Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп
Политика
02.05.2012, 16:59

Мое ќоше

СДСМ WANTED

Ерол Ризаов

Како се чувствува Никола Груевски кога секој ден ја гледа во медиумите својата листа на непријатели

Повторно медиумите ги објавуваат листите на најголемите злосторници и непријатели на Македонија. Со слика и текст се жигосани луѓе како тешки криминалци и душмани на татковината. Нивниот непростлив грев е што некогаш имале, меѓу другото, и политичка функција и биле членови на СДСМ. На вмровските објави и катил фермани недостасува само онаа црвена линија преку сликата на која би пишувало како на Дивиот Запад Wanted, се бара, фатен, или ликвидиран, сеедно. Лидерот на најпатриотската револуционерна партија Никола Груевски, претпоставувам, многу е задоволен и добро се чувствува кога ја гледа секој ден својата листа на предавници што ја објавува во весниците, не знам со чии пари. Недостасуваат уште наградите за секоја глава, жив или мртов, и да тргнат во потера ловците на уцени.

Луѓето на вмровските црни листи имаат семејства, деца, родители, роднини, пријатели. Некои ги познавам лично, а некои со своето творештво и работа имаат сами повеќе направено за Македонија отколку целото политбиро, или како што тие го нарекуваат Управен одбор на ВМРО-ДПМНЕ, кој колективно, на сите членови, нема повеќе од две страници биографија, а веќе испорачуваат злосторнички листи до јавноста за да ја зачуваат власта, а и за нешто друго. Не верувам дека во прашање е само омраза. Негативната кампања е веќе испробана тактика на ВМРО-ДПМНЕ. Дење викаат на цел глас за обединување, единство и сенародно движење, пуштаат нов бран, а ноќе од своите комшии подготвуваат црни листи на непријатели. Она што посебно загрижува е леснотијата со која се посега по навреди, по клевети, да се избербати и понижи најчесто измислениот противник. Велам измислен политички противник затоа што еден дел од луѓето на вмровските црни листи од поодамна не се, освен симболично, политички активни и не се присутни во јавноста. Од друга страна, речиси на сите, со неколку исклучоци, политиката не им е професионална ориентација и главна работа во животот. Но, тоа на стратезите на револуционерната и патриотска партија не им пречи навредливо да ги наречат своите сограѓани непроменливи и вечни кои ништо не направиле во животот и не оставиле ниту едно трајно дело. Се надевам дека нема да дознаат нивните деца за срамот на своите татковци.

ВМРО-ДПМНЕ влегува веќе во седмата година на неограничено владеење, па според постигнатите резултати, има потреба да се оправдува со жигосување други луѓе за она што не е направено кога биле на власт. За она што не го направиле претходниците гласачите ги казниле, им ја скратиле довербата. Шест полни години не беа малку време да го направи ВМРО-ДПМНЕ тоа што не успеале да го направат оние што биле пред нив како што велат цели 20 години. Но, токму тука се крие и најголемата лага. Во последните 15 години, ВМРО-ДПМНЕ е 10 години на власт. Во тие 15 години, Македонија требаше да доживее напредок и развој, да се европеизира, како и поголемиот дел од нашите соседи. Во овој период не се оствари ниту една стратегиска цел. Ниту се направи поголем демократски исчекор, ниту се овозможи подобар, поквалитетен живот, повисок стандард, ниту се отворија повеќе работни места, ниту почна процесот на европеизација, ниту влеговме во ЕУ, ниту во НАТО, ниту го дочекавме владеењето на правната држава. Се создаде само повеќе сиромаштија, беда, безработица и бесперспективност. Ете затоа ни требаат листи на предавници, душмани, кодоши, соседи, странци.... за да не се видат сопствените грешки и промашувања.

