Број 3302  среда, 09 јуни 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter

Љупчо Георгиевски во нов политички залет

Поранешниот премиер чека предвремени избори наесен

Александра М. Митевска



Нема да се експонира на јавна сцена, ама нема да ги преспие битните политички случувања. По еден контроверзен медиумски настап кога зборуваше за бугарофилството во вмровските редови, поранешниот премиер Љупчо Георгиевски во позадина - во седиштето на ВМРО-НП ги чека следните парламентарни избори. Проценува дека тие би можеле да се одржат наесен, и покрај тврдењата на премиерот Никола Груевски дека оваа година нема да биде изборна.

Во екот на превирањата во ОМ - партијата во која премина дел од членството на ВМРО-НП, Георгиевски одржа прес-конференција на економска тема. Сепак, тој не се воздржа од коментари на политичките прашања што му ги поставуваа новинарите, притоа зборувајќи и за идните позиционирања на партијата на која и' е почесен претседател.

Георгиевски ја заскокотка медиумската љубопитност со самото тоа што по повеќе години пауза, се појави на партиска прес-конференција. Притоа тој најави ново „отсуство“ на подолг рок, но посочи дека ќе им сугерира на сите што имаат некои симпатии кон него на изборите да го дадат гласот за Народна.

Поранешниот премиер, кој во 2008 година не учествуваше на предвремените парламентарни избори, рече дека се' уште е рано да се зборува дали ќе биде носител на листа на следните избори. Сепак, ВМРО-НП веќе се подготвува за изборна кампања, типувајќи на октомври или ноември како можни изборни термини. Тие рокови ги поврзуваат со ноемврискиот самит на НАТО, како нова шанса за излегување од ќор-сокакот со евроатлантските перспективи на државата и проблемот со името. „Тој процес мора да добие некоја логична завршница. Мислам дека и ДУИ го чека тој термин, бидејќи исклучиво од оваа партија зависи дали ќе има вонредни избори. Нивно распишување не може да иницира ниту улицата ниту опозицијата - клучот е кај ДУИ“, вели Георгиевски, кој не е убеден дека на владејачката ВМРО-ДПМНЕ моментно и' одговара да си ја тестира довербата меѓу гласачите.

Во политичките кругови веќе подолго време се говори за можноста помалите партии на десницата да се обединат контра ВМРО-ДПМНЕ откако таква идеја по една средба со Георгиевски пласираше доскорешниот потпретседател на ОМ, Филип Петровски. Меѓутоа, Георгиевски смета дека во политиката веќе е надмината традиционалната поделба на десница и левица и вели дека е речиси извесно оти ВМРО-НП и ОМ ќе настапуваат посебно на наредните парламентарни избори.

ВМРО-НП ќе излезе на следните парламентарни избори со амбиција да се профилира како субјект од кој ќе зависи формирањето на новата влада. Потоа процените за влегување во некоја коалиција ќе се правеле врз основа на тоа кој политички субјект би можел да обезбеди просперитет за државата и нејзин пробив на меѓународен план.

Првиот и долгогодишен претседател на ВМРО-ДПМНЕ, кој во 2004 година ја напушти партијата, нема да присуствува на големиот народен митинг по повод 20-годишнината од формирањето на партијата што е моментно на власт. Тој смета дека актуелното раководство на ВМРО-ДПМНЕ претерало со прославувањето, бидејќи во неговите редови немало личности што би можеле да говорат за основањето и за почетоците на партијата. „Мислев дека фалсификувањето на историјата е работа на комунистите, но ова раководство на ВМРО-ДПМНЕ ги надмина. Сите сме сведоци за настаните пред 20 години и не знам од каде таа потреба да се избрише нешто што тогаш се случувало“, заклучува Георгиевски.


