Број 3302  среда, 09 јуни 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter

Отворени кон сите, но, главно, кон Исток

Какви потези влече македонското раководство пред јунскиот самит на ЕУ

Соња Крамарска


Македонија ќе ги продлабочува економските врски со Казахстан и со Азербејџан - пренесе вчера државната информативна агенција МИА известувајќи за учеството на претседателот Ѓорге Иванов на конференцијата за Азија, што вчера се одржа во Истанбул. Иванов, според вестите што пристигнаа од Босфор, го претставил генералниот правец на македонската надворешна политика „отвореност кон сите“, за кој досега официјално никој не проговорил дома.

Интересно е што таквите најави пристигнуваат само неколку седмици пред јунскиот самит на ЕУ, од кој Македонија очекува датум за преговори, кој формално
треба да се најде на маса, а кој неформално ќе биде блокиран од грчкото противење поради нерешениот проблем со името. Откако државното раководство ја напушти идејата за паралелно водење на преговорите со ЕУ и преговорите со Грција за името, поради нејзина неизводливост, на аналитичарите дома не им преостана ништо друго освен да бројат колку пријатели доби Македонија на Исток, а колку изгуби на Запад.

„Потребно е да придобиете што повеќе од големите земји-членки на ЕУ на ваша страна за да може да издејствувате сценарио за паралелно водење на преговорите со ЕУ и со Атина“, предупредија неодамна неколку западни дипломати, откако вицепремиерот за европски прашања Васко Наумовски во Скопје ја изнесе таквата идеја. Дипломатите, како што пренесоа медиумите, отворено прашаа колку лидери на големите земји-членки на ЕУ ја посетиле Македонија во изминатиот период и колку покани на адреса на Груевски и Иванов пристигнале од европските поважни метрополи за да им направат посета.

Но, билансот што претседателот и премиерот го имаат на своите веб- страници за остварените посети во странство и за странските лидери што дошле во премиерска или во претседателска посета на Скопје е разочарувачки.

Од странските државници, кои географски или политички и' припаѓаат на европската заедница, официјална посета на Скопје во изминатата половина година имале претежно гости од регионов или од семејството на поранешните комунистички земји, со кои Македонија ја дели судбината на транзицијата. Тоа се потпретседателот на српската влада Млаѓан Динкиќ, претседателот на Романија Трајан Басеску, министрите за надворешни работи на Израел - Авигдор Либерман и на Бугарија - Николај Младенов.

Во својство на претседавач со ЕУ Македонија во мај ја посети и шпанскиот шеф на дипломатијата Мигел Анхел Моратинос, а поттикнат од проблемот со азилантите во ургентна посета во март дојде и премиерот на Белгија Ив Летерм. Претходно дојде и министерот за надворешни работи на Унгарија Петер Балаш.

Обесхрабрува и податокот дека највисокото политички ниво на посета на странски официјални личности на Македонија во последните седум-осум месеци се шефови на дипломатии или министри за европска соработка. Таков беше случајот и со Франци��а, која го испрати министерот за имиграција Ерик Бесон, од Велика Британија во ноември ни гостуваше министерката за меѓународна одбрана (од претходната влада) Ен Тејлор, а од Австрија министерот за европски и меѓународни работи Михаел Шпинделегер.

Од поважните посети на Груевски на странство е онаа на Чешка каде што се сретна со премиерот Хан Фишер и со претседателот Вацлав Хаус, потоа на Словенија на покана од премиерот Борут Пахор, па на Турција и на Финска, како и посетите кон крајот на минатата година на Лондон и на Даблин. Во Даблин шефот на македонската Влада беше дочекан на премиерско и претседателско ниво, а во Велика Британија највисокото место до каде што стаса беше спикерскиот офис на Долниот дом на Парламентот и министерот за Европа.

Впечатокот на критизерите на Груевски е дека македонската надворешна политика, чиј главен креатор е тој, не направи многу за придобивање на симпатиите на поголемите земји од Европа во спорот со Грција. Колку за илустрација, во ушите на македонската јавност се' уште одѕвонува изјавата на романскиот претседател Трајан Басеску дадена среде Скопје пред еден месец.

