Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп
Политика
07.05.2012, 16:52

Мое ќоше

Страв од Љупчо Геор��иевски

Ерол Ризаов

Некој смртно се плаши Љупчо да не се врати на голема врата

Ја гледам онаа трагикомична фигура како му предлага на Љупчо Георгиевски да ја прекрсти партијата во СДСМ Народна. Прво што ми падна на памет е: како можеше дотаму да утне Георгиевски и да донесе човек за свој претседател кој за 24 часа прави салто мортале да не може ни мајка му да го препознае. Величествени се трансформациите на некои човеци во транзицијата. Тоа се вистински ремек-дела на стотици нијанси, најразлични бои и фарби во една личност. Што се' не искажа некогашниот претседател на ВМРО-Народна опевајќи го Георгиевски. Најимпресивен беше кога ни соопшти дека најубавото време за граѓаните на Македонија било во периодот на владеењето на Љупчо Георгиевски, за веднаш по пресадувањето патриотска генетика да го препознае најголемиот предавник во истиот човек. Е, ова се вика вистинска преродба. Сето ова и би поминало како лесна забава од типот на Чичолина во политиката ако не се замешаше во најстариот занает и судот, кој практично го врати стариот претседател на партијата иако тој јавно ја напушти. Судот не ги призна одлуките на партискиот конгрес на кој Љупчо Георгиевски е легално избран за претседател на партијата. Тешко е да се поверува дека е во прашање некаква формално правна заврзлама.

Некој смртно се плаши Љупчо да не се повампири и да не се врати на голема врата на политичката сцена. На последните парламентарни избори ВМРО-ДПМНЕ направи специјална воена стратегија одејќи од куќа во куќа, од човек на човек да не влезе во парламентот нејзиниот основач, човекот што ја основа ВМРО-ДПМНЕ. Тоа преродбениците го одработија успешно. Велат, платена е висока цена, ама се исплати, оти вмровската икона како божјото чудо во „Св Димитрија“ почнала пак да зрачи. Затоа Георгиевски треба да се мрази од дното на душата оти премногу ги потсетува вмровците на минатото. Денешното ВМРО-ДПМНЕ ги брои годините од четвртиот век пред нашата ера од времето на Филип Втори и Александар Македонски и од 2006 година кога почнува нашата ера, од доаѓањето на власт на Никола Груевски.

Се чини има нешто многу тегобно за Никола Груевски што некако наеднаш и во исто време распали со силни канонади кон политичките противници и во неговите редови и во опозицијата. Прво го пушти „новиот бран“ кој се' уште фрла далги само до колена, а потоа заедно со министерката Гордана Јанкулоска жестоко распалија дека откако СДСМ е во опозиција, на Македонија и' оди добро и дека секогаш кога полицијата има голем успех, СДСМ е на страна на криминалот. Ова, сепак, е малку поинвентивно отколку старата песна дека дојдовме до ова дереџе затоа што СДСМ и Бранко Црвенковски владееле 20 години со Македонија. Сега кога веќе не може да се скрие дека во изминатите 21 година ВМРО-ДПМНЕ е една година повеќе на власт отколку СДСМ и откако е лесно докажливо дека во последните 15 години ВМРО-ДПМНЕ е 10 години на власт, тогаш најдобро дереџето да биде сменето. Она што до вчера беше лошо и за никаде поради долгото владеење на опозицијата, денеска е ептен добро, бидејќи опозицијата веќе седум години со волја на народот е отстранета од власта. Оваа партиска трансформација е уште почудесна од онаа на поранешниот претседател на ВМРО-Народна, извесниот Додовски. Значи, пазете прво во државата на едноумието ништо не чинеше, потоа дојдоа социјалдемократите и уништија се', па дојдоа преродбениците и изградија се' и сега на сите ни е ептен добро.

Деновиве чaкам да се огласи Институтот „Павел Шатев“ со најново непристрасно истражување на јавното мислење кога рејтингот на ВМРО-ДПМНЕ и на Груевски ќе порасне уште за неколку проценти, малку ќе се намали на ДУИ, но ќе биде над ДПА. Се' уште оние што не знаат и не веруваат никому ќе бидат најмногубројни, но засега тие не се битни. Важно е Груевски и натаму да има рејтинг од само 27-28 проценти, но поголем од сите политичари заедно, а ВМРО-ДПМНЕ да биде со трипати поголема поддршка отколку СДСМ. Научниците од „Шатев“ не мора да се мачат воопшто да ја прават анкетата и да арчат пари. Таа е готова и стокмена само треба да се јават во комуникацискиот центар на ВМРО-ДПМНЕ и кај агилниот директор и веднаш ќе ги добијат сите резултати на маса со мала веројатност на грешка.


Статијата е прочитана 9089 пати.

Испрати коментар



Филе замина со 150 ветувања
Груевски им честиташе на Грците за изборите
Груевски не губи надеж
Политичко цунами во Атина - Ќе формира ли Самарас влада?
Иванов им честиташе на Путин и на Оланд
Протест во Тирана за Смилковци
Се чини ќе има нови избори
Атина го повлече Скопје во нова политичка неизвесност



