Број 3302  среда, 09 јуни 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter

МАНУ се огради од академик Ристовски

Извршниот одбор на Претседателството на МАНУ вчера се огради од неовластената промоција на акад. Блаже Ристовски на повлечената енциклопедија во Украина. Во Киев, како што велат, академик Ристовски престојувал на покана на Националната академија на науките на Украина и од Институтот за уметност, фолклор и етнологија при НАНУ.

Престојот на акад. Ристовски во Киев бил одобрен од Извршниот одбор на МАНУ, врз основа на негово барање, исклучиво со цел да присуствува на Славистичката конференција на НАНУ, да врши архивско-библиотечни истражувања во Киев и да присуствува на промоцијата на списанието „Народно творештво и етнографија“, посветено на македонскиот фолклор.

Меѓутоа, „што се однесува до презентацијата на македонската енциклопедија во Киев, академик Ристовски, како што и самиот изјавува во интервјуто за ’Вечер‘, ниту побарал ниту добил овластување од органите и телата на МАНУ за нејзина презентација“, се наведува во соопштението на Академијата.

Оттаму, „Извршниот одбор со жалење констатира дека академик Ристовски со извршената неовластена презентација на македонската енциклопедија во Киев постапил во спротивност со ставовите на Претседателството и на Собранието на МАНУ“.

Според Извршниот одбор, соопштението завчера не беше доставено до средствата за јавно информирање, бидејќи очекувале дека академик Ристовски, како што ги известил, „самиот ќе ја расчисти противречноста на своите изјави дека извршената презентација на македонската енциклопедија е направена со знаење на претседателот или на органите на МАНУ“. (П.Р.)


#
Статијата е прочитана 1744 пати.

Испрати коментар

Од: Паце
Датум: 09.06.2010 00:28:44
Дали Ристовски ги врати парите што ги зема како хонорар за ‘искривената‘ енциклопедија? Тоа се пари на граѓаните.
Од: Kultiviran Balkanec
Датум: 09.06.2010 00:31:25
MANU treba da se ogradi ne samo od Ristevski, tuku i od site ostanali akademci, koi pravea karieri vo Titova Jugoslavija. Lisecot Ristevski e majstor za manipuliranje na faktite, shto na vremeto beshe uslov za pravenje na kariera.
Од: vladimir
Датум: 09.06.2010 01:14:09
sekoja cest za akedemikot ,da imase poveke vakvi luge vo makedonija ke bese dobro
Од: Mitre od dolnodupeni
Датум: 09.06.2010 06:07:43
Енциклопедијата е дело на еден па тој ја третира како своја прчија? Или ова е уште еден гаф на Академијата.Навистина неодговорно и смешно - што и да е и како и да се случувале настаните околу Енциклопедијата. Има ли ред во Академијата и кој ја води и како?
Од: Tiho
Датум: 09.06.2010 06:31:09
Toa shto beshe Franjo Tudjman za Hrvatite, akad.Blaze Ristovski e za Makedoncite.Od nishto nema strav.Najgolem Makedonec na deneshnicava
Од: cair
Датум: 09.06.2010 07:37:12
Smesno.Detski gluposti na eden akademik
Од: llujbe
Датум: 09.06.2010 09:11:16
e blaze blaze. za makedonija se raboti, samo ako ima pari
Од: "vodolija"
Датум: 09.06.2010 10:19:48
Koga moze eden akademik da pravi ovakvi VREDNOSNO GRUBI GRESKI , sto ostanuva za obicniot gragjanin. Ovakva gruba greska ne bi napravil nitu dete so predslolska vozrast!!?? Akademikot Ristevski treba pod hitno da bide zemen na odgovornost i da mu se izrece soodvetna kazna. So ovakvi akademci li sakame vo EU !!??
Од: imer-minhen
Датум: 09.06.2010 10:35:52
do Tiho;ako Makedonskiot Potriotizam se gradi so lazi i falsifikati,togas i Bugarite i Srbite i Grcite se vo pravo so negiranjeto na Makedonskata nacija
Од: Ico Najdovski Perin
Датум: 09.06.2010 11:25:55
Ve prasuvam site protivnici na akad Blaze Ristovski e pogolem zlostorot vrz Makedonija i Makedonskiot narod od Alija Ahmeti i Ljubco Georgievski???
Од: Igor
Датум: 09.06.2010 12:40:52
Нашиот „Акедемик„ нема ни срам, ни очи. Голема брука за Македонија е тој.
Од: Mirjana
Датум: 09.06.2010 14:01:48
Nevideno, necueno. Stariov ne e so site.Stardelov pod itno da si dade ostavka a ne da kritikuva sto MANU ne bila konsultirana za mnogu prasanja.. Premierot da im gi sopre parite, dosta bese.Vakva MANU ne ni treba.
Од: sovremenik
Датум: 09.06.2010 19:55:46
Makedonskata Enciklopedija e grandiono delo. Polno e s o tocni fakti i so tocni detali za nasata tatkovina. Imam proceteno dobar del od nejzi i , vo delovite, vo koi se obraboteni moitepretci, se e dadeno so golema preciznost. Akademik Blaze Risteski i celata ekipa na Makedonckata Encikolpedija napravija istorisko delo i da e sraam na sekoj gragjanin na Makedonija i na site makedonskite pripadnici vo diaspora da ja osporuvaat makedonskata Enciklopedija, vklucuvajki go defetistickiot MANU. Vo Enciklopedijatae dovolno dadeno iza pripadnicite na nacionalni malcinski zaednic od teritorijata na Republika Makedonija. Od nadvoresnite teritorii nivnite istaknati licnosti nuzno se vo tamosnite enciklopedii, oti tamu pripagjat. Mnozina ot komentatorite se nestrucni laici, koi mislaat deka bez obrazovanieto se naucile za site postoecki nauki. na takvi da e ssram, sto se javuvaat so svoite gluposti.

Најди! во Утрински
Насловна
Прошетка на повлечената енциклопедија
Граѓаните во дилема
Братислав Ташковски го доби Рациновото признание
Тиквешански
Јадам само еднаш дневно - од 14 до 18 часот!
Се исполни желбата на Тоше - осветлен манастирот „Св. Преображение“
Свадби без младоженци - параван за трговија со деца
Досетливи Грци
„Закупот“ на слободните зони - како пораз
Љупчо Георгиевски во нов политички залет
ВМРО-ДПМНЕ ќе слави на улица
Македонија ја нема во заклучоците за самитот
Карикатура
Канското време на ветераните
Отворени кон сите, но, главно, кон Исток
Кумановец се изживувал врз момче од Тетово