Број 3262  вторник, 20 април 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter
Политика

Вмровскиот институт контра амандманот за приватизацијата

Политички маркетинг и правно неиздржан предлог се епитетите што ги доби идејата на СДСМ за уставни измени, со цел да не застаруваат кривичните дела поврзани со приватизацијата. Учесниците на вчерашната трибина што ја организираше институтот „Павел Шатев“, инаку близок до ВМРО-ДПМНЕ, посочија дека македонското казнено законодавство не го познава терминот „застарување на кривичната одговорност“ и оти единствено може да застари гонењето или извршувањето на казната.

Иако ВМРО-ДПМНЕ го прифати предлогот на СДСМ за ревизија на сомнителните приватизации, сепак, експертите што беа поканети на трибината на вмровскиот институт сметаат дека се изигрува јавноста со користењето термини што не ги познава нашето кривично право.

Социјалдемократите реагираа на трибината оценувајќи дека е очигледно оти владејачката партија се плаши и не сака да се расчистат прашањата поврзани со приватизацијата. За нив е доволен доказ тоа што на трибината не бил повикан ниту еден нивен член.

Според професорот на Правниот факултет, Владо Поповски, предлогот на СДСМ има повеќе маркетиншко-политички карактер отколку правна издржаност.

„Зошто досега Обвинителството или судовите не се осмелија да се впуштат во проверка на приватизацијата, во периодот кога тие дела не беа застарени. И зошто СДСМ смета дека ако се донесе уставната измена ќе се смени таквата состојба“, праша Поповски. Според него, евентуалното менување на Уставот ќе има ефекти за дела што не застареле, додека застаре��ите кривични дела тешко може да оживеат во правна смисла.

„Кога веќе зборуваат за нашиот уставен амандман логично е да повикаат и претставник на СДСМ. Нема поголемо лицемерство од тоа вечниот функционер во сите влади, Владо Поповски, кој беше министер и во времето на, како што вели Груевски, ’криминалната приватизација’, да го оценува уставниот амандман како политички трик“, возвратија од опозицискиот штаб.

Професорот Ѓорѓи Сламков рече дека лично би сакал да не застаруваат кривичните дела поврзани со приватизацијата, но оти како кривичар мора да каже дека тоа е неостварливо, бидејќи принципот на законитост не дозволува ретроактивно дејство на законот.

„Голема правна несигурност ќе донесе нормата што ја носиме денеска, а важи за вчера“, предупреди Сламков. (A.M.M.)


#
Статијата е прочитана 829 пати.

Испрати коментар

Од: Трпе
Датум: 20.04.2010 09:18:27
Нормално е владеачката партија да биде против амадманот за ревизија на приватизацијата.Па сите сончогледи и камелеони се во нивните редови.Ако тие си заминат,треба веднаш да падне владата.Земете го г.Маневски,како најголема дпмне-овца.Незнам дали тој е и за лустрацијата.Но сепак си игра министер за неправда.
Од: dbreak
Датум: 20.04.2010 09:59:28
Aman ovie "nezavisnive" nstituti izniknaa kako pecurski od koa DPMNE se na vlast. Ako tolku go sakaat Manevski, neka si go zemat kaj niv.
Од: јас
Датум: 20.04.2010 10:53:54
Кај смее овчарот да прифати повторно разгледување на приватизацијата и незаконски стекнатиот имот??? Па, 4те станови на мама ПРВИ ЌЕ ЛЕТНАТ !! Да не зборуваме дека тие се само врв на ледениот брег !!
Од: maki
Датум: 20.04.2010 12:13:56
Dva pati ostanav bez leb. Pricina bese privatizacijata i toa za vreme na vladeenjeto na SDSM-ovskite soncogledi i kameleoni. Zatoa ve molam ostavete gi sposobnite i entuzijastite da rabotat i ovoj narod konecno da zazdravi tokmu od taa SDSM-ovska krvava i bezidejna privatizacija.

Најди! во Утрински
Политика
Кој манипулира со судиите од скопска Апелација?
Остри препукувања на игуменот на Бигорски со СДСМ
ДУИ во улога на опозиција на власта
Иванов ќе ги отвора народните канцеларии
Владата и' дава на Атина нова „муниција“ за вето
Активноста на советниците под лупа на „Мост“
Згорчено чествувањето на Рожен