Број 3329  сабота, 10 јули 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Стил

Site Meter
Спорт

Од стручен агол

Не ја очекував Холандија во финалето

Иван Буљан

Иако играше во одбраната, го сметаа за еден од најфер фудбалери во поранешна Југославија. Вистински џентлмен на теренот, голем борец, играч со богата фудбалска кариера во дресот на сплитски Хајдук, подоцна и во германскиот Хамбургер. Иван Буљан беше миленик на навивачите на Хајдук, кој во неговиот дрес има одиграно 192 првенствени мечеви, двојно повеќе пријателски и куп средби. Во 1975 година во изборот на новинарите беше прогласен за најдобар фудбалер во поранешна Југославија. Играше и на Светското првенство во Германија 1974 година, заедно со Драган Џаиќ, Баевиќ, Каталински, Холцер, Облак, Степановиќ, Аќимовиќ, голманот Мариќ, и на Европското првенство во Белград и Загреб 1976 година.

Од Хајдук замина во германски Хамбургер 1977 година, 102 првенствени средби во неговиот дрес, играше една сезона и за познатиот Космос од Њујорк заедно со Пеле. Беше тренер на Хајдук, долги години и тренер во Саудиска Арабија, до минатата година спортски директор на Хајдук. Денес е без ангажман во очекување на некоја поволна понуда за тренер иако, како што самиот вели, денес тешко се доаѓа до добро тренерско место што зависи од успешни менаџери и фудбалски врски.

Интересен беше нашиот телефонски разговор со Иван Буљан кој со задоволство прифати за читателите на „Утрински весник“ да ја даде својата прогноза околу финалниот меч меѓу Холандија и Шпанија и новиот светски првак, но пред тоа побара да го поздравиме неговиот голем пријател во Скопје, поранешниот играч на Вардар, Мето Спасовски.

- Мислам дека тој во нашето време беше еден од најдобрите фудбалери не само на Вардар, туку и во Ј��гославија. Многу ме има намачено на средбите со Вардар. Тој не беше играч, тој беше играчиште, беа зборовите на Буљан.

Да бидам искрен, продолжи Буљан, не ја очекував Холандија во финалето пред почетокот на Светското првенство покрај Аргентина, Бразил, Англија, Германија, дури и Србија која имаше навистина квалитетен тим. Но, прогнозите се едно вистината и се' она што се случуваше во Јужна Африка на зелениот терен е сосема друго. За мене Шпанија е голем фаворит во финалето, има феноменални играчи, добро се познаваат меѓу себе бидејќи целиот состав е од три тима: Барселона, Реал и Валенсија. Не верувам дека Холанѓаните кои не се за потценување ќе се наиграат покрај Шпанците. Гледате колку се тие супериорни во тактичките замисли на теренот, многу трчаат, добро покриваат, со еден збор тешко можат да се победат без оглед на оној кикс против Швајцарија на стартот. Но, сепак фудбал е тоа и Холанѓаните без оглед што не ги сметам за фаворити можат да изненадат бидејќи како и досега играат доста дисциплинирано и многу се силни во одбраната.

Гледајќи ги на телевизија сите мечеви на Светското првенство, сепак, крајниот впечаток што се однесува за квалитетот на прикажаните игри е поволен особено во овој вториот дел кога завршија мечевите по групи, кога многу се тактизираше и играше само со една желба - да не се загуби. Мислам дека квалитетот на некои репрезентации беше во надолна линија поради премореноста на нивните играчи, тоа се однесува за Англија, Франција, особено на Италија, бидејќи се презаситени од фудбалот, играа речиси без одмор во нивните првенства, потоа во Лигата на шампионите. Во мое време немаше толку многу натпревари во една сезона, денес сето тоа треба да се издржи. Аргентина беше голем фаворит, исто како и Бразил. Јас не сакам да коментирам за моите колеги, но Марадона имаше на располагање и подобри играчи од оние фудбалери кои му играа. Зошто не им даде шанса, тоа само тој го знае. Од другите репрезентации Германија има најперспективен состав, требаше да игра во финалето, но тоа е фудбалот. Србија, пак, со балкански менталитет ја победи Германија, „заспа“ кога требаше да победи токму против Австралија. Ако ја минеше првата рунда далеку ќе дотуркаше.

Играч на првенството?

- Сите мислеа дека тоа ќе биде еден Роналдо, или Меси, потоа и Руни, но во преден план сега избија Давид Вилја, потоа Холанѓаните Робен и Снајдер. Кој да биде прогласен од нив нема да биде грешка. Сите тројца се одлични фудбалери.

На крајот се интересираме кога Иван Буљан бил последен пат во Македонија.

- Во 1996 година дојдов во Скопје да го ангажирам Гоце Седлоски во Хајдук. За првпат во мојата кариера како спортски директор на Хајдук ангажирав еден фудбалер кого никогаш не сум го гледал како игра, имав многу пофалби и за него. Не погрешив ниту јас ниту Хајдук кога го ангажиравме. За кусо време Седлоски стана миленик на сплиќаните. Хајдук кога потоа замина во англискиот Шефилд Вендздеј добро заработи на него. Гоце беше играч, кој остави траги во Хајдук. И на крајот сакам да кажам за читателите на „Утрински весник“. Македонија има еден вонсериски фудбалер кого постојано го гледам во италијанското првенство на малите екрани. Горан Пандев, играч за кого не треба да трошам многу зборови. Комплетен фудбалер, впрочем, што игра во првиот состав на еден Интер и тоа во времето кога тренер беше Мурињо, со тоа се' сум кажал. (М.М.)


#
Статијата е прочитана 680 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Спорт
Судир за бесмртноста
Тенисерите почнаа со пораз
Октоподот Пол ја избра Шпанија
Болт го израмни најдобриот резултат на стотка сезонава
Работнички го израмни својот рекорд во Европа
Германија и Уругвај по утешната награда
Кевендиш ги замолкна критичарите
Леброн Џејмс го избра Мајами
Стоунер си оди од Дукати, Хонда следна станица
Карабах, сепак, висока пречка во евродебито на Металург