Сосема неочекувано, посетата на лидерот на СДСМ, Бранко Црвенковски, на Бигорскиот манастир, кој донираше 100.000 денари заврши со остри соопштенија од двете страни.
Изјавата на Црвенковски дадена пред манастирските порти со која ги повика Владата, Синодот на МПЦ и раководството на ИВЗ, наместо на скопскиот плоштад да градат црква и џамија (иницијативи што ги кренаа меѓурелигиските тензии), парите да се пренасочат за обновување на Бигорскиот манастир, не' му се допадна на монашкото братство. Во ова тие препознаа политички маркетинг, кој „некој“ може и погрешно да го протолкува, па веднаш реагираше игуменот на манастирот, архимандрит Партениј. На насобраните новинари им рече: „Сакам да нагласам дека не смее да се дозволи мешање во црковните прашања и политизација на проектот за возобновување на црквата ’Св. Константин и Елена‘ на плоштадот во Скопје, бидејќи тоа е неправедно кон МПЦ и кон македонскиот народ“.
Изненадени од ваквата реакција, со соопштение се огласи и СДСМ, во кое се вели: „Доколку е точна информацијата дека целата финансиска конструкција за обнова на манастирот ја обезбедува Владата, тогаш не' збунува фактот што секојдневно се собираат донации за таа намена“.
Социјалдемократите прашуваат: „Дали на овој начин братството ја замајува јавноста и се става во улога на Влада на Република Македонија? Ако Владата ги обезбедува средствата за реконструкција на манастирот, тогаш зошто се спомнуваат пет милиони евра за таа цел?“.
Дознаваме дека, наводно, Црвенковски претходно бил замолен од игуменот да не дава изјави во кои ќе го политизира Бигорски, бидејќи на минатонеделната средба на братството со премиерот Груевски (кога таму се венчаше министерот Миле Јанакиески) било договорено Владата да продолжи со издвојување пари од буџетот за обновување на опожарените конаци. Бигорски во континуитет добива финансиски инјекции од Владата, а за последната од буџетот се издвоени 18 милиони денари.
Братството, исто така, било затечено од големиот број новинари што го придружувале Црвенковски и, очигледно, се исплашиле оваа посета да не им ги расипе релациите со власта. Упатените велат дека малку е чудно да се бара од политичар, згора на тоа и лидер на политичка партија, Бигорскиот манастир да не го спомнува во политички контекст. Тоа е исто како политичар да бара од духовник во зборувањето да го изостави Бога, така што ваквите очекувања на братството звучат дури наивно. (Б.Ј.)
Do koga ke se sobiraat pari za Bigorski. Deka e zalno sto izgore , zalno e , ama nemojte da pravime teatar i na skromnite monasi da im se gradat apartmani so dzakuzi. Vo eden mig se zboruvase za 50 milioni evra potebni za obnova zna manastirot!. Toa e nerealna suma, i tuka ima rabota i za finansova policija, a ne samo da se moljakaat lugeto da davaat donacii. A g,g, Stefan, dade li od dzeb nekoj denar, a ?
Од: ВЕРНИК
Датум: 20.04.2010 00:42:01
господ нека ви е напомош на сите до кај оди лудилото просто не ми се верува
Од: Niko Bozin Kumanovo
Датум: 20.04.2010 01:24:45
E gospode koj te zastapuva na zemjava nasa Makedonska,Ocigledno zaglaveni so korupcija i kriminal nasive svesteni i crkovni lica i politicari stanaa.Grujco im stegna danocni prijavi, danocni osnovici od rakav,im frli 2 -3 koski da se skaraat so site dr.verski zaednici a tie strav imaat da ne se skaraat i so nego.Gospod da cuva, sto uste nema da se cue i vidi od ovie nasi verski lica.Abe moral imale -a koga trcaat po grobistava za 100 denari so cantite crni kaj im se gubi togas moralot.Ah boze boze sekakvi te zastapuvaat na zemjava.
