Број 3190  сабота, 23 јануари 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Магазин
Стил

Site Meter
Спорт

Хет-трик на Гебрселасие во Дубаи

Хајле Гебрселасие ја забележа својата трета победа во низа на маратонот во Дубаи, но надежта на Етиопјанецот дека ќе постави нов светски рекорд пропадна поради проблеми со грбот. Светскиот шампион ја пречекори целната линија по 2:06,09 ч., 14 секунди пред Кениецот Чала Бејене, но повеќе од две минути побавно од сопствениот рекорд (2:03,59 часа).

„Сакав да го урнам рекордот, но што да правам?“, изјави 36-годишниот атлетичар.

„Важно е да го соборам мојот рекорд. Еден ден тоа и ќе се случи“, додаде Гебрселасие, кој за победата доби 250.000 долари, иако неговата цел беше понудениот милион за оној што ќе го собори светскиот рекорд.

Инаку, трката со награден фонд од два милиона долари привлече околу 12.000 натпреварувачи. Во женска конкуренција победи Мамиту Даска Молиса од Етиопија со време 2:24,18 ч., шест секунди подобро од тоа на сонародничката Аберу Кебеде Шевае.


#
Статијата е прочитана 296 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Спорт
Мелбурн во шок, Ким Клајстерс нокаутирана
Манчестер Ј. им ги забрани на своите играчи „Фејсбук“ и „Твитер“
Поп Ацев на маратонот во Росарио
Седум медали за Миоки во Грција
Исланд се посрамоти против Австрија
Леброн Џејмс подобар од Коби Брајант
Стартот во Бахреин клучен за Батон
Бербатов и Југовиќ не беа интересни за Вардар
Британците пред „олимписки банкрот“