„Ве молам да не ја сфатите мојата посета како експлицитна поддршка на Македонија во спорот со Грција. Романија сака да има добри односи и со Македонија и со Грција и ќе прифати секакво решение што ќе договорат двете земји“, рече Басеску на големо изненадување на политичкиот естаблишмент, кој ја вбројува Романија на високо место на листата на пријателски земји.

Во една таква вкупна слика на билансот во надворешно-политичките односи на Македонија речиси до милиметар се вклопуваат контроверзните посети на високи државни делегации предводени од премиерот Груевски на Мароко (во мај) или, пак, на Египет и на Израел каде што по отворањето на амбасада во Тел Авив, комплетното државно раководство престојуваше во одделни посети. На македонската надворешно-политичка агенда високо место зазема и Турција со заемни посети меѓу двете земји.

Сето тоа ја прави логична вчерашната изјава на претседателот Ѓорге Иванов дека генералниот правец на македонската надворешна политика ќе биде „отвореност кон сите“. Во тој дух Иванов денеска се среќава со принцот на Кувајт Ал-Ахмед Ал-Џабер Ал-Сабах, а наскоро ќе ги пакува куферите и за посета на Азербејџан и на Казахстан, со кои, рекол вчера тој, Македонија има државен интерес за засилување на дипломатските односи. Кој е тој интерес и дали наскоро ќе биде обелоденет во јавноста останува да видиме, бидејќи развлекувањето на евроатлантските интеграции на Македонија веќе поттикнува непријатни прашања до државните раководители да кажат која е алтернативната стратегија. (С.К.)


