една земја: вработување, трансфер на знаење (изградба на човечки капитал) и трансфер на технологија. Процената на севкупните економски бенефиции за една земја, имајќи ги предвид бенефициите кои државата реално ги дава на странските инвеститори во слободните економски зони, зависи од степенот до кој се случува трансфер на знаење и трансфер на технологија. На пример, изградба на фабрика за монтажа на кукли за реизвоз може да биде позитивна за граѓаните кои би се вработиле во неа. Но, ако економија на државата е увозно зависна, како што е Република Македонија, тогаш голем дел од примањата на нововработените во оваа фабрика за кукли, сепак, ќе заврши во увоз на добра и услуги кои граѓаните на државата ги консумираат за секојдневниот живот. Дополнително, работните задачи за монтирање на различните делови на една кукла не бараат никаква посебна вештина. Нема никаков трансфер на знаење преку кое се изградува долгорочниот човечки капитал на земјата. Значи, ваквата инвестиција е корисна за креирање одреден број нови работни места, а за земја која има структурална зависност од увоз, долгорочните економски ефекти, исто така, се минимални.

Изградба на производствени капацитети во слободни економски зони преку кои има трансфер на знаење и стекнување нови вештини, реално, го зголемуваат човечкиот капитал на државата. Ваквите инвестиции имаат и краткорочни и долгорочни економски бенефити за државата. Конечно, изградба на производствени капацитети во слободни економски зони од странски инвеститори, кои потоа соработуваат со други домашни компании и набавуваат од домашни производители одредени компоненти потребни за нивното производство, се посебно корисни за домашната економија. Вклучувањето на домашните компании во таканаречениот синџир на вредноста при производство на кои било производи, генерално, им овозможува на домашните производители надградба до најсовремената технологија во одреден технолошки процес на производство. Ова директно придонесува кон зголемување на продуктивноста и конкурентноста на соодветната домашна компанија. Конечно, тоа што емпириските студии за слободните економски зони го докажуваат без дилема е дека еден од најзначајните фактори при одлучувањето на меѓународните компании во кои слободни економски зони ќе инвестираат е локацијата на слободната економска зона.

Лично сметам дека оваа најава на Владата ќе заврши како и најавата од 8 милијарди евра инвестиции од март 2009 година. Но, ако Владата веќе одлучила да распишува тендер за привлекување странска компанија која ќе ги развива слободните економски зони, кога ќе сфати дека нема да најде ниедна сериозна компанија без да понуди соодветен годишен надомест, добро би било барем да постави одредени критериуми за мерење на успехот, како и за максимирање на шансите за привлекување странски инвестиции во нашите слободни зони. Затоа, мандатот на оваа компанија треба да биде стриктно ограничен на привлекување инвеститори од одреден број земји во Европа. Доста беше со фрлање лопати за отворање фабрики од типот монтажа на телевизори од компании од Кореја, Кина или Тајван. Такви инвестиции ниту имало ниту ќе ги има во нашата држава. Локацијата на Република Македонија е таа што е. Реално, треба да целиме кон инвеститори од неколку земји во ЕУ, како и Грција.

Во меѓувреме, се надевам дека Владата ќе ги затвори или значително ќе им го скрати буџетот на некои од државните институции, како што се Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони, разните промотори низ светот и на домашните агенции одговорни за привлекување странски инвестиции. Барем да не се дуплираат трошоците. Оти, највидливи резултат од напо��ите на оваа Влада да привлече странски инвестиции се огромните буџетски средства потрошени за таа цел!

(Авторот е економски аналитичар)


#
Статијата е прочитана 1629 пати.

Испрати коментар

Од: Mitre od dolnodupeni
Датум: 09.06.2010 06:49:47
Gospodinot Doncev e potpolno vo pravo i predlaga smaluvanje na ona sto ne e potrebno.Jas bi zboruval za odgovornosta, bidejki na poveke pati bese ukazuvano deka nekopi nesposobni kadri gi arcat narodnite pari bez nikakov otcet a i so nula rezultati.Sega koga toa go prizna i vladata ke ima li odgovornost za stetite koi se naneseni na Makedonija i na narodot.Dali so patriotizmot ke se pokrie ekonomskoto urnisuvanje na drzavata.
Од: Љупчо
Датум: 09.06.2010 07:33:17
Точно, закупот на слободните зони е пораз. Исто како што и пишувањето колумни е пораз.
Од: Afion
Датум: 09.06.2010 08:13:08
Do dekemvri minatata godina nikoj ne mozese da prognozira recesija. Ako ne odi so direktni starnski investicii treba da se bara izlez. Ako izlezet e so koncesioneri, zosto da ne? Podobro nim da im se dade poznata provizija otkolu nepoznati provizii za Tajvan, Okta, Telekom... A, nesto i vo Avstralija ne im odi so danokt od 40% za iskopani rudni bogatstva sto avtorot ni go preporaca so primerot za skopskata cementarnica?
Од: Filip
Датум: 09.06.2010 10:18:18
Ako ne sme sposobni da privleceme stranski direktni investicii (osobeno green field), logicki e da se fokusirame na poddrska na domasniot biznis sektor. Makedonskiot biznis zasluzuva mnogu pogolema poddrska od ovaa koja sto ja dobiva sega. Dokolku se normalizira biznis klimata vo nasata drzava i domasnite kompanii pocnata da generiraat pogolemi prihodi, taa informacija ke "protece" nadvor i togas ke imame pogolemi sansi za privlekuvanje na FDI.
Од: Srgan Stankovic
Датум: 09.06.2010 10:31:09
Kolku e radosen sto ne i odi na Makedonija.
Од: samoil
Датум: 09.06.2010 11:58:04
ODGOVORNOST! Sega vladata i Viktor Mizo treba da plakaat od svoj djep za tie ekonomski promotori gi troshat narodnite pari po belosvetski gradovi za shetanje i luksuziranje sum gi videl licno. Vladata gi ima site prava i kazni kon gragjanite a nema nikakva obvrska kon istite se dodeka e taka od Makedonija nema nishto Vo EU sekoj politicar i Gradonacalnik ima otcet i sovest pred svoite glasaci a tuka narodot da si gi plaka smetkite a vlasta smetkite gi krie i ne kazuva kaj gi troshi
Од: zk
Датум: 09.06.2010 12:01:21
mister afion, vo voa makedoniicevo, se nekako stana "de da probame, pa ke vidime so ke go bide"??? aloo, a koj ke go plati toj rucok???
Од: majka
Датум: 09.06.2010 12:08:26
NAJGOLEMATA greska na ovie zoni e nivnata mestopolozba! Na najubava oranica! Treba tamu vo kamenjarot na istocna Makedonija, za da se razvie. Ovde, od razviena i plodna pocva napravivme pustinja! Koj li se' kreirase vakva glupost!? I uste pamet ni soli!

Најди! во Утрински
Насловна
Прошетка на повлечената енциклопедија
Граѓаните во дилема
Братислав Ташковски го доби Рациновото признание
Тиквешански
Јадам само еднаш дневно - од 14 до 18 часот!
Се исполни желбата на Тоше - осветлен манастирот „Св. Преображение“
Свадби без младоженци - параван за трговија со деца
Досетливи Грци
Љупчо Георгиевски во нов политички залет
МАНУ се огради од академик Ристовски
ВМРО-ДПМНЕ ќе слави на улица
Македонија ја нема во заклучоците за самитот
Карикатура
Канското време на ветераните
Отворени кон сите, но, главно, кон Исток
Кумановец се изживувал врз момче од Тетово