Број 3262  вторник, 20 април 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter
Политика

Владата и' дава на Атина нова „муниција“ за вето

Премиерот, според невладина оцена, влече контра потези од оние што ги бара Европската унија

Миркица Поповиќ

Македонија може да не добие датум за преговори во јуни поради неисполнување на критериумите, а не само поради спорот за името, ако Грција реши да го искористи тој аргумент, сметаат во Македонскиот центар за европско образование, кој врши постојан мониторинг на работата на Владата и на институциите. Според нив, потезите на Владата и на премиерот се спротивни од барањата на ЕК во документот за приоритетите, што изгледа како намерно инаетење со агендата за евроинтеграција.

Примерите за контрадикторно однесување на Владата во однос на барањата на ЕК во претпристапното партнерство се многубројни. Еден од главните приоритети е промовирање конструктивен дијалог и политички консензус во демократските институции, но клучниот елемент, измените на деловникот за работа на Собранието до денес не е донесен. ЕК бара, исто така, непречено функционирање на Националниот совет за евроинтеграции, но токму пратениците од ВМРО-ДПМНЕ ја блокираат работата на Советот. Сличен проблем постои и во Комитетот за односи меѓу заедниците во парламентот, чија работа веќе подолго време е блокирана од ВМРО-ДПМНЕ и неможноста да се обезбеди кворум за работа.

Владата не ги послуша ниту препораките на Високиот комесар за национални малцинства за ОБСЕ за внимателно воведување на албанскиот јазик во основните училишта и со претходен договор со коалиционите партнери, кое создаде хаос во образовниот систем во државата.

Во делот за борба против корупцијата, јасно стои дека е потребна ефективна имплементација на Законот за судир на интерес и спречување на конфликтот на интереси, но од неодамна директор на Агенцијата за мобилност е ќерката на поранешниот министер за финансии, Трајко Славески, а одекна и случајот со вработувањето на вицепремиерот за евроинтеграции, Васко Наумоски, на Правниот факултет. Владата на сите хонорарци-државни службеници им вети дека ќе бидат вработени, иако ЕК јасно порача дека не се дозволиви вработувања и унапредувања со партиски влијанија.

Проблем постои и со Законот за државна помош, кој, генерално, е усогласен со европското законодавство, но е дополнет со антиевропски подзаконски акти, па се предвидува и државни претпријатија, кои не вршат услуги од општ економски интерес и не се квалификуваат за таква помош, да се протнат под капата на законот. Така, наспроти барањето на ЕК за подобро трошење на јавните средства и нивно насочување за развој, како и за подобрување на јавните услуги, Владата и парламентот ги трошат јавните средства за покривање на загубите на јавните претпријатија на таков начин што нема да доведе до нивна финансиска консолидација, а води до нелојална конкуренција.

Според МЦЕТ, наместо да се инвестира во инфраструктура за подобрување на животната средина, с�� инвестираше во планот за „Скопје 2014“. Вакви чекори, спротивно на се' што е наведено во пристапното партнерство, се и смените во синдикатите, инцидентот во Шуто Оризари додека трае Декадата на Ромите и се работи за нивна подобра интеграција во општеството. Врв е Законот за антидискриминација, иако во партнерството јасно се нагласува дека сексуалната определба е неделив сегмент од него.

Во МЦЕТ сметаат дека поради негативниот тренд подобро е Македонија побрзо да биде ставена на дневниот ред на самитот и да биде донесена одлука за препораката место да се одолжува и дека таа порака треба да му биде пренесена на шпанскиот министер за надворешни работи, Мигуел Анхел Моратинос, кој денес ќе престојува во Македонија.


