Број 3302  среда, 09 јуни 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter

ВМРО-ДПМНЕ ќе слави на улица

Прославата поместена два дена порано и нема да се совпадне со Министерскиот совет на ЕУ

Оливера Војновска

Прославата на роденденот на најголемата десничарска партија во Македонија нема да се совпадне со министерскиот состанок на ЕУ на 17 и на 18 јуни во Брисел, каде што ќе се одлучува за напредокот на Македонија во евроинтеграциите. Дводецениското постоење на партијата ВМРО-ДПМНЕ ќе го одбележи на 15, наместо на 17 јуни во центарот на Скопје на улицата „Димитрија Чуповски“ (Вељко Влаховиќ).

Роденденската забава ќе се случува пред раскрсницата во близина на ресторанот „Мекдоналдс“, каде што ќе биде поставена голема бина. Славењето ќе почне во 20 часот со културно-уметничка програма, а, се разбира, на присутните ќе им се обрати премиерот и лидер на десницата, Никола Груевски.

Оваа фреквентна сообраќајница ќе биде затворена за сообраќај најмалку четири часа, и тоа на потегот од раскрсницата кај ТЦ „Палома Бјанка“ до Градската болница. Прославата најавена за вторник практично е своевидна кулминација на 50-дневното одбележување на 20-годишнината од формирањето на ВМРО-ДПМНЕ, под мотото „За татковината се работи“.

Но, зошто ВМРО-ДПМНЕ во последен момент го смени првичниот план централната манифестација да биде два дена порано? И зошто наспроти најавите (неофицијални) дека ќе има грандиозно славење на „Арената Филип Втори“ (Градски стадион), сепак, се одлучи да прославува на улица?

Во партијата велат дека причина за поместувањето на прославата е тоа што Груевски на 16 јуни ќе патува за Брисел за да присуствува на состанокот на европските народни партии, кој традиционално се одржува во исто време кога заседава и Советот на министри на ЕУ. Од ВМРО-ДПМНЕ ги отфрлаат шпекулациите дека Груевски од митингот сака да испрати пораки до странците во очи на состанокот во Брисел. „Груевски ќе зборува за се' што направила и што постигнала ВМРО-ДПМНЕ во овие 20 години“, велат високи партиски функционери и додаваат дека нема да има критики до меѓународната заедница. Според истите извори, со оглед на тоа што не се очекува вестите од Брисел да бидат поволни за Македонија, во најмала мера ќе изгледа невкусно владејачката партија да прославува.

Од партијата, исто така, тврдат дека најголемиот стадион во државата не бил посочуван како локација за одбележување на годишнината. Иако партиски активисти веќе десетина дена преку социјалната мрежа „Фејсбук“ повикуваа на масовно присуство на 17 јуни на „Арената Филип Втори“. „Сакавме прослава на отворено, но никогаш не сме кажале дека ќе славиме на стадион. На плоштадот „Македонија“ има градежни работи и е невозможно да се организира народен собир. Одлучивме да биде тоа во центарот на Скопје“, велат во ВМРО-ДПМНЕ. Оттаму негираат дека стравувале оти нема да можат да го наполнат скопскиот стадион (околу 40.000 луѓе). Според некои процени, локацијата што ја одбра ВМРО-ДПМНЕ за прославување може најмногу да собере околу 15.000 лица.

Инаку, ВМРО-ДПМНЕ никогаш досега не го поместила роденденското празнување и прв пат ќе го прави тоа на улица, наместо на плоштад или во сала. (О.В.)