Ако се прават листи со повеќе дух и смисла на хумор, веројатно најпривлечна листа би била онаа за најсилно освежување на сите досегашни власти. Има неколкумина јунаци и големи дејци кои се незаменливи, во периодот на целата транзиција, а и пред тоа. Играат во секој тим. Одработуваат педантно се' што сака да слушне владетелот. Штом дојде промена на власта, еве ги со нов договор и нова идеологија. Е, тоа се вистински политичари кои први дојаваа и на новиот бран. Луѓето знаат да сурфаат и на најголемите далги. И то...


Статијата е прочитана 5129 пати.

Испрати коментар



До каде допира радикалниот ислам во земјава
Koj e советник за државна безбедност кај Иванов?
Реакции - Виновниците имаат име и презиме
Тројца пукале во жртвите
Ќе барам доживотен затвор
Среќен роденден, претседателе!
Обама лично помагал за името
Медиумите на албански јазик со сомнежи за „Монструм“



граѓанин, 03.05.2012 00:21:56
Чашуле, Донев, Петровски, Лазаревски ....не се бранови туку вртлози. А во нивната океанографија имаат и водни бездни на кои им нема донлижување.......
Istok, 03.05.2012 00:35:52
Нели нападот е најлесна одбрана! Па така и преродбеничката влада на Груевски, немајќи оправдание за тоа што не не одведе 100 чекори напред, вината ја бара во опозицијата иако досега 10 години тие жарат и палат во државата. Ако беа толку способни, како што секојдневно се рекламираат и фалат досега ќе ги заборавевме и Црвенковски и СДСМ, но со нивната неспособност и барајќи оправдание за сите промашувања само не потсетуваат на едни поубави времиња кога омразата помеѓу луќето не беше толку изразена, кога местата беа поживи и кога секое трето семејство не бараше егзистенција во Италија и други европски земји. Веќе не заслужуваат ни коментар, толку се прочитани.
jovan, 03.05.2012 00:37:45
Neznam za kakvi listi stanuva zbor, barem jas, ne sum videl i procital nekakvi iminja na nekakvi listi od tipot *wanted*, pa nemozam ni da gi komentiram tie listi. No ke napomenam deka *listi* na *nepodobni* ovde se pravat veke 60 godini, so taa razlika sto poslednive 20setina godini takvite listi poveketo sluzat za *ismejavanje*, navreduvanje, omalovazuvanje, davanje negativni mislenje i ocenki od plateni *experti*...itn. Duri i mediumite si pravat svoj *listi* i si dozvoluvaat da davaat *expertski mislenje* za nekogo, kakov e, kolku vredel, kako zavrsil fakultet i kade, pa kolku vredel toj fakultet, pa dali go bivalo i kolku go bivalo za funkcijata...itn. Site ovie luge isto taka imaat familii. Ednostavno, ovde toe e toa. Metodot rekla-kazala si funkcionira i site sme naviknati na toa, i po potreba gi prifakame ili kako vistina ili kako laga.
sdsm razocaran, 03.05.2012 00:40:34
prvo sdsm sam izbra vo sovetite odnosno poranesnite komisii da postavi lugje odnosno stari funkcioneri so cel da gi smiri istite zatoa sto vo 2009 na kongresot se vrati Branko so 90% izmeneti organi na partijata pa tie vidoa deka nema za niv funkcii i pocnaa da pukaat po sdsm po site mediumi. e od koga gi ustolicija vo sovetite nikade gi nema da se dokazuvaat sto um mu davaat na branko. partijata nikogas ne bila popasivna i pobezidejna kako vo poslednava godina posle porazot. a ako istite tolku se zelni za funkcii pa ke izdrzat da gi pukaat, erol cudno mi e sto bas ti ne reagiras sto sdsm e pasiven bez ideja tuku se stavi da gi branis ova starcive. na sdsm mu treba sveza krv nisto poveke, ne e problemot vo branko, problemot e sto nema novi idei i kadri833