#
Статијата е прочитана 5918 пати.

Испрати коментар

Од: Тоше
Датум: 09.06.2010 00:21:27
А што сега? Му снемале пари на Љупчо?
Од: Kultiviran Balkanec
Датум: 09.06.2010 00:22:20
I pokraj site greshki, Goeorgievski zasluzhuva respekt, so samiot fakt, shto ja imashe hrabrosta da gi priznae nashite bugarski koreni, i pokraj toa shto znaeshe deka toa kje go chini negovata politichka kariera. Posle sto godishna antibugarska propaganda vo MK, sekoj politichar shto kje se osmeli da ja kazhe vistinata ne mozhe povekje da smeta na visok politichki rejting.
Од: Stefanche
Датум: 09.06.2010 00:36:37
Jas neznam kako mozete na ovoj covek ako voopsto e covek da bide vo MKD? Izolirajtego ednostavno
Од: akiC
Датум: 09.06.2010 01:38:44
ало кој е овој човек...ве молам не трошете страни за него
Од: pameten
Датум: 09.06.2010 03:11:13
"не знам од каде таа потреба да се избрише нешто што тогаш се случувало“. Ovo e majgolemiot problem na drzhavava. Nesakanjeto da se prifati istorijata takva kakva shto bila. "Bugarofilstvoto" na Ljubcho ne e sakanje na Bugarija - tugja drzhava so denes poseben narod. To e sfakjane na faktot deka povekje od 1000 godini nashite i nivnite se narekuvale Bugari vo relacija so drugite etnikumi na Balkanot - Grci, Turci, Srbi... i nemale potreba da se razlikuvat megjusebe. Shto bilo pred 7ot vek, koj bil staroselec, koj bil dojden od Azija ili od Karpatite nikoj ne pamtel, nitu ovo imalo vrska so podelbata megju deneshnite Makedonski i Bugarski narodi. Kolku pobrgu se soochime so istorijata, polesno kje go zachuvame nashiot deneshen MAKEDONSKI identitet. Inako kje se podelime.
Од: borce
Датум: 09.06.2010 03:33:36
Covekot napravi dosta za makedonija no seto toa za kratko vreme go unichti so napuchtaneto na partijata.Sega e kasno nechto da smeni i podobro da si e gleda Bugarija kade chto se krijat site so specaleni pari na ne cesen nacin.Izbori moze da ima no chto sreca koga samo partiskite boi se menuvaat vo vlasta za narodot nema nichto dobro od niedna partija.
Од: Edi
Датум: 09.06.2010 04:59:09
Bugarskiot graganin ke se kandidira povtorno.. ova e naslovot sto trebase da go objavite i od koga ovoj bugarski graganin zasluzuva medisko vnimanie, a bas go bevme zaboravile... ah branko ti si kriv, ovoj saka da te imitira...
Од: perte od nerezi
Датум: 09.06.2010 05:05:58
Zarem ima uste makedonci koi go podrzuvaat ovaj bugarin koj saka podelba na Makedonija i vsusnost Makedonija da e nema i se uste mu dozvoluvate da rovari niz Makedonija,nemozam da zamislam koj po nego bi trgnal,zarem ne vi e jasno.
Од: Mitre od dolnodupeni
Датум: 09.06.2010 06:03:58
Љубчо Георгиевски веќе е искусен политичар и проценил дека деновите на груевизмот се изброени и затоа се враќа со голема помпа на политичката сцена.Нормално може да влезе во наредната влада доколку се приклучи во постизборната коалиција - бидејќи апсолутен победник очигледно нема да има.Единствено е се поизвесно заминување од власта на оваа влада и тоа секако до крајот на годината.Колку ќе биде моќна опозицијата ќе зависи пред се од заедништвото и ударот по власта - кое денес е неизвесно.
Од: Petre-1
Датум: 09.06.2010 06:08:43
Како е можно една ваква личност, после сите злодела што ги направи на оваа земја и кражбите од невидени размери повторно да се појавува во јавноста. За такви луѓе народот вели дека имаат “образ од ѓон“.
Од: Afion
Датум: 09.06.2010 07:35:46
Premnogu prostor za bivs makedonec. Ili, bugarin koj glumese makedonstina?
Од: Во душата Мак
Датум: 09.06.2010 07:44:33