#
Статијата е прочитана 2652 пати.

Испрати коментар

Од: trpe original
Датум: 09.06.2010 00:08:57
Kakva partija, takva i proslava.Zal mi e za stanarite od sosednite zgradi, nema da spijat
Од: bitolcanec
Датум: 09.06.2010 00:11:16
eeeee golem stana stadionot za firerot grujo, sega so prisilno polnenje na avtobusi edvaj eden sokak ke napolni.
Од: Vodno
Датум: 09.06.2010 00:16:24
Neka se raduvaat kriminalcite, uste malku im ostana, ne izbrukaa nepismenite moroni pred svetot so vakvi maloumni raboti. Vo svetot se sankcionira proslava na fasisticki organizacii.
Од: Сергеј
Датум: 09.06.2010 00:19:58
Ќе бидат илјадници на улица и нема да има нервозни возачи. Стечајците се триесетина па партиските платеници на ДПМНЕ ќе ги испогазеа како стока. Нека им е честит риденденот. Следниот нека го прослават во опозиција. ( http://www.otpor.net.tf )
Од: Тоше
Датум: 09.06.2010 00:26:41
Значи прослава на местото на ‘раѓање‘!
Од: ne e bitno
Датум: 09.06.2010 00:42:10
Ama ajde, partii proslavi, levi-desni, te ednite te drugite, malku kradam jas, malku ti, ni napred ni nazad, uaa ednite, uaa drugite, uaa Evropa, cel svet..rekla-kazala, bla bla bla/// jas sum graganec ti si selanec, jas anticki ti slovencki, bugarofili, srbomani, patrioti, predavnici, drn-drn jarinja sto vika onoj na ednooki. Ziti "drzavata". Isti ste site- balkanci
Од: 100 ЧЕКОРИ НАЗАД
Датум: 09.06.2010 03:38:05
Срамота, го слават својот пораз. Дали треба да се слави кога од нивните ветувања има само едно големо НИШТО? Вратите кон ЕУ и НАТО никогаш не ни биле толку затворени како сега, а причина за се се многу лоши потези во меѓународната политика на оваа влада. А стадионот секако дека не можат да го исполнат, зошто се поголем е бројот на незадоволни членови и симпатизери на оваа партија. Секој ден се изнаслусавме само лажни ветувања, а од нивната реализација остануваат само се погладни граѓани. Проценете дали е за славење изолираноста на Македонија од Европа, празниот буџет, празните џебови на граѓаните? Или предвреме ќе ги слават баснословно скапите споменици? ШТЕТА ШТО ТРИУМФАЛНАТА ПОРТА НЕ Е УШТЕ ГОТОВА, ПА ГРУЕВСКИ СО СВОЈАТА СВИТА ДА ПОМИНЕШЕ ПОД НЕА, ОНАКА, ЗА ЌЕИФ
Од: Mitre od dolnodupeni
Датум: 09.06.2010 05:32:37
Доколку делат сендвичи ќе имаат и околу илјада клошари на митингот = прослава.Како и 5000 снимени времени вработени - инаку нема решение за стално.Партиските комесари ќе ги снимаат како и порано присатните од администрација а секој мдиректор со својата тајфа.Сите привилегирани на улица инану навистина на улица.
Од: Трпе
Датум: 09.06.2010 07:47:54
Дпмне-овците засслужуват да слават на улица.Тоа е партија од улица и за улица.А нормално е и да прославуваст ,а тоа се сериозна влада а и само тие си разбират од економија.Така вели вождот.Само до сега требаше да им биде изградена и триѕумфалната капија.Се знае за кого е триумфалната капија за победници.Најсериозната влада и најспособвната влада за економија има право да слави.А обичниот граганин треба да има забава.Забавата продолжува со илузионистички способности.
Од: spire
Датум: 09.06.2010 08:00:08
Таму им е местото........
Од: Ангел
Датум: 09.06.2010 08:34:01
Очекувам Груевски да рече дека тој нема право да менува име . А Европа да престане со притисок и уцени за грчката лага за името.
Од: seuste normalen
Датум: 09.06.2010 08:35:14
Sto ke slavat, tago moja! Ni "V" nemaat od VMRO. Zbirstina na pomameni klinci bez osnovno vospituvanje! Nikakva pocit pred osnovnite vrednosti i tradicijata. Se' im e sredstvo za zadovoluvanje na nivnite niski pobudi. Se sramam koga ni dodjaat stranski delegacii; od edna strana seriozni ludje, od druga soblazneti omladinci bez obraz! E dragi Makedonci...
Од: Nato-Jato
Датум: 09.06.2010 09:28:38
A, jazinja da si doneseme ili oni kje davaat?????
Од: Оd mene
Датум: 09.06.2010 09:30:24
Во државата се ни е како што треба па уште до славење ни е дојдено,да живее ВМРО ДПМНЕ да живее НИКОЛА ГРУЕВСКИ во УНАЗАДЕНА И ОСИРОМАШЕНА МАКЕДОНИЈА.
Од: b
Датум: 09.06.2010 09:36:59
А што ке слави? Подобрените односи со Узбегистан и Казакстан?
Од: Nikola-Vlav od Germanija
