02.05.2012, 17:16 Koj e советник за државна безбедност кај Иванов?
Кабинетот на претседателот Ѓорге Иванов не открива дали шефот на државата има советник за национална безбедност. Тоа прашање, што се отвора во време кога Македонија се соочува со безбедносни предизвици, засега, останува една голема енигма за јавноста.
На прашањето на „Утрински весник“ кој го советува претседателот Ѓорге Иванов за прашања од безбедносен карактер и дали претседателот воопшто има советник за безбедност, од кабинетот не дбивме одговор.
Ниту на интернет-страницата на претседателот на државата нема информација за тоа од кого Иванов добива совети за безбедноста, иако на веб-страницата може да се најдат имињата на советници на претседателот за други области.
Во Советот за безбедност, за кој не е познато дали досега одржал седница, освен конститутивната, покрај Иванов, по функција членуваат и шефот на парламентот, премиерот, министрите за внатрешни работи, за одбрана и за надворешни работи и тројца членови кои ги именува претседателот на државата. Засега нема најава дека Иванов ќе го свика Советот за безбедност по изведувањето на акцијата „Монструм“, за лично од министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска да биде информиран за тоа каква е безбедносната состојба во држава, по апсењето на радикалните исламисти. (Св.У.) |
|
Статијата е прочитана 3112 пати.
|
Испрати коментар
|
|
Нема потреба, 03.05.2012 01:52:55 | А зошто да е информиран и така чека да му шепнат па да знае што да каже. |
| seirdzija, 03.05.2012 07:54:57 | E ova e dobar vic....Horhe e prepameten za da ima sovetnik....hehehhe....nie si imame pretsedatel koj znae deka vo prolet rasne treva,pogotovo ako vrne dozd....i deka najgolem uspeh e uspeh....heheheh |
| Dobil vo tezina( telesna), 03.05.2012 08:17:18 | Ivanov vednas ce go svika Sovetot za bezbednost, ako mu naredi i odobri Gruevski. Inakum samiot kutriot ne smee da donese odluka bez odobrenie na Grujo ni sto da poraca za rucek bez .Mislam deka prilicno e apetitlija i ne vnimava na ishranata pa dobil vo tezina( telesna) . Mozebi Grujo treba da mu skrene vnimanie, oti ce mu se pokaci holesterolot a i ce mu skokne krv. pritisok. |
| ФЕЛИКС, 03.05.2012 08:19:06 | Koга знаеме кој се го советуваше некогашниот председател Глигоров и како сето тоа функционираше ќе немаше да се случи тоа што се случи 1995г.По се изгледа немало кој да му дошепне како што пишува оној -нема потреба.А предходниот председател си имаше советник за безбедност само не знаеме дали хонорарно или по должност.Тоа беше оној чии син им ја расплака мајката на многумина од Скопје па се до Охрид,и нормално за тоа беше аболициран од корисникот на безбедносните совети.Добро е кога некогаш ќе се подсетиме како и што правеле некои.Инаку нема потреба да се свикува Советот за безбедност,работите ги завршува оној кој за тоа е платен.Нема фингирани оставки за несработеното како 1995г. па не се прифаќа фингираното,,па не се решава случајот и така надолго и нашироко. |
| Томе, 03.05.2012 08:48:27 | Па Синиша е |
| bezanec, 03.05.2012 09:55:02 | Кој може да биде освен вмровец,голобрад,без искуство,штотуку излезен од школски клупи,потомок на срамниот потпишан договор во Букурешт 1913 година а додека претседателот Иванов си е посебна приказна,залутан во виорот на вмровците. |
| od ostrijot, 03.05.2012 10:49:55 | na predsedatelot nemu ni treba sovetnik vo negovo
ime odlucuva premijerot. |
|
|
|
|
|
„УТРИНСКИ ВЕСНИК“ ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИЕ
|
|
|
|
Време
|
Скопје, 19°C
Претежно облачно
|
Вторник
Ведро
Макс: 24°C, Мин: 8°C
|
Среда
Сончево
Макс: 26°C, Мин: 9°C
|
|
|
|
|
|