Буди се Исток и Запад, демек, Исток Бугарија, и запад од Бугарија Македонија. Ништо од тоа. Во Македонија има само еден пајтон луге бугараши, тесно поврзани со “Ратковци“ од кои 98% се неписмени, во основа Македонци со туѓо национално чувство. Македонецот нив ги окарактеризирал како изроди.
Од: Zloupotreba na imeto
Датум: 09.06.2010 07:52:18
Vo samata emisija na Eftov jasno se kazuva od strana na eden od osnovacite( M. Jakovlevski) deka prvobitnata zamisla na Bogdanoski bila partijata da nosi imae Demokratska Partija za Makedonsko Edinstvo( DPMNE) Otposle na predlog na Zmejkovski napravena e zloupotreba na imeto VMRO i istoto e dodadeno na partijata, so cel kaj narodot da stvori edna lazna zamisla za identifikacija so VMRO-to od 19 i pocetokot na20 vek i se soberat povece glasovi. Ovaa partija nema nikakva vrska ni kontinuitet so VMRO i seto toa se prikazni za deca. Treba da se zabrani zloupotreba na imeto VMRO vo vakvi politicki manipulacii.
Од: гувернанта
Датум: 09.06.2010 08:10:29
“КРАЛОТ Е МРТОВ,ДА ЖИВЕЕ КРАЛОТ“......Македонија Монархија !
Од: Goran
Датум: 09.06.2010 08:26:35
Ovoj bre nemal ni lice ni obraz-gjon!!! Parlamentarcite da donesat pod hitno zakon da koj ima dvojno državjanstvo ne može da bide na listite za izbori bez razlika dali se makedonci,albanci i drugite.Ama toa treba da go glasaat site partii i veri i nacionalnosti.A ovoj gospodin on neka ne se nadeva deka že dobie nekoj mandat na slednite izbori dali redovni ili vonredni ne e bitno,pročitan e kolku vredi i što ima vo glavata.Nego može da go pišat akademicite od MANU samo vo enciklopedijata kako ex-premier koj ne znaeše kako se vlade ami kako se krade so negovite pajtaši.
Од: Dedo Jonche - Avstralija
Датум: 09.06.2010 08:32:09
Za chovekot odavna znaeme deka od pra-pra-pra- pra "BABA" (?!) si e "chist-smrden Bugarin" i mislam deka za nego nema mesto vo Makedonija. Pushtetego slobodno da si zamine vo "starite predeli" na Bugarija
Од: mihajlo
Датум: 09.06.2010 08:43:19
Za zal i ponataka postojat ambicii,odrodenite "makedonci" da prodolzat da ni ja krojat sudbinata.Ovoj covek,koj do pred izvesni vreme kaj golem broj na "makedonski patrioti" bese alfa i omega na makedonstinata,po se izgleda deka i den denes ima simpatizeri Makedonci,nezavisno sto samiot otvoreno se deklarira kato Blgarin.Ako e toa taka,a po se izgleda deka vo toa ima golema vistina,togas problemot nee vo Blgarinot,tuku toj treba da se bara vo "okoreliot Makedonec". Ostanuva uste kon nego otvoreno da se prikluci i Brane i se ce bide jasno,pojasno duri i od 1913.Lubco otvoreno kaza koj vo vrvot na VMRO-DPMNE e Bugarin(duri i na sud nekoi dobija),Gruevski ne prevzema nisto.Ona sto moze nemu od glava da mu se udri e edna rabota.Pogolem problem e sto ako na nas nedovetnite ni se udri od glava.Ima li vo Makedonija,Makedonci?.Ima ako po nekoj slucaj uspeeme da gi vratime od stranstvo,sto e mnogu neizvodlivo.Zatoa Gruevski razmisli na sledniot poteg,poleka no sigurno Ti ja pletat mrezata od ko
Од: ytu
Датум: 09.06.2010 09:01:07
Abe luge ovoj bugarasot ne e lupco toj e Lubco i daj ne go navreduvajte .
Од: Ванчо
Датум: 09.06.2010 09:15:48
Делењето на граѓаните на Македонија на „предавници“ и „патриоти“ е изум на Георгиевски и претставува одвратна работа. Но, ако некому треба да му се залепи епитетот „предавник“ -- тогаш тоа е сигурно Љубчо Тута Георгиевски.
Од: ole
Датум: 09.06.2010 09:18:06
Pocituvaniot gospodin Georgievski se cudi zasto ne go pokanile na proslavite na V M R O - D P M N E Nisto cudno .Da ve prasam zasto ne otidovte da zapalite edna sveka na grobot na Dragan Bogdanovski.
Од: Tome Stojanovski,dipl.el.ing.62god.tel.20 41 586
Датум: 09.06.2010 09:35:12