Toa im e iskokonka darbosanost, 03.05.2012 00:50:37
Pravenje na crni listi e tradicionalna i iskonska darbina na VMRO od Todor Aleksandrov i Vanco Mihalov , pa navamu. Dodusa tie pisuvaa crni listi za likvidacija na vidni mak. revolucioneri, a ovie novive pisuvaat za ocrnuvanje pred javnosta i pred semejstvata na odredeni istaknati licnosti. No ne se svesni deka nikoj povece od oni koi imaat i malku pamet ne im veruva., Do koga so lagi deka SDSM vladeel 20 godini. Eve Erol ubavo vi kaza deka VMRO vo poslednite 15 god. vladelo 10 godin . I koj air i ksmet od toa go imase MK.? Nisto . Samo lagi , nesigurnbos, zgolemuvanje na grabezot i siromastijata , stoenje vo mesto dodeka drugite odaat napred, vlosuvanje na medjunacionalnite odnosi, neigurnost i nasilie ,manipulacija so delot od neoibrazoivaniot i slaboinformiran narod. Pakoga eden nivni istaknat clen i poranesen minister mozese eden Blaze Koneski da go navredi na takov nacin sto ostana za drugite!?
USA, 03.05.2012 02:56:56
Dali ima razlika medju VMRO DPMNE 98-2001 i denesnoto 2006 do denes?? Sigurno deka ima. Prasaj go Ljubco. Kakva e razlikata medju SDSM od 90tite i denes? Nikakva I to.....
pane, 03.05.2012 04:27:35
Erole, te molam da mi odgovorish od kade ja crpish hrabrosta za tvoite kolumni, dali si prv prijatel so Obama ili ....., Sepak vnimavaj da ne ti namestat igra, ovie se majstori za toa.
Marioec od Azija, 03.05.2012 06:36:02
Erole dosta so crni beli,anticki,slovenski i rekla kazala.Daj ti pocni da si ja rabotis strukata novinar a ne da pisuvas partiski pamfleti.Pokraj ovolku lapsusi od DPMNE-to,SDS-to ne uspeja da se izbori za podobar plasman,znaci ne gi biduva i nisto ne ponudile za narodot,pa ti kolku i da im pomagas nevredi.Inaku pred nekoj den vi napisav,ugleden germanski novinar koj bil angaziran vo partija,se odlucil za strukata novinar,i ja vratil clenskata karta i gi prekinal site aktivnosti,a vo vremeto so aferata Wulf bese najgolemiot kriticar na partijata.Dali i vie ste vo sostojba vakvo nesto da napravite,neznam ama jas se somnevam.
Мики, 03.05.2012 07:12:39
Тоа се вика вишок на енергија. После 24/7 и Новиот бран, сега откако ја направија својата партија идеална, решија да го поправат и СДСМ. Тоа го започнуваат со кадровската политика. СДСМ грешел, е ВМРО-ДПМНЕ ќе им помогне понатаму да не грешат. Можеби од тоа ќе произлезе нешто добро. Ќе си земат уште некој капиталец во своите редови од листата на старите и непродуктивни кадри на СДСМ.
Istocna Makedonija, 03.05.2012 07:43:01
Za vetenite ekonomski bumovi,de fakto daden glas 2006 godina.Za izneverenite ocekuvanja na mnogumina,otvorena dilema!Idat novi,prvo lokalni izbori,sto sega?!Ke se najdat li,konecno,do blesni vo nasiov pluralizam,koi vetenoto ke go rea liziraat?Najprvo,na ekonomsko-socijalen plan.So produktivni kapitalni proekti,vrabotuvanja,pris- toen status na stecajcite,t.visokot,socijalno naj- ranlivite kategorii.
Трпе, 03.05.2012 07:43:54
Што може да се очекува од владеачко мнозинство, кое само се фали дека нив ги има избрано народот а самите тие знат како успеват да го задржат престолот.Секоја втора реченица им е :Излезете надвор од собранието и кажете го ова а немојте да се криете позади пратеничкиот имунитет.Дали ова е насилство и закана врз некој друг кој е рамноправен со вас.