#
Статијата е прочитана 1682 пати.

Испрати коментар

Од: maki
Датум: 20.04.2010 00:56:23
Se dodeka ne naucime da ja sakame Makedonija ne znam dali i ni treba datum za pregovori. Strancite ni pomognaa da go izgradime Skopje, a nie sme protiv da go izdigneme do pristojna Evropska metropola. Amerikanec posle godina ziveenje tuka se trudi da zboruva makedonski, a nasite Albanci poleka treba da gi naviknuvame, Romite ne kradat, anie ke molcime zaradi pregovori.
Од: Prasloven
Датум: 20.04.2010 02:27:16
Na site ni e jasno deka ovaa Vlada e anti-evropska i anti-NATO.Kako togas od niv da se ocekuva priblizuvanje kon tie institucii.Za niv sovrsena drzava e S.Koreja.
Од: Ангеле Л. Вретоски
Датум: 20.04.2010 04:49:30
До Миркица Поповиќ, Без критика нема напредок, но критиката треба да е конструктивна и вистинита. Владата на Р. Македонија и што да направи за тие критериуми кои секојдневно ЕК ги менуваа и додава нови, сепак целиот свет знае дека се додека не се исполнат болните баранја на Атинјаните сепак ништо ново. Интелегенцијата? Во Р. Македонија кука за ЕУ и НАТО, без да се запраша зошто ЕУ дозволува нацизам и шовинизам во Грција и Бугарија. Какви права имаа Македонскиот народ во Бугарија и Грција? На моите 61 година морам да ви ја кажам поговорката која ја слушав и запамтив пред 50 години - Европа била и останува Вавилонска Блудница а вие продолжете да кукате за ЕУ.
Од: Vangel
Датум: 20.04.2010 06:33:57
Resenie? SDSM? B.C,? Lele ama sum glup, kako ne mi tekna.
Од: Реган
Датум: 20.04.2010 08:55:01
Од омраза (или поради фабричка задача) кон Владата,не ја гледате Македонија!Срам да Ви е!
Од: Трпе
Датум: 20.04.2010 09:48:17
Можеби неможеме и несакаме да исполниме некои барања на ЕК.Но сепак сме способни за циркуски вештини и илузионистички способности.Ние сме надарен народ се сами си можеме,ако треба и корења ке јадеме и така дрвјата ни се испосечени.А на денот на дрвото,садиме цвеќиња.
Од: dbreak
Датум: 20.04.2010 09:57:49
Se dodeka "Klanot" e na vlast mozete da zaboravite na Intergriranje na Makedonija vo bilo koja institucija... Vaka odime kon Afrika
Од: Klime
Датум: 20.04.2010 10:37:18
Angele e vo pravo.Sto sta zapnale Evropa pa Evropa. Evropa bila i ke ostane BLUDNICA VAVILONSKA.
Од: MAKEDONEC
Датум: 20.04.2010 10:58:09
evropa bara od nas makedoncite da se otkazime sami od sebe ...e toa nema da se sluci makedonija vecna ,bravo gruevski ne ja davaj makedonija
Од: ФЕЛИКС
Датум: 20.04.2010 11:21:25
Не ми е јасна целта на ваквото суфлерско пишување,слабостите и мааните на оваа власт му се ставаат на послужавник на соседот и му се сугерира да најде модус да покрај проблемот со името најде закачка на презентираните примери.Дали ваквото пишување има штета за државата и како народ во целина како да не ги засега противниците на оваа власт.Забораваат во својот занес против власта се упукуваат во сопствена но и наша нога.Ништо не научија од урокот за почитување на сопствената држава.
Од: Aнгел
Датум: 20.04.2010 11:52:50
Mиркица го читаш ли Ангеле Вретоски. Е тоа е Европа неправедната. Ние македонците како народ не сме приѕнати ниту нашето малцинство а тие за хомозакон. А вие Миркице па Европа рекла. Е тоа е македонскиот хендикеп има многу луѓе кај нас што не им е гајле за името.
Од: Trene
Датум: 20.04.2010 12:01:17
Baranjata od EU pred se se motivirani od grckiot problem so postoenje na etnicki Makedonci. Konecno Makedonska vlada se bori da gi odbrani i Makedonskite interesi, da stavi i Makedonski akcent na site baranja, a toa ocigledno im smeta na nekoi. Samo napred i podrska za ovaa vlada, ne moze sve da se prifakja, imaat i Makedoncite nesto da kazat ako treba da se ima sorabotka vo idnina kako ramnopravni.

Најди! во Утрински
Политика
Кој манипулира со судиите од скопска Апелација?
Остри препукувања на игуменот на Бигорски со СДСМ
ДУИ во улога на опозиција на власта
Иванов ќе ги отвора народните канцеларии
Активноста на советниците под лупа на „Мост“
Вмровскиот институт контра амандманот за приватизацијата
Згорчено чествувањето на Рожен