02.05.2012, 17:15 Реакции - Виновниците имаат име и презиме
Мисијата на ЕУ побара надлежните да си ја вршат работата, без оглед на етничката и верската припадност на жртвите и на извршителите
„Албанците не можат да прифатат колективна одговорност за убиства на деца, криминал за кој не се сеќавам дека се случувал во нивната историја дури ни во време на војна. Нашата заложба како политички субјект, останува давање максимален придонес во идентификувањето на убијците по име и презиме, без разлика на која националност и' припаѓаат. Тие се само убијци и ништо повеќе“, изјави портпаролот на ДУИ, Бујар Османи. Тој смета дека Албанците се повеќе заинтересирани од кој било за откривање на сторителите.
„Се надеваме дека завчерашната акција на безбедносните служби ќе даде голем придонес за идентификување и обезбедување материјални докази за целосно расветлување на ова злосторство“, се огласија од опозицискиот СДСМ. Тие уште еднаш изразија поддршка до МВР и безбедносните служби за брзо идентификување на сторителите, обезбедување материјални докази и целосно расветлување на петкратното убиство.
Мисијата на ЕУ во Скопје побара надлежните да си ја вршат работата без оглед на етничката или верската припадност на жртвите и извршителите.
„Запознаени сме дека истрагата за петкратното убиство кај Смилковското езеро доведе до одредени апсења. Продолжуваме одблиску да ги следиме активностите. Работа е на државните институции да ги извршуваат нивните дејности, без оглед на етничката или верската припадност на жртвите и на извршителите. Останува мирно да сочекаме судските органи да донесат правилни одлуки во разумен временски рок“, се наведува во соопштението од Делегацијата на ЕУ во Скопје.
И од Националната демократска преродба, партијата на Руфи Османи, побараа правната држава да го расветли случајот до крај и на виновниците да им изрече заслужена казна. Сепак, сметаат дека „претресувањата на десетина куќи во Гази Баба, Хасанбег, Арачиново и Отља, како и апсењето на 20 лица меѓу кои и еден старец и една старица, сите Албанци, не може да се квалификува како успешна акција, а уште повеќе го оправдува називот на акцијата ‘Монструм‘“. Реагираат дека според доказите што биле презентирани на завчерашната прес-конференција на МВР, било јасно дека истрагата била водена во погрешен правец и оти не биле фатени вистинските злосторници.
„Обидот проблемите од криминален план да се поместат на верски план, не само што се неприфатливи, туку се многу опасни за безбедноста во земјата и во регионот и можат да бидат повод за нов синџир на насилство каде што би настрадале недолжни граѓани независно од нивната етничка или верска припадност“, реагираа вчера од НДП.
Од амбасадата на САД во земјава апелираа граѓаните да останат мирни, а правдата да биде задоволена, со тоа што секој виновник, без оглед на верската и етничката припадност, ќе добие заслужена казна. (Г.А.) |
|
Статијата е прочитана 2010 пати.
|
Испрати коментар
|
|
bez pofalba, 03.05.2012 00:31:42 | malku e chudno zoshto strancite ne go POFALIJA MVR, tuku samo апелираа граѓаните да останат мирни, а правдата да биде задоволена ??? |
| demokrat, 03.05.2012 01:48:47 | Ovie ubivaa nevini luge, vrsea voeni zlostorstva i na krajot se zavrsi so avtenticno tolkuvanje na zakonot za amnestija. Slusajte vamu avtenticari, vie trebase prvi da barate kazni za voenite zlostornici, za tepacite na kaleto. Vie ne go napravivte toa, gi oslobodivte vasite zlostornici albanci so ime i prezime. E sega kako da vi veruvame, kako da zastanam pred moite makedonci i glasno da kazam: makedonci moi ajde da izbereme albanec minister za vnatresni raboti, koga vie sekoe zlo koe doaga od vasa strana go amnestirate i tesko vi paga cvrsto da go osudite! |
| Jok, 03.05.2012 09:10:43 | Од амбасадата на САД во земјава апелираа граѓаните да останат мирни, dali Makedonija e federalna edinka na SAD? |
| Васко К. Битола, 03.05.2012 10:14:17 | Албанците не прифаќаат ни колективна ни индивидуална одговорност. Но затоа пак кога се во прашање правата тогаш тука се индивидуално, групно, чопоративно, колективно за да ви се качат и на глава, а по можност да ве остават и без неа. |
| pile, 03.05.2012 10:22:15 | Znaes zosto e taka ,bez pofalba`, zasto memoriskite karticki ne gi brisat taka brgu kako poedini clenovi na vladeackoto mnozinstvo,pomnat za Sopot, za Brodec, za spektakularni apsenja na policajci i vraboteni na naplatni rampi i pompezno najavuvani kvalifikacii na KD kako zlostornicko zdruzjuvanje, i dr, a znaat za vladeenjeto na pravoto vo drzjava vo koja najgolem uspeh na lojalniot gragjanin e da izvadi licen dokument bez da dobie infarkt cekajki vo redovi,a posebno koga pred TV ekranite ke izlezat licnosti koi vo X navrati seriozno go raznisale sopstveniot kredibilitet i na institucijata koja ja pretstavuvaat, a gi ima navedeno vo EI za napredokot na R.makedonija za 2011 godina,zatoa se profesionalci vo nastapot pretstavnicite na EU.A za demokrat,konstatacijata Vi drzji, no neizumuvaj,DPMNE glasase za avtenticnoto tolkuvanje i vo predizbornata kampanja 2006 godina oddese so nie so tetoristi ne pravine koalicija, sto za glasackoto uvo milozvucno deluva,arno ama vlast e slast.OSTAVKI |
|
|
|
|
|
„УТРИНСКИ ВЕСНИК“ ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИЕ
|
|
|
|
Време
|
Скопје, 18°C
Ситен дожд
|
Вторник
Ведро
Макс: 24°C, Мин: 8°C
|
Среда
Сончево
Макс: 26°C, Мин: 9°C
|
|
|
|
|
|