Dragica Lapajkoska-Belchevska, 03.05.2012 07:45:21
Da mu sum neprijatel,ne.Ne daj Boze ne mu mislam loso,a deka sum alergicna na Frujo ne 100%,tuku 1000%. Ne mozam takov neranimajko,samobendisan da smislam covek. No ubedena sum deka toj do 12h na pladene ne saka nikogo,a posle 12h ne se saka i samiot sebe.
seirdzija, 03.05.2012 07:52:01
Ideologot na kampanjskoto EPP vladeenje na DPMNE e svesen za falinkite vo samoto DPMNE.Fizicka,mentalna,intelektualna,govorna i da ne gi brojam,nema prostor.Klasicni kleptomani,koi si zamisluvaat deka gospodstvoto se sostoi od odelo i kravata....
До Јован, 03.05.2012 08:05:35
Како бе Јован не си видел црни листи. Отвори ги весниците па ке видиш на цели две страници секој ден 28 луге нападнати со слика и црнила, ни криви ни должни. Саапуницата ке оди во продж енија.Со ситни букви потпис на ВМРО ДПМНЕ. Тоа ли е преродбата на патриотите. Да измислува предавници. Ако нема предавници ке нема и патриоти. Јоване, Јоваене, ги коментираш сите текстови, а не читаш весници.
obicen, 03.05.2012 08:13:18
Zavidlivosta e teeeska preteska bolest. Od nea covek tivko umira. Najteska e zavidlivosta zaradi uspehot za drugiot i zaradi gubenje vlast i privilegii. Luzeri, samo prodolzite da placete. Ke se udaviute vo virovite na sosptevnite solzi.Koj sto plukal i samiot isplukan ke bide.
Aneta, 03.05.2012 08:17:10
SDSM raboti so poln kapacitet i nikogas ne bil poveke motiviran i mobiliziran, osobeno koga stanuva zbor za sovetite. Malicioznite komentari se odraz na nekoi licni frustracii.
ФЕЛИКС, 03.05.2012 08:41:06
Некако бргу згасна желбата за аналитика околу епилогот од грозоморниот чин кај Смилковци на ќошевидниот автор.Повторно се врати на омилената тема околу бранувањето кај власта и ,,црните листи,, на опозициските бесмртници кој за воља на вистината носат добар дел од товарот на никаквото опозициско делување и трпењето на многукатниот шампион на изборни порази,доказ колку е селективноста на гледањето на работите е присатна.Уште го паметиме очајниот аналитички крик некаде ова време лани,,не оди Бранко на вонредни избори,,Пример како душегрижнички се води сметка за своите да не настрадаат изборно.Ова последново е само евоцирање на тоа кога селективноста и симпатиите несмасно се покриваат да тој што ова го евоцира да ти бил партиски определен а ,,селекторот,, ептен независен.
kumanovec, 03.05.2012 08:50:21
Neka ne se plashat onie koi ke se najdat na crnata lista na Grujo ,tie se pravite patrioti na ovoj narod,tie se pravite Makedonci ke dojde den koga istorijata ke go kaze svojot sud kako i mnogu pati dosega.Jas lichno bi se gordeel da sum na negovata crna lista bidejki bi se nashol na lista na pravi Makedonski patrioti a ovie koi ja pravat taa lista se neprijateli na ovoj narod.Nabrgu ke im padne veloto pod koe se krijat i ke go pokazat pravoto lice.
Koj raboti i ima, 03.05.2012 08:55:42
Hehe e pak akoe Grujo ili Vmro tolku los i nesposoben zosto e na vlas 15 god. nee kako bc vo opozicija 15god i vikas daka komsiite otidoa vo eu za koj mislis za tvoite Turcija ili Albania isto tie se tolku daleko od nas za sto bc i sds sve unistija Rim nego izgradile za 15 godini koj raboti i ima......................
