Број 3329  сабота, 10 јули 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Стил

Site Meter
Спорт

Болт го израмни најдобриот резултат на стотка сезонава

Светскиот рекордер победи во Лозана со време од 9,82 сек., колку што годинава има истрчано и Пауел

Освојувачот на три златни олимписки медали Јусеин Болт од Јамајка го израмни најдобриот резултат на 100 м сезонава, победувајќи во својата првата трка по шестнеделната пауза со време 9,82 сек. на атлетскиот митинг од Дијамантската лига во Лозана. Светскиот рекордер не се натпреваруваше од повредата на левата Ахилова тетива при крајот на мај.

Постигнатиот резултат на Болт е идентичен на тој на сонародникот Асафа Пауел, кој досега беше осамен како најдобро време сезонава.

„Дефинитивно имав болка. Но, таа не беше неподнослива, туку мала“, изјави победникот, кој зад себе го остави својот тимски колега Јохан Блејк, кој го истрча своето најдобро време сезонава од 9,96 сек. Чуранди Мартина од Холандски Антили заврши трет со 10,16 сек.

Распродадените трибини го скандираа името на Болт секојпат кога ќе беше споменато од официјалниот спикер и со овации ја поздравија неговата победа.

„Стартот не беше најдобар, но првите 10 м беа многу добри“, прокоментира Болт.

Тој доминираше во втората половина од трката, но не изгледаше како да запнува против релативно слабата конкуренција. Многу посилен тест за него ќе биде митингот во Париз на 16 јули, каде што првпат сезонава ќе се сретне со Пауел. Болт признава дека тоа ќе биде најголемиот предизвик за него по поставувањето на светскиот рекорд од 9,58 сек. на Светското првенство во Берлин минатата година, кога ги победи Тајсон Геј од САД и Пауел.

Топлото време и публиката во Лозана вели дека го инспирирале.

„По загревањето реков дека ќе истрчам 9,88 сек.“, додаде првата ѕвезда на митингот, кој прво беше планирано да трла на 200 м, но се префрли во двојно покусата дисциплина откако неговиот доктор го советуваше да не трла подолга трка.

Американецот Волтер Дикс победи на 200 м со 19,86 сек.


#
Статијата е прочитана 476 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Спорт
Судир за бесмртноста
Тенисерите почнаа со пораз
Октоподот Пол ја избра Шпанија
Не ја очекував Холандија во финалето
Работнички го израмни својот рекорд во Европа
Германија и Уругвај по утешната награда
Кевендиш ги замолкна критичарите
Леброн Џејмс го избра Мајами
Стоунер си оди од Дукати, Хонда следна станица
Карабах, сепак, висока пречка во евродебито на Металург