Патот за Ванкувер 2010
Британците пред „олимписки банкрот“
Националната асоцијација до крајот на јануари треба да обезбеди 200.000 фунти
Британската олимписка асоцијација (БОА) објави дека подготвила итен план за спортистите кои ќе се натпреваруваат на Зимските олимписки игри во Ванкувер, по гласиштата дека националната скијачка федерација е банкротирана. На Сноуспорт ГБ асоцијацијата и се потребни 200.000 фунти до крајот на јануари за да продолжи да функционира.
„Приоритет на БОА е да се направи се' што е можно спортистите да се натпреваруваат во Ванкувер. Подготвивме итен план, и ако е потребно тој ќе се оствари“, изјави шефот на БОА Енди Хант. Инаку, Снопуспорт ГБ е национална федерација на Британија за алпско, нордиско, сноуборд и фристајл скијање.
ВОН ПОБЕДИ ВО СУПЕРВЕЛЕСЛАЛОМ И ГО ПРЕЗЕДЕ ВРВОТ
Кортина д’Ампецо деновиве е збиралиште на дамското скијање во рамките на Светскиот куп. Со победата во супервелеслалом, Линдзи Вон ги најави натпреварите во саботниот спуст и неделниот велеслалом. Патеката долга 1.850 метри со 43 капии, Американката ја мина за 1:21:74, доволно за победа, но и за ново лидерство во генералниот пласман во борбата за големиот Кристален глобус. Ова е седма победа на Вон сезонава, а вкупно 29. во кариерата. Второто место и припадна на Швајцарката Фабиен Сутер, која зад победничката заостана 0:67 секунди, додека со третото место и нови 60 бода се заслади Швеѓанката Ања Персон ( +):74).
Кортина д’Ампецо, супервелеслалом:
1. Линдзи Вон (САД) 1:21:74
2. Фабиен Сутер (Шва) + 0:67
3. Ања Персон (Шве) + 0:74
Генерален пласман:
1. Линдзи Вон (САД) 994
2. Марија Риш (Гер) 938
3. Катрин Цетел (Авс) 832
ДАНИЕЛ АЛБРЕХТ СРЕЌЕН ШТО Е ЖИВ
Една година откако тешко страдаше на спуст-тренингот во Кицбил, швајцарскиот скијач Даниел Албрехт се' уште не е подготвен за настапи. Денес, 26-годишниот скијач не прогнозира кога би можел да се врати на патеките, но ја откри можноста тоа да се случи кон крајот на оваа година.
„Кога ќе се вратам? Не знам. Не е битно дали тоа ќе се случи идната сезона, или таа по неа. Тоа не ми е важно. Важно е дека сум сигурен дека ќе се вратам“. Албрехт на 22 јануари минатата година на патеката во Кицбил при последниот скок тешко пад��а, леташе низ воздухот 40 метри. заврши со тежок потрес на мозокот, внатрешно крварење на главата и во градниот кош. Поради тоа три недели беше во вештачка кома со цел да спласнат отоците во мозокот.
„Добро напредувам. задоволен сум и горд. Не скршив рака или нога. Среќен сум што сум меѓу живите и што ќе се обидам повторно да се натпреварувам после таква тешка несреќа.
Швајцарецот се' уште чувствува последици. Има дупки во меморијата и понекогаш му се мачи при зборувањето. Има проблеми со координацијата, па така минатото лето го скрши зглобот при пад од велосипед. работи на подобрување на сопствената концентрација и на рефлексите, но и на техничките аспекти на скијачкиот стил.
КИНА СО РЕКОРДЕН БРОЈ НАТПРЕВАРУВАЧИ
Кинеската олимписка делегација на Зимските олимписки игри во Ванкувер ќе брои рекордни 90 спортисти. Пред четири години на ЗОИ во Торино се натпреваруваа 76 кинески спортисти кои дома се вратија со девет медали и тоа два златни, четири сребрени и пет бронзени. На последните Летни олимписки игри, каде беа и домаќини во 2008 година во Пекинг, Кинезите освоија најмногу (51) златни медали надминувајќи ги по таа категоризација и САД. |