Број 3302  среда, 09 јуни 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter

Братислав Ташковски го доби Рациновото признание

Добитник на годинешното почесно Рациново признание е Жана Ангеловска, пензиониран професор по француски јазик

ВЕЛЕС - Братислав Ташковски за романот „Кафез од гревови“ е годинешниот добитник на Рациновото признание.

Жири-комисијата, во состав Трајче Кацаров, Маја Јакимовска-Тошиќ и Светлана Христова-Јоциќ, му ја додели наградата на Ташковски поради тоа што тој со својата пишувачка вештина ја пласира тезата за ликот на Иван Источни, посветен духовник и бунтовен револуционер.

„Преку ликот на Иван Источни, посветен духовник и бунтовен револуционер, е претставена драмата на неговата потрага по сопствената верба. Ваквите пребарувања му ја даваат на главниот лик димензијата на активист, револуционер и бунтовник со крст и оружје. Приказната преку реалните историски случувања кога македонското прашање се затвораше преку најсуров начин, на поделби, жртви и искушенија, ликот на Иван Источни ги собираше во кафезот на неговите лични чувства и сознанија“ - ја образложи доделената награда, д-р Маја Јакимовска Тошиќ.

За авторот наградата е големо признание. „Оваа награда е големо признание за мене, благодарам на жирито што се одлучи моето дело да биде годинашниот лауреат. Мојот јунак Иван Источни раскажува за најтемниот дел во поновата историја на македонскиот народ, од почетокот на 19 век до почетокот на Првата светска војна. Тоа е проколнат период недоволно истражен, време на себепронаоѓање кога сите не' делат, присвојуваат.

„Кафез од гревови“ е втора книга од трилогијата „Македонка“, последната се очекува да излезе наскоро. Добитник на годинешното почесно Рациново признание е Жана Ангеловска, пензиониран професор по француски јазик од Филолошкиот факултет во Скопје поради огромен придонес во афирмацијата на македонската литература во Франција. Годинешните 47. Рацинови средби ќе се одржат на 10 и на 11 јуни во Велес. (С.Ќ.Н.)


#
Статијата е прочитана 602 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Насловна
Прошетка на повлечената енциклопедија
Граѓаните во дилема
Тиквешански
Јадам само еднаш дневно - од 14 до 18 часот!
Се исполни желбата на Тоше - осветлен манастирот „Св. Преображение“
Свадби без младоженци - параван за трговија со деца
Досетливи Грци
„Закупот“ на слободните зони - како пораз
Љупчо Георгиевски во нов политички залет
МАНУ се огради од академик Ристовски
ВМРО-ДПМНЕ ќе слави на улица
Македонија ја нема во заклучоците за самитот
Карикатура
Канското време на ветераните
Отворени кон сите, но, главно, кон Исток
Кумановец се изживувал врз момче од Тетово