Манчестер Ј. им ги забрани на своите играчи „Фејсбук“ и „Твитер“
„Штотуку имав сексуален однос со баба ми, а сега одам в кревет, утре имам тренинг“, ова е текстот што уште пред една година го објави корисник на „Твитер“ кој се претстави како Вејн Руни.
Светот на Интернет е полн со псевдоними, а ова е пример само еден од многубројните слични. И затоа во Манчестер Ј. одлучија да реагираат.
„Ниту еден наш играч нема профил на интернетските друштвени мрежи. Нема ни да има. Секој профил што ќе се појави под името на некој фудбалер е дело на некој навивач и не треба да се сфаќа сериозно“, објавено е на официјалната страница на Јунајтед.
Во клубот им е кажано на играчите да не им паѓа на памет да се појават на „Фејсбук“ или на „Твитер“, поучени од искуството со другите клубови. Постовите што ги оставија Дарен Бент од Сандерленд и Рајан Бабел од Ливерпул не беа дочекани со воодушевување од нивните клубови.
Наводно, Рајан Гигс, Руни и Флечер имале профил на „Твитер“, но морале да ги избришат. Но, и натаму има низа профили под нивно име.
Инаку, во англиските медиуми не престанува препукувањето на релација Карлос Тевез - Гери Невил. И менаџерот на Јунајтед Алекс Фергусон вчера се огласи во јавноста. Тој никогаш не размислувал дали треба да се крене прашина, туку ја кревал, но не и овој пат.
„Не сум заинтересиран. Тевез не е повеќе наш играч и немам што да кажам по тоа прашање. Фудбалерите постојано се препукуваат“, вели Фергусон.
Како што е познато, Невил му го покажа средниот прст на Тевез, кога овој едниот од двата гола за Манчестер Сити во Лига купот го прослави трчајќи и смеејќи се покрај клупата на своите бивши соиграчи.
„Не сум разочаран од гестот на Невил. Не го ни видов“, додаде Фергусон.
Новиот бисер на шпанскиот
фудбал го избра Реал М.
Новата ѕвезда на Сантандер, Серџо Каналес, подготвен е да потпише договор со Реал Мадрид. И покрај понудите од Челзи, Манчестер Ј и Арсенал овој 18- годишен бисер својата иднина ја гледа во Мадрид.
Анхел Каналес, таткото на тинејџерската сензација, беше во Англија оваа недела и таму разговараше со управите на великаните, меѓутоа неговиот син на крајот пресече.
Рибери подготвен за Вердер
Судејќи според двојките за 21.коло во Бундеслигата на терените низ Германија ќе биде доста интересно. Најголемо внимание привлекува дуелот меѓу Вердер и Баерн. Тимот на Луис ван Гал е 11 меча без пораз, а денеска ќе биде посилен за Франк Рибери, кој се враќа по три месеци пауза. Вердер е во слаба форма. На претходните четири меча даде само еден гол и трипати загуби. Затоа овој меч може да биде уште повозбудлив, бидејќи подобар ривал за камбек не постои.
Двојки за 21.коло: Бохум - Шалке, Вердер - Баерн, Херта - Менхенгладбах, Мајнц - Хановер, Нирнберг - Ајнтрахт, Борусија Д - Хамбургер.
Барса наЈдобар клуб
во последните две децении
Актуелниот светски и европски првак е најдобриот клуб во периодот меѓу 1991 и 2010 година, објави Меѓународниот институт за фудбалска историја и статистика. Зад Барселона која има 807 бода, се наоѓаат Манчестер Ј (726), Реал (633), Јувентус (633), Милан (620), Интер (605), Баерн (599), Арсенал (594), Ривер Плата (5023), Челзи (491). Тоа се најдобрите десет клуба. Втората група ја предводи Ливерпул, по кого следат Порто, Рома, Ајакс, Бока јуниорс, Валенсија, Парма, Сао Паоло, Ренџерс, Лацио...... |