Од: Vangel
Датум: 20.04.2010 01:26:03
Branko bil i ce ostane toa sto e : Razdeli pa vladej
Од: bitolaman
Датум: 20.04.2010 07:20:27
do koga crkvata i vladikata stefan ke bidat pod suknjata na grujo?
sto e toa zaednicko sto go imaat?
dali e toa kriminalot na familijata vo sorabotka so biznis elitata od MPC?
koj go raznebituva najvrednoto od bitieto na makedonskiot narod-crkvata?
golema sramota za najgolemiot del od crkovnoto rakovodstvo.
namesto da si gi socuvame site neprocenlivo vredni manastiri i crkvi sto gi imame vo nasledstvo od nashite predci,nie ke gradime novi a starite ke ni se opozaruvaat i eden den tie starite vo koi se krshtavale i vencale site nashi dejci ke gi snema a so toa ke ni go snema identitetot.
Од: Dance
Датум: 20.04.2010 08:10:15
Gi pozdravuvam Vasite sredbi so gragjanite G-dine Crvenkovski i osobeno so instituciite vo koi ociglednonesto ne e vo red. Jasen primer zatoa e reakcijata na igumenot na Bigorskiot manastir koja sekako ne bese bez dozvola na MPC.Uzasnata sum od ovaa reakcija,namesto hristijanski da vi se zablagodarat za donacijata (sto na zal ne ja dobile nitu od MPC nitu od Premierceto) tie ja ispolitiziraa vasata dobro namerna podrska na naseto naj dragoceno crkovno,istorisko i nacionalno svetiliste,a zgora na toa i lazat zost crkvata Sv.Elena i Konstantin nitu bese na taa lokacija nitu taka izgledase.Koga konecno ke kazat deka tie ne ja gradat nea tuku gradat nova crkva sto ke se vika Sv.Nokola.
Од: rakovoditelot na proektot i na Elaborat za procenka na steta
Датум: 20.04.2010 08:59:54
Procenkata od 5 milioni evra se odnesuva na izgubenite originalni i umetnicki vrednosti sto podrazbira arhitektura, dekorativni elementi kako sto bea rezbani tavanici, rezbani dolapi dekorativna obrabotka na sekoj konstruktiven element od drvo, kaj stolbovite,sedlata, ogradite, erkerni tavanski gredi.
Isto taka izgubeni se vo golem del freskite, izgoren deizis so 12 apostoli i dosta osteteni 6 ikoni. Spaseni se 83 ikoni.Za da se izvrsi rekonstrukcija potrebni se 3 milioni evra, zosto povtorno ke treba da se rekonstruira arhitektura no i da se izrabotat site dekoracii, rezbi, profilacii, konzervacija na freski i ikoni. Za toa se potrebni retki i skapi materijali a za da go vratime prvobitniot izgled. Kulturen centar na celokupniot makedonski narod.
Од: Чегране
Датум: 20.04.2010 09:00:55
Ако пензионерот има образ ќе се срами од објавувањето на сумата која ја донирал.Секој кој сака да помогне дава колку ќе му дозволат можностите,но до сега никој не се пофалил со тоа!
Од: dbreak
Датум: 20.04.2010 09:55:13
Shto Bigorski prima pari od vlada, se zapali pod nerazjasneti okolnosti, po provokacija od dpmne, se slikaat Gruica i Mile, i kompanija, veke rabotata e ISPOLITIZIRANA. Branko ne moze da ja ispolitizira poveke od kolku shto e...
Од: petre
Датум: 20.04.2010 10:01:20
Najbogatite luge denes vo Makedonija se popovite i policijata.Site obicni smrtnici rabotat po dvajca vo familijata i ne mozat da go postignat toa sto go imaat popovite koi sami rabotat a nivnite soprugi samo se debelat i gi sobiraat sredstvata od crkvite.Porani imase i klisari sega za sobirawe na srestvata koi se ostavaat vo crkvite gi stavaat svoite zeni da ne im izbega nekoj denar nastrana.Ako ima gospod prvo niv neka gi kazni a posle nevinite
Од: ateist
Датум: 20.04.2010 10:57:29
Прашувам што или кој беше причината за пожарот?
ХОтелите на Г.Г.