Миле - Охрид, 03.05.2012 09:25:20
Секогаш јазикот оди кај расипаниот заб. Не го променивме името па затоа „...ниту влеговме во ЕУ, ниту во НАТО...“, потоа следат ред други работи. Се сугерира дека актуелната власт не може да не внесе таму, затоа што не е кооперативна. Се нуди решение со доаѓање на опозицијата на власт и сите проблеми во државава ќе можат едноставно да се решат со прифаќање на грчките шовинистички уцени. Заеднички именител (онаа што ги поврзува како припадници на група) е спремноста да го погазат правото на македонскиот народ да постои, во името на достигнување на повисоки цели - влегување во комунизам. Или овој пат не е комунизам? Бидејќи актерите кои го дерогираа правото во еден предходен систем се истите, за миг се збунив. Но, за нив не е важно дали виртуелната цел е комунизам, работничко самоуправување, евроатланска интеграција или утре нешто друго. Важно е тие да добијат шанса да дојдат на власт во тоа име, да стекнат материјална и статусна кортист од тоа, а на сметка на правата на други
zz, 03.05.2012 10:04:48
pak sakas da nametnis tema sto ke go stisi branot jas mislam deka eden den ke gi smenite formite na napad i ke preminite od odbrana .eve vladee vmro 6 godini i tie 6 godini se podobri od minatite 14 e sega e problemot sto vie mislite deka koga narodot ne vi dava pravo da upravuvate so drzavata vie vadite babi izabi za da izgledate deka narodot stoi zad vas i tuka e problemot vie ste opozicija .opozicijata ne predlaga zakoni tuku gi podrzuva . dosega barem eden zakon koj e vo interes na narodot da go podrzevte .
od ostrijot, 03.05.2012 10:40:13
od partuji koji se zanimavat poveke za minatoto a ne za idninata nemoze i nisto popametno i dase ocekuva.
tihi, 03.05.2012 10:52:04
Slikite povekje mi lichat na sliki od 20god. matura otkolku kako se bara ili nedajbozhe in memoriam.Zatoa ne trevozhete se mnogu.Ova e da ne se zaboravi i za dolgo sekjavanje.
go FELIKS, 03.05.2012 11:45:55
Od koga toa eden platen VMR-ovski tipkac na tastatura se sekira za losata sostojba na opozicijata? A da pocnese da se sekiras za bedata i siromastijata? I za toa sto tqjfata tvoja ja drzi zemjava izolirana? I za toa sto SAMO za vladeenje na tvojata omilena partija se slucuvaat nevideni UBISTVA, KONFLIKTI, VOJNI (eve potsetime posto ne mozam da se setam koga imalo takvi raboti pred VAS?) Zarem ne osekjas deka skroz ste zabegale? A sovesta kaj vi e?
Горан, 03.05.2012 13:32:13
Нешто не можам да се сетам, кој беше на власт кога се спомнуваа некакви : ОКТОПОД , ТАТ, атентат на претседател, мистериозно загинување на друг претседател. Каков беше епилогот ? Или уште нема епилог. Тие луѓе кај се сега ? Еј па еве ги во опозиција.Ни кажуваат колку ни е лошо и не молат да им го дадеме гласот, да дојдат на власт и да не иаведат на прав пат. Со нив веднаш ке влеземе во NATO. Во EU само тоа го чекаат, да дојде Бранко, тој нема црни петна позади него. Дури ни се чудат како до сега не го вративме на власт. Заборавивме колку ни беше убаво.Со таква опција ми се чини дека уште долго време Груевски ќе владее.
demokrat do Feliks, 03.05.2012 14:22:49