Mesijata se vrati!!O,narode zbiraj se na ulica so radost da go precekame.Sto mu stana ta so vakvo nesto da ne pocesti!? Parickite mu posvrsija,ili pak od dosada neznae sto da pravi! Jok more,vide toj drugite ne gi biduva,pa resi narodot da si go spasi! Koj narod!? Makedoncite!!Ne be,takov narod ne postoi! Negoviot narod toj ke si go spasuva! Gospode Boze ,kolkavi li akmaci sme!!??
Од: marjan.pp
Датум: 09.06.2010 10:24:03
grujo,mu dolzis eden spomenik na plostadot,,2014'' na ljubco pred zgradata na telekom ili okta
Од: ne e bitno
Датум: 09.06.2010 10:24:16
Renomirn vesnik na normalna drzava ne bi objavuval statii za tugi drzavjani sto sakaat da se mesaat t.e. komentiraat za najvisokite institucii na edna drzava-vlasta. Sami procenete utrinski kako nanesuvate steta. Vie ne ste vesnik rekla-kazala, zatoa ne e ubavo da pisuvate z vkvi licnosti. Edino sakam da slusnam za ovoj covek koga ke odgovara pred sudot na pravdata.
Од: Arhi Brigadir
Датум: 09.06.2010 10:45:23
Ljubcho, bratot Ljube, Branko i titovite levi sili se idninata za Severna mekedonija osvesti se narode ne spi ti =))))
Од: patriot
Датум: 09.06.2010 10:47:11
definitivno ne go zasluzuvate ovoj covek-neblagodarni!! zarem zaboravivte koj se izbori i koj dokazuvase za makdeonskata drzava, jazik, zname, himna, moneta vojska dodeka drugite izigruvaa podlizurkovci.... a sega se pravat t.n. "patrioti"
Од: ФЕЛИКС
Датум: 09.06.2010 11:08:47
Не вреди да се искоментира персона која како експремиер има двојно државјанство а второто му е помило од првото,преседан во светски размери.Инаку за искултивираниот Балканец е општо познато,негов апологет.Но дупенчанецот Митре е конфузен,прво дали е негов подржувач, или од пуста омраза кон власта сонува сојуз токму со вакви персони во урива��ето на власта.Да нее комично би било трагично,но тулку им е запремината.
Од: vmrovec-ljubcovist
Датум: 09.06.2010 11:26:33
ovie sto go vregaat ljubco mi izgledaat yugosloveni ,a sega se vo dpmne izgleda xaxaxa.kolku i da go mrazite on e edinstven pred site politicari.i ke dojde vreme dali za kratko ili dolgo pak ke bide vojvodata premier.samiot narod ke go bara toa.ovie sega sto go plukaat ke se sramat.on ja sozdade nezavisna mkd i vo negovo vreme so dve vojni nasha i kosovska najubavo se ziveese,toa e fakt...
Од: Струмица 1918
Датум: 09.06.2010 11:37:23
Браво Љубчо,ако не си ти нема кој да го просветли овој народ.Запнале по тој Александар,кој е чист грк,а ги заборавија сите наши вистински предци.Во Австралија се глупираат,па прават ора од фалангата,тука на секоја владина телевизија има само српски серии и емисии,а се говори за некојси идентитет.За имињата и да не говорам(Горан,Зоран,Милена,Сања и др) се српско до српско.И после за кој идентитет говорат?Само напред брате не си сам!!!
Од: dejan
Датум: 09.06.2010 12:06:18
Samo Ljupco ke gi pobedi portokalovive komunisti dpmne ne se borel na izbori so vmrovci ajde da si gi proverime silite mojata podrska za site vistinski vmrovci na celo so vojvodata
Од: Risto Gushterov
Датум: 09.06.2010 12:20:01
-Namesto ovoj anti-makedonec da odgovara za site dubiozi koj sto gi napravi na steta na drzavnite interesi,dodeka go imase mandatot kako Premier na RM,toj ostanuva i ponatamu vo fokusot na nasite mediumi, kako od negovata usta da tece golema mudrost i neviden um. -Namesto da bide frlen vo zaborav i da bide ignoriran od mediumite i od posirokata javnost,neznam od koj pricini mu se dava prostor za da ja zatrovuva javnosta so svoite misli na diletant od najgolem format. -Covekot nitu e pioliticar i biznismen od visok kalibar,za da mu se posvetuva voopsto nekakvo vnimanie. No toa e Makedonija i se e mozno!
Од: Kire od Sofija
Датум: 09.06.2010 12:34:55
