Број 3329  сабота, 10 јули 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Стил

Site Meter
Спорт

Германија и Уругвај по утешната награда

„Панцерите“ ги прави фаворити скорот од 3:1 во мечевите за третото место, наспроти 0:2 на Јужноамериканците

Германија и Уругвај се надеваат дека ќе ја освојат утешната награда во денешниот натпревар за третото место по поразите во полуфиналето пред неколку дена. И двете репрезентации наголемо беа отпишани во пресрет на Светското првенство, но можат со право да се гордеат со своите настапи против врвно рангираните противници пред да бидат елиминирани од Шпанија и од Холандија. Германскиот суперефикасен млад тим е решен да го заокружи својот импресивен Мундијал со уште една победа во Порт Елизабет, каде што селекторот Јоаким Лев ветува дека неговите крајно разочарани избраници ќе најдат мотив за да се вратат дома со бронзениот медал.

„Разочарувањето е присутно, но сега треба да го подигнеме малку тимот“, изјави тој по поразот на неговата селекција со 1:0 од далеку надмоќниот шпански состав во Дурбан во средата. „Сигурен сум дека ќе влеземе во натпреварот со потребната концентрација. Никој нема потреба да ја наведне главата. Сакаме да одиграме добар последен меч“, додава Лев, чија репрезентација ги растури високоценетите Англија и Аргентина во нокаут-фазата.

Историјата не го фаворизира двократниот светски шампион Уругвај по четвртите места освоени и во двата последни пробива во полуфиналето, кога прво беа поразени од Австрија во 1954 година, а потоа и од Германија во 1970. Германците завршија трети во три наврата, а малото финале го загубија само еднаш, и тоа од Франција во 1958 година.

Две централни фигури во маршот на Германците и на Уругвајците во елиминационата фаза на СП во Јужна Африка повторно ќе бидат на располагање по одлежувањето на суспензиите што драстично се одразија врз играта на поразените во полуфиналето. Играчот од средниот ред со офанзивни задачи Томас Милер многу им недостигаше на Германците во средата и најверојатно ќе биде стартер, исто како и уругвајскиот напаѓач Луис Суарез, чиешто играње со рака на гол-линијата во последната минута од продолженијата против Гана му помогна на неговиот тим да се пласира меѓу четирите најдобри.

Уругвај, кој загуби од Холанѓаните по враќањето во игра и притисокот што го изврши во финишот, би можел, сепак, да биде без својот најдобар фудбалер Диего Форлан, кој почувствува болки во бутот во полуфиналето.

Тројца играчи што би можеле да го обележат мечот - Форлан, Милер и Мирослав Клозе - го делат второто место на листата на стрелците со по четири гола. Сите тие имаат шанса да ја освојат златната копачка ако погодат два пати, а сегашните лидери Давид Вилј�� од Шпанија и Весли Снајдер од Холандија, кои имаат по пет погодока, не постигнат гол во неделното финале.

Форлан вели дека едвај го чека дуелот за третото место и посакува тој и Уругвај победоносно да го завршат ова СП.

„Се надевам дека ќе бидам фит“, изјави тој. „Навистина сакам да играм за третото место. Дури и тоа би било извонредно за секој од нас“.


#
Статијата е прочитана 313 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Спорт
Судир за бесмртноста
Тенисерите почнаа со пораз
Октоподот Пол ја избра Шпанија
Болт го израмни најдобриот резултат на стотка сезонава
Не ја очекував Холандија во финалето
Работнички го израмни својот рекорд во Европа
Кевендиш ги замолкна критичарите
Леброн Џејмс го избра Мајами
Стоунер си оди од Дукати, Хонда следна станица
Карабах, сепак, висока пречка во евродебито на Металург