Датум: 09.06.2010 09:51:34
Dobro,ovoa lici veke na najlosite diktatorski sistemi kako onoj na Sadam Husein.Hristijanskata socijalna Unija tuka vo Bavarija veke skoro 60 godini neprikosnoveno vladee,no dosega ne se sluci ednas da se zatvorat najfrekventnite ulici i raskrsnici vo Minhen poradi nejzini partiski proslavi.Simptomaticno e i sto terminot e prezakazen za porano;verovatno stravuvajki deka privrzanicite (=Huligani) na DPMNE ke izlezat od kontrola i ke predizvikuvaat neredi pred EU-pretstavnistvata,kako sto go pravat i voobicno.Znaci,sepak na kraj ispagja deka na Gruevski ne mu e isto sto mislat vo EU za nego.Kako i da e,absolventot na vecernata skola vo PP sigurno ke ja vodi MK vo svetlosna i prosperitetna idnina,pocnuvajki od 15.06.2010:-).Sto si izgotvivte vo 2006 i 2008,toa da si go srkate so zdravje,dokolku Kic-patriotizmot na Gruevski i Bugarofilskiot Babyface Milososki -bivsi portparol na "Bugarinot" Georgiveski- vi go dozvoluva toa.Ee Tito,Tito,nam ni dade Republika,a eve kako ti se zablagodarime!!
Од: "vodolija"
Датум: 09.06.2010 10:06:44
Lagite i klevetite se relevantnite elementi za obelezuvanje na IDEOLOSKIOT TERORIZAM, DPMNE,ke ja obelezi 20 godisninata od nejzinoto IDEOLOSKO TERORISTICKO POSTOENJE !!?? Neka potrosat uste nekoja para od narod, mozebi i POSLEDNA !!??
Од: Arhi Brigadir
Датум: 09.06.2010 10:39:01
grujo na ulica so shishe voda vo race branko vo vip vo metropolis arena so wisky vo race toa e razlikata, ovoj e VMRovca a drugiov e elitata neli..idninata ili proshljata kisha? pa ne na plostad na stadion ke slavi, pa ne na stadion na ulica ke slavi...nemozete krajot da mu go fatite na vmroto koja paranoja choveche, =))) ne vi e lesno znam...
Од: Cair
Датум: 09.06.2010 11:25:44
vmro-OVCITE izgleda ke slavat vo ulica oti samo negovite 5000 Honorarci ke mu dojdat za da mu dadat pocit na vojvodata -Grujo
Од: јас
Датум: 09.06.2010 11:31:04
Уличарска партија , улична прослава !!!!!
Од: Струмица 1918
Датум: 09.06.2010 11:43:32
Овие ги бива само за славење,а работа не им давај.Премиерот ќе прател порака до ЕУ?! Па ЕУ него веќе не го есапат за сериозно.Веќе никој не се сретнува со него,тој е изолирана личност.
Од: ace
Датум: 09.06.2010 12:44:00
grujo ke zboruval sto napravil poslednive 20 godini .kolku sto razbiram toj moze da zboruva sto napravil poslednive 4 godini ,a kolku sto znam <<
Од: Жално
Датум: 09.06.2010 13:03:17
Ги читам комуњарскиве коментатори. ВМРО-ДПМНЕ немала што да слави. Божем тие пак имаат што да слават. Ха-ха-ха-ха-ха...
Од: Ајван Доктор®
Датум: 09.06.2010 13:28:08
Ви ветија поголеми плати - сега ве убедуваат, дека ви биле Преголеми!Ви ветија напредок,сега, ве убедуваат-во Минато е многу поубаво!Ви ветија ЕУ и НАТО,сега ве убедуваат дека Африка и Азија,во облик на Авганистанско општествено уредување,се далеку подобра варијанта!Ви ветија странски вложувања,но сега-единствено странците биле наши непријатели!Ветуваа и се удираа во градите дека биле лавови и „големи“патриоти,ноооо... само повампирени врапчиња биле тие!Надвор-беда,јад,чемер...Стечајци,безнадежност,беспарица... лековити споменици и оние „батки“од Улица,кои одлучуваат за народот и Простачки говорат во негово име,претставувајќи се како Негов Идентитет!Јас,воопшто не се идентификувам со овие Примитивни Сподоби!А Вие??!Време е!Време е да се Каже Јасно и Гласно: Не,благодарам! Доста Е!
Од: maja
Датум: 09.06.2010 14:21:44
Хахаха...ќе слават на местото каде ќе завршат во октомври...на улица!!!

Најди! во Утрински
Насловна
Прошетка на повлечената енциклопедија
Граѓаните во дилема
Братислав Ташковски го доби Рациновото признание
Тиквешански
Јадам само еднаш дневно - од 14 до 18 часот!
Се исполни желбата на Тоше - осветлен манастирот „Св. Преображение“
Свадби без младоженци - параван за трговија со деца
Досетливи Грци
„Закупот“ на слободните зони - како пораз
Љупчо Георгиевски во нов политички залет
МАНУ се огради од академик Ристовски
Македонија ја нема во заклучоците за самитот
Карикатура
Канското време на ветераните
Отворени кон сите, но, главно, кон Исток
Кумановец се изживувал врз момче од Тетово