Ti prijatele ili si prisilen da ja branis vlasta do besvest ili, pak, navistina ne razbiras kako funkcionira edno normalno demokratsko opstestvo. Ako se raboti za vtoroto eve eden prijatelski besplaten sovet od mene: Vo edno demokratsko opstestvo kritikata e majka na razvojot. Taa po pravilo e nasocena kon Vladata bidejki taa ima mok da nosi odluki t.e. da go odreduva politickiot pravec na zemjata, koj direktno vlijae na naseto denonokie. Se razbira deka opozicijata ne e isklucena od ovaa praktika, no taa vo momentov go nema drzavnoto kormilo vo svoite race, fokusot na kriticatite ne e tolku ostar. Sto se odnesuva do Erol, toj znae da napise dobra kritika. Znae i da utne no imam vpecatok deka negovite tekstovi se korisni i vo mnogu slucaevi lekoviti.
Кероунас, 03.05.2012 15:44:03
Ерол,жално е што е дозволено така добар и реа лен новинар да биде коментиран од вакви дунст ери ,полуписмени партиски војници,заблудени и заведени идолопоклоници.Секој твој напис е кор ектен и не е навивачки,но на вмровци баш затоа им отровен.Знаеш дека вистината е грда и дека затоа е и болна.Не сакам да посочам ниеден од твоите критичариТие ќе се препознаат сами.Ним би им препорачал да го прочитаат Орвел и да го споредат опишаниот тоталитаризм со овој на Никола во РМ.
Se bara ziv ili mrtov, po moznost mrtov, 03.05.2012 16:54:54
Abe ovie deca li se koi gledat kaubojski filmovi ili drzavnici i politichari koi ja vodat drzavata? Pa kakvi se ovie sliki/poternici i red drugi gluposti? Gospodo od vlasta, vie ne ste izbrani za da ja pljukate SDSM ili bilo kogo, nego da ja vodite drzavata. Vie ne ste opozicija da pa da kritikuvate, vie ste vlast da vladeete i so vashite rezultati da se kitite, a ne na tudjite maki da se sitite. Kritikata e oruzje na opozicijata (zarem i toa da i go zemete), na vladata oruzjeto se rabotata i rezultatite od vladeenjeto, odnosno dobriot zivot na gradjanite. Svatete go vece ednash toa, i vie i vashite podrzuvachi, i stavete se vo red kako siot normalen svet. Za onie shto teshko svacat, povtoruvam: Vladata raboti i vladee - opozicijata nadbljuduva i kritikuva! A narodot go seto toa prati i na izborite ja donesuva ocenkata odnosno, odlukata.
Ајван Доктор®, 03.05.2012 17:10:30
Постојани се единствено во фразеологијата преполна со лаги!Едноставно кажано,новиот бран е само стара глупост!Брижно бришење на трагите на криминал од претходникот!Да,убаво е директорите и раководителите да не се вечни,но симптоматично е да менуваш некого кој „се изморил“кој „не покажал резултати“и да го поставуваш за претставник на државава!Колку се докажале,говорат нивните дела!Еклатантен егземплар за наличјето на „бранот“е С.Чашуле!Беше секаде,на сите функции и со сите досегашни владетели!Резултати?!Успан,изморен,без особености...уште сто години да се докажува,повторно ќе тапкаме во место,а тој ќе ги менува функциите!Толку е нов!Не го ставиле уште за претседател,но и тоа е можно!Сите оние кои говорат против „генијалните“измислици и против пастирската идила,веднаш се стигматизираат како „предавници“!Кодошлакот им е во с’ржта,така и функционираат!Писма до ЦК,од ЦК до членството,бајки и денунцирање!Не се грижам!Веќе почнаа да се јадат меѓусебе,а говорат за сплотеност,љубов и единство!

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИЕ

  


Site Meter


Време
Скопје, 19°C

Претежно о��лачно

Вторник
Ведро
Макс: 24°C, Мин: 8°C

Среда
Сончево
Макс: 26°C, Мин: 9°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |