Број 3262  вторник, 20 април 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter
Политика

Згорчено чествувањето на Рожен

Oколу 350 Македонци вчера на Роженскиот манастир ја одбележаа 95-годишнината од убиството на Јане Сандански. На чествувањето присуствуваше десетчлена делегација на Македонците од Грција, но бугарската полиција го спречи присуството на делегацијата на Светскиот македонски конгрес и на Сојузот на здруженијата на Македонците од Егејскиот дел. На граничниот премин Делчево - Станке Лисичково македонската делегација била оневозможена да влезе во Бугарија, со образложение за „нечитлива буква во сообраќајната дозвола“. Во вториот обид за влез во Бугарија со друго возило делегацијата била пуштена, но кај Симитли, минибусот повторно бил запрен од полиција и вратен во Благоевград каде што ги задржале четири часа, бидејќи „возачот не носел сигурносен појас“. По плаќањето на глобата, делегацијата се вратила во Македонија.

„Очигледна беше намерата на бугарската полиција. Со коментарите ’вие можете да го продолжете патот, но не и возилото со кое патувате‘, не' вратија во Македонија. Сметавме дека Македонија на исток граничи со ЕУ, но Бугарија не се одлепила од минатото. Полицијата по девет часа малтретирање не' спречи да присуствуваме на чествувањето. Вложивме вербален протест кај началникот на сообраќајната полиција во Благоевград поради попречувањето на слободата на движење“, изјави Тодор Петров, претседател на СМК. (МИА)


#
Статијата е прочитана 1092 пати.

Испрати коментар

Од: Петре
Датум: 20.04.2010 00:19:44
Да-а, навистина жалосно! Сакам на напомнам дека населението на Пиринска Македонија е 368,840 луѓе, додека вчера околу 350 Македонци на Роженскиот манастир ја одбележ��ле 95-годишнината од убиството на Јане Сандански...
Од: novoselec
Датум: 20.04.2010 03:54:29
Do "Petre": da Petre, zalosno e da te gledam da zivees vo Makedonija, da ti e ovozmozeno da diskutiras na formum na makedonski vesnik, da gi uzivas site beneficii vo Makedonija (kakvi i da se ) a istovremeno da plukas protiv nasite vo Bugarija? Tocno, od tvoite 368 840 samo 350 dosle da cestvuvaat. Od sto togas se plasi Bugarija?
Од: Важно хомосексуалците да не се дискриминирани
Датум: 20.04.2010 07:33:15
И Бугарија била во Европа. Пффф-ф-ф-фффф...
Од: малку историчар
Датум: 20.04.2010 08:41:05
Ова ли се добрососедски одности што како “мед“ од устата на врвните политичари на Бугарија им излегува. Нивната искреност не е ни најмала. Но, нивниот сон за Македонија е само сон. Тие се најголемите непријатели на Македонците сакајки да ги претопат. Но попусто. Вечна благодарност за бугарскиот национализам затоа што го зацврсти Македонскиот национален идентитет, и, за жал, ја зацврстува омразата кон Бугарите. Тие први не признале?
Од: Ангел до Петре
Датум: 20.04.2010 12:00:29
Европа под хитно треба да не признае нас Македонците како народ и малцинството. Тогаш за бугарска партија во Македонија ќе гласаат 150 луѓе од можни 300. А во Бугарија за македонска партија ќе гласаат 300.000 од можни три милиони луѓе со македонско потекло. А читај го Македонскиот идентитет од Мицов. И тука кога има некој протест одат по 350 луѓе . А КОГА ГО УКИНАА ОМО ПИРИН ПРЕД еу ПРОТЕСТИРАВ САМО ЈАС. А ти инаку добар ли си знаеш ли понешто или......
Од: veles
Датум: 20.04.2010 13:30:18
Jane sandanski se custvuvase bugarin i taka i zagina.Fatite deka ucestvuvase vo balkanskite vojni i prvata svetska vojna na strana na bugarija zboruvaat za ova.No ocigledno tie se ignorirani od SMK koi se uste ja sledat Titovata ideologija.Zar lugeto od SMK stvarno mislat deka ke ja smenat istorijata na sosednite drzavi.Cinot da se slavi deka Jane Sandanski bil makedonec a samata Makedonija za prv pat nezavisna vo 1945 e isto kako da se odi vo Vergina ,Grcija i da se slavi Filip Vtori.Zar mislite deka nekoj toa ke go dozvoli??

Најди! во Утрински
Политика
Кој манипулира со судиите од скопска Апелација?
Остри препукувања на игуменот на Бигорски со СДСМ
ДУИ во улога на опозиција на власта
Иванов ќе ги отвора народните канцеларии
Владата и' дава на Атина нова „муниција“ за вето
Активноста на советниците под лупа на „Мост“
Вмровскиот институт контра амандманот за приватизацијата