Стоунер си оди од Дукати, Хонда следна станица
Австралиецот Кејси Стоунер ќе го напушти Дукати на крајот од сезоната, објави италијанскиот тим во Мото ГП.
„Дукати би сакал да му се заблагодари на Кејси Стоунер, кој реши да прифати нов предизвик“, се наведува во соопштението на тимот.
Поранешниот светски шампион во најсилната мотоциклистичка класа сега се очекува да и' се приклучи на Хонда. |