Број 3302  среда, 09 јуни 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter

Македонија ја нема во заклучоците за самитот

Во Брисел, но и во амбасадите во земјата внимателно ги следат случувањата на политичката сцена во Македонија

Македонија ја нема во заклучоците за самитот на ЕУ на 17 јуни, се дознава официјално од извори во Брисел. Во делот за Западен Балкан засега се дискутираат само конференцијата во Сараево, состојбата во Албанија и статусот на Србија во однос на Унијата, а последна шанса Македонија да се најде на агендата ќе биде на министерско ниво, ако воопшто се отвори како тема.

Според процени од Брисел, иако заклучокот од минатиот самит ги обврзува лидерите да се навратат на нашето прашање, сепак, реално нема што да се каже или да се заклучи за препораката на ЕК за почнување преговори за членство. Затоа, Македонија неделава не се ни дискутира на ниво на амбасадорите во ЕУ и во завршниот документ нема ниту збор за тоа.

Во Брисел, но и во амбасадите во земјата внимателно ги следат случувањата на политичката сцена во Македонија и, според еден дипломат, со загриженост ја чекаат прославата на годишнината на ВМРО-ДПМНЕ поради страв дека премиерот Никола Груевски ќе ги повтори пораките од прославата на младите сили, кои наидоа на критики и осуда. „Сите амбасади внимателно го читаа и анализираа говорот на Груевски“, тврди дипломатот, сугерирајќи очигледно дека тој е главна тема во дипломатските кругови. Ако премиерот ги повтори главните пораки од прославата што, според овој дипломат, биле вознемирувачки, тоа ќе биде лош сигнал до Унијата и до земјите-членки, бидејќи нема да има сомневање дека е зацртана политика на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, а не инцидентен настап, оценува тој. (С.Ј.)


#
Статијата е прочитана 2334 пати.

Испрати коментар

Од: Kultiviran Balkanec
Датум: 09.06.2010 00:15:32
Kolku povekje kje se odlozhuva vleguvanjeto na MK vo EU, opasnosta od raspad na MK kje bide se pogolema. Krajno vreme e za dobroto na MK da go smeneme kursot, treba da razbereme deka Jugoslavija ne postoi povekje, predstavata za nashiot identitet, koja ni ja nametnaa srbokomunistite ne odgovara vo novite uslovi. Koga pak kje vlezeme vo EU i so glavite ne samo so telata kje gi prifateme i nashite bugarski koreni, od shto kje profitirame i nie i bugarite.
Од: Паце
Датум: 09.06.2010 00:31:02
Се‘ се плашам да не не снема не само од заклучоците туку и од географската карта со оваа политика која се води 4 години.
Од: Mitre od dolnodupeni
Датум: 09.06.2010 05:58:48
Кој ќе испраќа говор на омраза кон Европа и нејзините лидери. Па на Груевски му се извлечени ушите за овие во најмала рака глупави изјави со кои направи голема штета на Македонија.Затоа сега ќе ги бира зборовите за европските предавници но ќе ги зголеми нападите кон внатрешмите непријатели и предавници како вовед во предизборието и одбрана на неодбранливото а тоа е доведување на земјата во безизлез. А кој ќе му ги решава проблемите? Опозицијата - која ја повикува да се жртвува на олтарот на државните интереси а тој и понатаму да го слушал демек народот?
Од: ФЕЛИКС
Датум: 09.06.2010 06:53:22
Значи имаме нешто ново во однесувањето на ЕУ преку отсаство на заклучоци,прво домашните одработувачи не убедуваа дека ќе имаме негативни заклучоци а сега имаме премолчување. Дали тоа е знак да целата работа ќе ја одработува САД кој е само заинтересиран за НАТО агендата,а ЕУ интеграциите не ги интересира.И така вероватно ќе се постигне компромис,ние за името соседот за идентитетот и др. само за влез во НАТО а за ЕУ друг пат.
Од: Ангел
Датум: 09.06.2010 08:30:46
Европа да си ја дисциплинира Грција. Грчката лага за името несмее да помине ако Европа има демократија. Нема право Груевски име да менува.
Од: Јован АН
Датум: 09.06.2010 09:26:39
Македонија е ставена на агендата на ЕУ по позитивниот извештај,со еден единствен услов - да се договори со јужниве околу нивното барање за промена на нашето име.Замислете колку се невоспитани - бараат да си го промениме имато,а со тоа и идентитетот!?!
Од: nekojsi
Датум: 09.06.2010 09:38:53
Па добро, зошто премиерот не си каже еднаш, онака искрено дека не сака да ја види Македонија во ЕУ, каде што нема да може да си ги прави матните бизниси - увоз на струја, прење пари преку споменици, реклами.. Нека каже дека се води по мотото: подобро прво во село одколку последен во град. И нека си каже дека сака со Србија, Русија, Сев.Кореја, нека ја каже програмата за опстанок во следните 100 години надвор од НАТО и ЕУ и да завршиме веќе со оваа агонија. Па не се сите овци во Македонија за да ни продава лажен патриотизам, неговата реторика е навреда за нас образованите и писмените овде. Тоа пали само кај неписмени и неизживеани личности кои мислат дека со песни и ора, споменици и воинствени изјави ќе си ги излечат комплексите. Арно ама Грујо игра токму на таа карта и затоа на нас нормалните ни останува или пасивен отпор или пакување на куферите. За крај, на т.н.патриоти за време на СФРЈ не им пречеше југословенско државјанство и насекаде се кажуваа југословени.
Од: b
Датум: 09.06.2010 09:42:37
Еден недоветен раскажува на една телевизија дека на некаква си трибина во Атина изјавил дека се надевал на датум за преговори. Пред еден од предходните самити на ЕУ. Можам да замислам што тогаш присутните помислиле за човекот. А замислете, тој бил и некаков професор. Сваќате сега зошто никој во светот не го есапи нашево школство?
Од: nekoj
Датум: 09.06.2010 14:29:53
Ne znam sto cekate, smenete ime pridruzete se vo EU videte kako e. Ako ne vi se bendisuva, izlezete, pak smenete go nazad staroto koe i onaka ne vi e priznato od dovolen broj na zemji i sega. Taka da seto ova sto se slucuva e strasno smesno :D
Од: nikogo
Датум: 09.06.2010 15:57:29
Ako vaka prodolzat makedoncite so imeto ne samo eu ke izgubat ili imeto ke se brisi od g karta
Од: Alkaloid
Датум: 09.06.2010 19:00:57
Gruevski pravi spomenici luge umirart samo na pari misle

Најди! во Утрински
Насловна
Прошетка на повлечената енциклопедија
Граѓаните во дилема
Братислав Ташковски го доби Рациновото признание
Тиквешански
Јадам само еднаш дневно - од 14 до 18 часот!
Се исполни желбата на Тоше - осветлен манастирот „Св. Преображение“
Свадби без младоженци - параван за трговија со деца
Досетливи Грци
„Закупот“ на слободните зони - како пораз
Љупчо Георгиевски во нов политички залет
МАНУ се огради од академик Ристовски
ВМРО-ДПМНЕ ќе слави на улица
Карикатура
Канското време на ветераните
Отворени кон сите, но, главно, кон Исток
Кумановец се изживувал врз момче од Тетово