Број 3302  среда, 09 јуни 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter

Поглед

Досетливи Грци

Нина Нинеска-Фиданоска

Интересни некои Грци. Малку им беше што со години бесрамно ја мамеле Европа за своите финансиски дупки и без трошка грижа таложеле долгови до бескрај. Малку им беше што земјите од еврозоната и ММФ ги закрпија со 110 милијарди евра за да се спасат од банкрот. И, конечно, малку им беше што и после се' сите им ги простија гревовите и решија да им дадат уште една шанса. Ни тоа не беше доволно за досетливите Грци.

Тие деновиве уште еднаш ја покажаа својата максимална креативност во обидите тешкиот финансиски товар да го префрлат врз некој друг, место да го стегнат ременот и најпосле да почнат да штедат, на што веројатно не помислувале никогаш досега. А и зошто тие да се малтретираат и да се откажат од разуздано арчење од 13. и од 14. плата и од другите задоволства што досега си ги дозволувале?

Најновата грчка генијалност е одлуката на нивната влада на камионите и автобусите да им се дозволува влез во земјата само со 200 литри нафта, а над овој лимит ќе се плаќаат казни по половина евро за секој литар!!! И тоа ќе важело за транспортерите од сите земји. Поздрави за идејата, многу е мудра, нема што. И други држави досега посегнале по вакви мерки во тешки моменти. Ем странските камионџии ќе мора да купуваат од грчкото изгор скапо гориво и таму да ги оставаат своите пари, ем преку високите ДДВ и акциза ќе го полнат отворениот кратер од грчки буџет.

Тоа што транспортерите ќе книжат огромни загуби и што ќе ризикуваат во потрага по нивната сега дефицитарна нафта дури и да останат на улица натоварени со стока, речиси воопшто не ги засега грчките авторитети. Кај и да е, можеби ќе донесат одлука и да им оставаме по 100 евра на граница за да се спасат од кризата. Е, па и ако е од Грците, многу е.


#
Статијата е прочитана 3323 пати.

Испрати коментар

Од: Mite
Датум: 09.06.2010 00:09:27
napisot e promashen.. ova so naftata e stara rabota, pa Bugarija od lani go uvela.. ushte za vreme na SFRJ italianite dovagaa da polnat vo SFRJ pa nivnite carinarnici im go merea nivoto vo rezervoarite ...
Од: Itar Pejo
Датум: 09.06.2010 00:13:29
Ne gledam zosto im se zameruva ako ne dozvoluvaat sverc na gorivo!
Од: Rage
Датум: 09.06.2010 01:30:41
Kolku gi sakate, pa duri i dosetlivi... ,tocno takvi se, no najmnogu se prosjaci... Kako bese ona, koj laze, toj krade i voski ima. Na Grcive ocigledno voskite ke im ostanat naredni 25-30 godini. Nie inaku imame voski vekje 20 godini nanazad pa ne e tolku strasno!
Од: Mitre od dolnodupeni
Датум: 09.06.2010 05:52:08
Интересен напис но фаличен.Бидејќи ако ги зголемуваат трошоците за транспорт. ќе ги зголемат индиректно и цените на робата па со тоа и конмкурентноста а со тоа и можноста за пласман на грчката роба.Помалку продадено помалку приход помал буџет.А ова со транспортот, имаат и странците проблем со транспорт по начиот автопат кој тоа не е а од Скопје до Велес не личи ниту на селски пат.А наплатуваме патарина.Тоа значи дека - ова е Балкан.А на Балканот ништо не е исто со европското.Затоа е и Балкан.
Од: Васко К.
Датум: 09.06.2010 06:37:14
Ех да им беше на елиниве нашиов УСТАВЕН па да да му спишти на папандреу!
Од: ФЕЛИКС
Датум: 09.06.2010 06:44:33
Интересантна идеа за повторно пренесување ,,жедни преку вода,, на ЕУ нивни пријатели и подржувачи.Ем им го финансираш финансискиот кратер ем те тераат екстра да плаќаш за за над 200 л.гориво.Интересна би била глетката да цариник им мери со стапче во резервоарот дали имаат или не вишок гориво, или во краен случај ќе ги тераат ЕУ камионџиите со ишмукување со црево да се мери истото.Партнерски однос пар екселанс.
Од: seit
Датум: 09.06.2010 07:06:03
sto tebe te interesira sto pravi Grcija zosto ne soberes sili i da napises sto pravat VMROfcite vo nasata zemja?? zaedno so kompanjonite od Crkvata . pa neli i nie imame sto da se pofalime so gluposti kako na primer bez kontrolno trosenje narodni pari za spomenici i crkvi i manastiri voedno stvaranje meguetnicka omraza , za toa VMRO ima pari a za infrastruktura nemalo, poglednete kaj drugite komsii prvo ja obezbedija infrastrukturata i se mnogu daleku stignati ,a nie sme na dnoto , za toa pisuvaj a ne nekogo .prvo nie nasiot dvor da si go smetine pa potoa kaj komsijata. ete taka more NInce
Од: Aнгел
Датум: 09.06.2010 07:52:59
Jaсно е за Грците. Зошто молчи неспособната и недемократска Европа. Ако се ова евронорми нека идат у .. Мора да се направи под хитно некоја контра мерка.
Од: Sime - Rotterdam
Датум: 09.06.2010 14:34:59
A si pamtite li koga naplatuvaa po 3 evra na granica za disenje cist granicen vozduh? - A nasite si plakjaa i prasuvaa da ne treba uste nesto da platat... i toa na grcki jazik? Aferim za grcite, taka se cuva drzava em se polnat dzepovi.
Од: Cifik
Датум: 09.06.2010 15:25:30
Pa super sto grcite imaat hrabrost da ja zatvorat granicata za gorivo, i sega moze samo da im e maka na nekoi Makedonci, koi nema da mozat da svercuvaat nafta so nivni grcki kolegi, BRAVO za Grcite.

Најди! во Утрински
Насловна
Прошетка на повлечената енциклопедија
Граѓаните во дилема
Братислав Ташковски го доби Рациновото признание
Тиквешански
Јадам само еднаш дневно - од 14 до 18 часот!
Се исполни желбата на Тоше - осветлен манастирот „Св. Преображение“
Свадби без младоженци - параван за трговија со деца
„Закупот“ на слободните зони - како пораз
Љупчо Георгиевски во нов политички залет
МАНУ се огради од академик Ристовски
ВМРО-ДПМНЕ ќе слави на улица
Македонија ја нема во заклучоците за самитот
Карикатура
Канското време на ветераните
Отворени кон сите, но, главно, кон Исток
Кумановец се изживувал врз момче од Тетово