Број 3329  сабота, 10 јули 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Стил

Site Meter
Спорт

Тенисерите почнаа со пораз

Русевски загуби во три сета од Атила Балаж во првиот ден од мечот од Дејвис купот во Унгарија

Тениската репрезентација на Македонија почна лошо во првиот натпреварувачки ден од средбата со Унгарија за опстанок во Втората група од Евроафриканската зона на Дејвис купот. Предраг Русевски, кој неделава е 1533. на АТП-листата во поединечна конкуренција, го отвори натпреварот на земјените терени на тенискиот комплекс во Годоло Кишкаштељ со пораз од 6-4, 6-2, 6-4 по нешто повеќе од два часа игра со Атила Балаж (224.). За првиот македонски рекет тоа беше 18. неуспех во 38. меч во сингл за националниот тим.

По него Грабулоски (1340.) му излезе на мегдан на вториот унгарски рекет Адам Келнер (443.) и до затворањето на весникот губеше со 2:1 во сетови. Единствениот левучар во репрезентацијата првите два сета ги загуби со 6-1 и 6-4, за потоа да го добие третиот со 7-5.

Русевски и Лазар Магдинчев попладнево од 14 ч. во двојки ќе се обидат да ја продолжат надежта до двата сингла в недела. Противници на популарниот Пецко, кој е 1165. на АТП-листата за играчи во дубл, и на Лазе (1371.) ќе им бидат Ѓерѓ Балаж (849.) и Корнел Бардоцки (914.). Унгарската двојка никогаш нема играно заедно во Дејвис купот, а резултатот на Русевски и на Магдинчев во ова натпреварување е 12:5 во победи.

Зависно од епилогот на дубл-пресметката, в недела би можел да добие шанса и најмладиот во македонскиот тим, 19-годишниот Томислав Јотовски. Според ждрепката, пак, во првиот сингл Грабулоски од 11 ч. треба да му се спротивстави на Атила Балаж, а по нив се пријавени Русевски и Келнер.

До мечот за опстанок Македонија стигна со поразот од 3:2 од Босна и Херцеговина во салата „Гемиџии“ во Велес во март годинава, кога Унгарците неочекувано беа декласирани со 4:1 од Естонија во Талин. (Р.Д.)


#
Статијата е прочитана 297 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Спорт
Судир за бесмртноста
Октоподот Пол ја избра Шпанија
Болт го израмни најдобриот резултат на стотка сезонава
Не ја очекував Холандија во финалето
Работнички го израмни својот рекорд во Европа
Германија и Уругвај по утешната награда
Кевендиш ги замолкна критичарите
Леброн Џејмс го избра Мајами
Стоунер си оди од Дукати, Хонда следна станица
Карабах, сепак, висока пречка во евродебито на Металург