Број 3262  вторник, 20 април 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter
Политика

Иванов ќе ги отвора народните канцеларии

Една година по преземањето на функцијата, претседателот Ѓорѓе Иванов, реши да ја интензивира комуникацијата со граѓаните. За таа цел, почнува со реализација проектот „Народни канцеларии“, што беше најавен уште кога Иванов се всели во претседателската резиденција.

Првата народна канцеларија ќе биде отворена наскоро во Скопје, на плоштадот Македонија. Во следната етапа, пак, се предвидува такви канцеларии да се отворат и низ поголемите градови во државата.

За комуникацијата со граѓаните ќе бидат задолжени волонтери, на кои ќе им помагаат и вработени во претседателскиот кабинет. Нивна задача ќе биде да ги презентираат активностите на Иванов и да ги нотираат идеите и забелешките на посетителите на канцелариите. Повремено, велат од претседателскиот кабинет, граѓаните ќе имаат можност и за средби со Иванов, во зависност од неговата агенда.

Во народните канцеларии ќе можат да се доставуваат и претставки што потоа ќе ги разгледува Комисијата за претставки во кабинетот на шефот на државата, која е замислена како тело до кое граѓаните можат да се обратат во ситуација кога нивните права се загрозени од некој државен орган.

„Јас немам формална моќ да менувам одлуки или да влијаам тие да бидат променети, но во случаи кога ќе стане јасно дека правата на граѓаните се прекршени или дека институциите не ја вршат својата работа, јас ќе можам да обрнам внимание на тоа“, изјави во една пригода претседателот Иванов.

Основната цел на народните канцеларии е претседателот на државата да има постојана динамика на средби со граѓаните и да биде запознат со проблемите со кои тие се соочуваат, заради поведување иницијативи за нивно решавање, велат соработници на Иванов. Според нив, меѓу два изборни циклуса има доволно време за претседателот да биде меѓу граѓаните од кои го црпи легитимитетот. (А.М.М)


#
Статијата е прочитана 610 пати.

Испрати коментар

Од: Prasloven
Датум: 20.04.2010 02:29:38
Ne znam samo koj ima vreme za gubenje vo kancelariite na Ivanov ( razumen kompromis).
Од: isijas
Датум: 20.04.2010 11:19:54
sigurno vo kancelariite ce deli kosmodisk,da ne kupuvame pred vreme .

Најди! во Утрински
Политика
Кој манипулира со судиите од скопска Апелација?
Остри препукувања на игуменот на Бигорски со СДСМ
ДУИ во улога на опозиција на власта
Владата и' дава на Атина нова „муниција“ за вето
Активноста на советниците под лупа на „Мост“
Вмровскиот институт контра амандманот за приватизацијата
Згорчено чествувањето на Рожен