Број 3190  сабота, 23 јануари 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Магазин
Стил

Site Meter
Спорт

Леброн Џејмс подобар од Коби Брајант

Откако за Божиќ славеа во „Стејпл центар“, кошаркарите на Кливленд ги совладаа Лејкерси и на свој паркет со 93:87. Во двобојот, на можеби најдобрите кошаркари на денешнината, Леборн Џејмс (37 поени, шут 13/25 и девет асистенции) беше поуспешен од Коби Брајант (31 поен, шут 12/31) во многу важната победа на Кливленд.

Имено, „метлата“ против Лејкерси во основниот дел од првенството во НБА-лигата значи дека ако и двата тима изборат големо финале, кошаркарите на Кливленд ќе ја имаат предноста на домашен терен во борбата за шампионскиот прстен. Коби Брајант го искористи натпреварот да ја помине границата од 25.000 поени (15. во историјата на НБА), но во моментите кога тој се кршеше, а двата тима бараа ѕвезда која ќе ги одведе до победа, не можеше да му парира на Џејмс.

Лидерот на Кливленд постигна 12 поени во низа при резултат 80:80 и го доведе својот тим до 33. победа во 44 натпревари. Мо Вилијамс кој со 28 поени го реши прашањето на победникот во првиот меч, го пропушти овој, а поради исчашено рамо барем еден месец ќе биде надвор од теренот.

Во вториот меч Денвер лесно се пресмета со Клиперси. Во победата од 105:85 Кармело Антони постигна 28 коша и фати десет топки, а Чонси Билапс постигна 13 од своите 20 коша во третата четвртина кога се решаваше натпреварот.

Резултати: Кливленд - Л.А. Лејкерс 93:87, Денвер - Клиперс 105:85.


#
Статијата е прочитана 346 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Спорт
Мелбурн во шок, Ким Клајстерс нокаутирана
Манчестер Ј. им ги забрани на своите играчи „Фејсбук“ и „Твитер“
Хет-трик на Гебрселасие во Дубаи
Поп Ацев на маратонот во Росарио
Седум медали за Миоки во Грција
Исланд се посрамоти против Австрија
Стартот во Бахреин клучен за Батон
Бербатов и Југовиќ не беа интересни за Вардар
Британците пред „олимписки банкрот“