Napred so vojvodata!
Од: Дејан
Датум: 09.06.2010 12:38:14
Секој народ си ја заслужува власта. Нашиот народ не го заслужува Љубчо Георгиевски. Воопшто не знам зошто се замара со Македонија. Ние сме безнадежен случај. Врска немаме од демократија и како се гради просперитетна држава.
Од: stojan
Датум: 09.06.2010 12:44:10
Ljubco e legenda vo Mkd,imase doblest da kaze deka imame ist koren so bugarite,e sega sme vo svoja kuca ama toa so go kaza Lubco ne me frustrira,toa bilo nekogas i toa e fakt,sega sme si posebni so uck zaedno i ubavo ni e, neli...?!
Од: makedonce
Датум: 09.06.2010 12:47:16
zosto ljubco ne rece deka e bugarin uste 1991 godina tuku sega ..i neka ne zbori vo ime na makedoncite tuku neka si zbori vo negovo ime ako e bugarin nejka si bidi i neka si odi od makedonija zasekogas
Од: gemmo
Датум: 09.06.2010 13:16:39
почит кон човекот кој сака да ги чува македонците од самоуништување,инаку просрпските сили во ДПМНЕ ке го уништи македонија од македонците.
Од: Ivan
Датум: 09.06.2010 13:50:39
Жива бурлеска сме :)))))
Од: radomir
Датум: 09.06.2010 14:03:41
bogami zdruzenija na bugari vo mak kako pecurki po kisa se plasam ljupco e dobar govornik 2-3govori i ce gi dobie izborite koga grujo moze 50% da ne napravo grci te anticki mislam mn polesno ce bide na ljupco da ne napravi bugari ionaka skoro ist narod.
Од: Ристе од Петрич
Датум: 09.06.2010 14:23:42
Георгиевски рече: - Мислев дека фалсификувањето на историјата е својствено за комунистите. Но, сегашното раководство на ВМРО-ДПМНЕ за едно ниво ги надмина. Фалсификува период што се случил пред 20 години и кој повеќето од нас го паметат. Во моментов не гледам никој во ВМРО-ДПМНЕ кој би можел да зборува за историјата на таа партија.
Од: роб
Датум: 09.06.2010 14:40:32
Господинот ЉуБчо,дали бил он Бугарин или Македонец тоа нека биде негова работа.Но да е политички пак активен,народот би требало малко да си стави прст н�� глава.Најголеми проневери,продажби на фирми,ратни профитери се се слуши за негово владение.Дали се стопија парите што ги печалил за тоа време или е нешто друго крајот ке каже , Само едно да кажам мислете му ја.
Од: Брат Питу
Датум: 09.06.2010 14:46:41
Рехабилитацијата на Љубчо е најлош можен потег. Не го правете тоа!!! Знам дека Грујо е заебан фраер, ама овој е ептен фрик. Си играте со оган
Од: pero
Датум: 09.06.2010 14:49:05
Ete Ljubco kje ne vnese vo EU, zosto so nego identitetot ne nesporen. Plus kje go resi problemot so Albancite.
Од: Magyar
Датум: 09.06.2010 18:16:19
"Tipot"e politicki mrtovec,odamna e zakopan i se naoga na bunisteto na Makedonskata istorija.So imenovaniot kvisling koj nekoj se obiduva da go povampiri,NO PASARAN.
Од: nordpolen
Датум: 09.06.2010 20:39:26
Do koga kego slusame nepismeniov?
Од: Со здравje
Датум: 09.06.2010 21:00:51
Сакам само да кажам нека Љубчо е предавник и Бугарин. Тоа дека Бугарите и Македонците некогаш биле еден народ не значи дека денес тоа е така. Нека сме различни, нека немаме заеднички корени - штом сакате. Ова не е никаков проблем.

Најди! во Утрински
Насловна
Прошетка на повлечената енциклопедија
Граѓаните во дилема
Братислав Ташковски го доби Рациновото признание
Тиквешански
Јадам само еднаш дневно - од 14 до 18 часот!
Се исполни желбата на Тоше - осветлен манастирот „Св. Преображение“
Свадби без младоженци - параван за трговија со деца
Досетливи Грци
„Закупот“ на слободните зони - како пораз
МАНУ се огради од академик Ристовски
ВМРО-ДПМНЕ ќе слави на улица
Македонија ја нема во заклучоците за самитот
Карикатура
Канското време на ветераните
Отворени кон сите, но, главно, кон Исток
Кумановец се изживувал врз момче од Тетово