Четириесетина судии негираат дека стојат зад наводната анонимна претставка против Виолета Дума
Гордана Дувњак
Четириесетина судии од скопскиот Апелационен суд негираат дека стојат зад наводната анонимна претставка против нивната колешка, суспендираната судијка Виолета Дума, доставена до Судскиот совет. Целиот судски колектив, со исклучок на еден судија (Блажо Трпевски), жестоко се спротивставил на обидот за манипулација, како и за нивна злоупотреба во нечии цели.
Како што дознава „Утрински весник“ од извори од овој суд, никој од присутните на колегиумот одржан на 9 април не се изјаснил дека стои зад анонимната со која наводно се барало Дума да не доаѓа на работа. „Зар ќе си дозволат судии што со име и презиме стојат зад пресуди за доживотен затвор, да се кријат зад анонимни претставки“, реагирале судиите.
Колегиумот на скопска Апелација се одржал по барање на претседателот на овој суд, Јордан Митриновски. Директен повод бил дописот од Судскиот совет, во кој од претседателот било побарано да се изјасни зошто споменатата судијка доаѓа на работа, кога за неа е поведена постапка за разрешување поради нестручно и несовесно постапување во случајот со турскиот државјанин со двоен идентитет. Но, уште повеќе колку се точни забелешките на нејзините колеги, кои наводно во претставката навеле дека Дума постојано е присутна во кабинетот на претседателот, а со тоа што тој не ја спречувал во нејзините активности, „давал лош пример пред останатите судии“.
Единствено судијата Трпевски ја проблематизирал потребата за писмото да се расправа на Стручниот колегиум и од претседателот побарал да каже до кого е адресирано писмото од Судскиот совет. Но, ваквата дилема била сосема непотребна за останатите судии, кои сметале дека колегиумот е вистинското место за да се зборува тоа, бидејќи оцениле дека со писмото им се нанесува голема штета по угледот.
Откако претседателот на судот го слушнал мислењето на своите колеги, Митриновски веднаш по завршувањето на викендот, уште на првиот работен ден на 12 април, испратил одговор на дописот на Судскиот совет.
„Го известив Судскиот совет дека по добивањето на нивното решение за суспензија на Дума, на судијката и' беа одземени сите предмети и беше исклучена од работата на кривичните совети“, нагласува Митриновски, кој вели дека воопшто не сакал да се впушти во наводните квалификации изречени од група судии од нивниот суд, бидејќи нема намера да одговара на анонимни претставки, зашто тоа е во спротивност со законските одредби. Тој потврдува дека на нивниот колегиум сите присутни судии, освен еден, го осудиле обидот за злоупотреба на овој суд во политички пресметки.
Aman bre luge so toa koj manipulira so ova, koj manipulira so ona. Pa zarem ne vi se razjasni do sega deka so cela drzava manipuliraat 5-6 familii. Deka cela drzava e vo sopstvenost na 5-6 gazdi, takanareceni tajkuni. Uste ne vi e jasno, ili i Vas ve manipuliraat. Ne vi e jasno i Grujo pod cija kontrola e? Ne vi e jasno deka i Branko go "opomenaa" oklu onaa negova izjava za revizija na privatizacijata, pa sega organiziraat tribini od kade ne ubeduvaat deka toa e Brankova glupost, blef i nevozmozno. Ne e cudo da gi mobiliziraat i stecajcite na protesti protiv revizija na privatizacijata, do tamu e dojdeno i do tolku ne onadat. Dodeka ne se rascisti so tie nekolkumina, se dotogas "nekoj" ke upravuva so nas i ke ne manipulira kako saka. Ke kradat i rasprodavaat i ponatamu, a najglasni ke bidat vo vikanjeto "drs te go kradecot".
Од: diplomat
Датум: 20.04.2010 02:52:45
Jas neznam,zosto gruevski i crvenkovski,ja problematiziraat na svoj stil,badinterovoto mnozinstvo vo ustavniot sud,so nivnite neizdrzani formalno-pravno naivni argumenti,deka ne treba da se resava po etnicka linija vo ustavniot sud!Pa luge i tie se sudii,koi odlucuvaat samo vrz baza na ustavot,i tie se pravnici!Toa znaci deka ovie gospoda nemaat doverba vo ovie "etnicki sudi",se opasni,ne se strucni!!Nie mnogu dobro znaeme vo kakvo opstestvo ziveeme,kakov mentalitet imame,!Evo najnov slucaj,mozete da si zamislite,apelacija gi otfrli kako nerelevantni stavovite na anketnata komisija na sobranieto za sopot!!!Mak sudovi procesuiraat haski slucaevi,koi ne se procesuirani od hag+ne go pocituvaat zakonot za amnestija!Mak obvinitelstvo ne pokrena nitu edno obvinenie protiv etnickite makedonci za konfliktot 2001!!!Zarem toa e pravedno?Znaci za makedoncite vazi zakonot za amnestija?!Toa e direktna diskriminacija vrz etnicka baza!Vrz edniot etnikum primenuvate zakon,za drugiot etnikum ne vazi!!
Од: ФЕЛИКС
Датум: 20.04.2010 09:41:35
Изместено и комично опсервирање на некаква анонимка.Се пишува да судиите нестојат зад анонимката,па логично е така да се бранат инаку би немало анонимка, би биле јасно и гласно против дотичната судијка.Кој е глуп да признае јавно дека стои зад анонимка.И како се дозна да 40 судии се зад анонимката, можеби се 5,8 или повеќе.Уште поглупо е користењето на анонимката како доказ против дотична судијка.
Од: Nation judge
Датум: 20.04.2010 11:14:14
Е Јоване, такви, како овие, го пратиле
крштеникот, на крст, а нас робовите во гроб.
Од: Уплашен
Датум: 20.04.2010 14:15:51
Кој го е това направил? Се разбира власта, за да постават некомпетентни послушковци, кои спроведуваат партиски директиви во целост.Македонијо ,нека ти е наздравје,ако вака продолжи тешко си на целата држава.Виновните ќе ја здувнат надвор од државата-нафатирани со пари од народот.
Можеби и народот на време ќе се сети на триковите на власта?