#
Статијата е прочитана 1465 пати.

Испрати коментар

Од: "Politicki centarfor "
Датум: 09.06.2010 00:37:36
Nasiot Pretesedatel e vistinski virtuoz vo vodenjeto na nadvoresnata politika. Eve vo Istambul imase sredba so Ahmadinjedjat, denes se sretnuva so Al Dzaber al Sabah, a ovie denovi planira sredbi so Nursultan Nazarbaev vo Kzahstan i Ilhan Aliev vo Arzajbejdzan.Toa e kremot i vrvot na politickata i svetska elita, koja ima ogromen ugled i vlijanie vo svestkata pol;itika. Dobro e da planira i posetan na sultanot na Svazilend , a tuka blisku e i Lesoto. Toa ce bide od neprocenliva korist za makedonskoto etabliranje vo svetskata politika. A za Washington, London, pariz , Brisle, Berlin i drugi slicni marginalni i neznacajni centri , nasiot Djole nema ni interes ni vreme za poseta na istite. Nema Djole vreme za gubenje na takvi beznacajni destinacii.Toj e vistinski "politicki centarfor" , odi samo na vistinski pogodoci.Djole , planiraj molimte poseta i na Fidji !
Од: Rage
Датум: 09.06.2010 01:22:16
Pa ocigledno e deka nikoj seriozno ne ja sfakja Evropskata unija. Celo vreme imate samiti Brazil, Indija, Iran, potoa Kina, Rusija i Turcija. Pa imate bilateralki Germanija i Rusija.., pa potoa SAD so Kina, itn.itn. Duri i Japonija ne ja esapat vekje, zemjite sto bea vo razvoj naprednaa i sega okolu niv ke se vrti i ekonomija, a so toa i politika. Sekoj go bara svojot interes, a nie sme zapnale EU, EU, EU kako nekoja rasipana sirena!
Од: Mitre od dolnodupeni
Датум: 09.06.2010 05:40:11
Дали има покана за посета на долнодупени?. А ова со Казахстан , ќе може да продолжи економската соработка - ми рекоа дека произведувале грав и тоа по извонредно ниски цени, та очекувам Казахстанско тавче гравче или универзитет Казахстанско - Македонски или заеднички автопат Македонија - Казахстан, бидејќи овде ги средивме сите патишта.Ќе види Европа кога ќе ги откачиме и кога ќе се закачиме, а пак со Мароко, они нам урми а ние ним бостан - кога ќе го обереме.А уште малку - го обравме бостанот...
Од: Јован АН
Датум: 09.06.2010 09:17:46
Поради внатрешните проблеми на ЕУ (Грција,Португалија,Шпанија и др.) и некои меѓусебни недоразбирања (Германија и Франција) приемот на нови членки е одложен за неодреденп време.Проширувањето ќе заврши само со приемот на Хрватска како стратегиски приоритет на Германија.Проблемите на ЕУ се толку големи да постои опасност таа да се распадне!Поради тоа написи од ваков тип не им носат ниту корист ниту штета на партиите во Македониа.
Од: RND
Датум: 09.06.2010 09:24:32
Sledno ke gradime prijatelstva so pingvinite na Arktikot !!!! Tie najmnogu mozat da ni pomognat
Од: b
Датум: 09.06.2010 09:34:32
А со Иран и С. Кореа? И со нив мора да се зацврсти пријателството и продлабочи соработката. И на економски и на политички план:
Од: nekojsi
Датум: 09.06.2010 09:41:21
Ќе се смееме кога и Албанија ќе има подобар стандард од нас и ќе биде во ЕУ, а ние ќе си останеме горди Македонци, иако до вчера насекаде се фалевме дека сме Југословени. Ако, треба да има некој заостанат во Европа како нас, за другите да гледат како не треба, ќисто како поука да им бидеме.
Од: Analiticar
Датум: 09.06.2010 11:48:25
Vistinskite nekreditni pari se naogjaat tokmu vo Kuvajt, Kazakstan, Azerbejdzan i Katar. EU e bankrotirana organizacija! Zatoa go poddrzuvam Ivanov za ovie poseti i kontakti
Од: Трпе
Датум: 09.06.2010 12:17:51
Наш Ѓоле,знае со кого треба да се дружиме.Тој има голема носталгија на нашите простори да си ги вратима камилите и магарињата.Да се вратат и самарите на амалите и така имаме многу невработен народ.Само разликата ке биде во тоа што нашите амали ке бидат со дипломи од високо образование.
Од: ?!
Датум: 09.06.2010 12:18:30
Се си е наместо.Само,овие,маливе,новокомпонованиве,какошто ги нарекувате,Свазиленд-и,се аматери.Ќе им ја покријата сета загуба на големите.Наивниот секогаш дава,итриот зема.Навистина спасот за сиромасите е да го бараат кај сиромасите.Богатите нека му ја мислат како ќе ги исперат и пуштат да циркулираат големита азна,,неконтролирано трупајќиги,и преку софистицирани трансфери,испраќајќиги кај привелегираните.На повидок е третата опција,аминувана баш од големиве,пред се заради нивниот излез од безизлезот,што самите си го направија.Ни сме умни ама немаме завршница.Кога ќе треба да материјализираме,се некако нашите пријатели ни помагаат да ја утниме.Некако треба да им се наплати.
Од: Со здравje
Датум: 09.06.2010 21:05:28
Многу добро - нека одат работите на запад - Албанија, Црна Гора итн Нема проблем со тоа, нели?

Најди! во Утрински
Насловна
Прошетка на повлечената енциклопедија
Граѓаните во дилема
Братислав Ташковски го доби Рациновото признание
Тиквешански
Јадам само еднаш дневно - од 14 до 18 часот!
Се исполни желбата на Тоше - осветлен манастирот „Св. Преображение“
Свадби без младоженци - параван за трговија со деца
Досетливи Грци
„Закупот“ на слободните зони - како пораз
Љупчо Георгиевски во нов политички залет
МАНУ се огради од академик Ристовски
ВМРО-ДПМНЕ ќе слави на улица
Македонија ја нема во заклучоците за самитот
Карикатура
Канското време на ветераните
Кумановец се изживувал врз момче од Тетово