jovan, 08.05.2012 00:14:03
Toj e Ljubco, a ne Ljupco. Od nego se plasat site. I SDSM i VMRO. Ne deka e bogznae kolku strasen, kolku sto e nepredvidliv. Moze da sobere dosta glasovi, a toa ne im odgovara na VMRO. Vo slucaj SDSM da bese na mestoto i situacijata na VMRO, togas i tie ke se plasea od nego. Kako sto se i plasea tamu nekade 99-2000ta, pa sto ti ne pokusavaa da go srusat. I go srusija, blagodarejki na Zingo koj im vleze vo partijata i im ja *kupi*. Gi protera, i si stavi svoj luge. Najdobro taa prikaska ja znae bratot Ljube. Moze vo zatvor i da napise edna kniga, pa da se razjasnat nekoj raboti, normalno, ako saka da priznae i ja kaze vistinata, i ako mu dozvolat. Moze i da ne mu dozvolat, pa da mu se *slosi* vo zatvor ili da se *zaglavi* vo kofa. Providna e i ovaa *skriena igra* sto se obiduva da ja igra SDSM so Georgievski.
pameten, 08.05.2012 00:51:22
Vo Makedonskata politichka elita LjuBcho e velikan megju dzhudhinja. Prv posaka nezavisna Makedonija, prv sfati deka so Albancite mora da se dogovori prijatelska podelba, prv imashe hrabrost da objavi deka sporot so Grcija mora da se rreshi i deka nema beganje od Bugarskite koreni. Koj se plashi od LjuBcho? Site, koi shto si ja turkat glavata vo pesokot. Site, koi shto veruvat delka utre sabajle kje se najdeme vo sostojbata koga SFRJ beshe znachajna drzhava. Albancite kje morat da prifataat deka se malcinstvo, Grcija nekako kje popushti, a cel svet kje stavi pritisok na Bugarija da priznae deka vo Makedonija nikogash nemalo Bugari (nezavisno od site podatoci). Stravot od LjuBcho e strav od sovremenata realnost, koja shto site megalomanski spomenici nema da promenat.
milko, 08.05.2012 01:00:58
samo polovicno se slozuvam so vaseto mislene
respekt, 08.05.2012 01:34:43
Очигледно е дека овие од ДПМНЕ се во паника. Нив сега не им сметаат само Љупчо и Бранко, нив им сметаат сите што не мислат како нив. Пропагандната машинерија денонокно работи на дискредитација на сите што сметаат дека најголемата ,,пајажина,, се крие во власта. Сироти, толку забегаа што не можат да видат дека ако продплжат да работат вака катастрофално, ке се РАСПАДНАТ како измет по дожд--и без опозиција.
USA, 08.05.2012 01:45:31
Dur gi kudis Gruevski i Dodovski, zaboravi da go pofalis Ljubco. Vsusnost za nego se raboti, ne za drugite. Da gi vadime li snimkite, pisanijata i kolumnite protiv Ljubco od vremeto koga vladeese toj a go vbrojuvas vo godinite na VMRO DPMNE? Denes se lepite edni na drugi kako guma na asfalt. Eeeeeeeee, mnogu raboti i ludje se promenile, ne samo Dodovski. Site kopaat kako krt.
apostol, 08.05.2012 02:45:59
Alcnosta I sebicnosta stanuvaat najgolem tovar za rdpmne vo celost a ljubco I bugarofilite koi ke mu se pridruzat ke bidat samo posledniot kamen sto ke natezne I sto ke ja donese opozicijata na vlast vo r.makedonija
VMROVEC, 08.05.2012 05:49:54
Нај искрено и треба да се плашат од г. Георгиевски. Бидејќи сите оне кои плукаат против заслугите од Љубчо Георгивски, прво се против државата, против себе и против своите поколенија, тие се само за личен профит. Нив сега ги има со лопата да ги ринеш. Вакво нешто до сега немам видено во мојот живот, да не си ја сакаш сопствената држава и континуирано да си ја уништуваш, како на економско а исто така на политичко поле. Ете токму за тоа треба да се плашат, бидејќи за тоа што се бореше(независна и самостојна држава со сите нишани), кога сегашниве дечиња тогаш беа бебиња, дојде време тие да плукаат против Љубчо и да си играат со државата.
sando makedonac, 08.05.2012 07:04:35
Ljubčo bugarče ne si dobredojden vo Makedonija
Стар член на ВМРО-ДПМНЕ тотално разочаран од Љубчо, 08.05.2012 07:46:13
Некој смртно се плашeл Љупчо да не се повампирел и да не се врател на голема врата на политичката сцена!!!??? ХА-ХА-ХА-ХА-ХА-ХА-ХА-ХА...
Vuvuzelki i naucnici., 08.05.2012 07:47:26
Zvezdata na Ljubco ednas blesna i mislam deka povece ne moze da go vrati toj sjaj, odnosno e na zalez. Za Dodovski ,ne znam zosto treba da se trosat zboroivi?Bezvredna , beznacajna politicka figura, i obicna politicka vuvuzelka. Onie naucnici od Pavel Satev mi zaklicuvaat na postari zeni koi pletejci corapi si pravat komentari i davaat mislenja za sosetkite. Nivnite anketi sluzat samo za zasmejuvanje na javnosta ili pak za zatupuvanje na priglupite i nepismenite.
nato-jato, 08.05.2012 07:48:27
Site znaat kako se ziveese vo vremeto na Ljubco , akako se zivee sega prvi sme vo Evropa po centralen registar , i prvi vo svetot po MIZERIJA...
Омар Муса, 08.05.2012 07:51:58
USA , не си се отрезнил од синоќа , или мавна една рано насабајле?!Годините кога владеел Љубчо се препишувале на ДПМНЕ?!! Па , мене ли да ми се препишат? Твојот Пастир беше министер во таа влада 4 години! Љубчо го створи него од ништо , а Велија од него направи спасител. Трчаше по Љубе , за да ја искористи неговата популарност , го чекаше на ареодром и му организираше голем пречек на Пела. Каде се сега тие?
ФЕЛИКС, 08.05.2012 07:56:50
Инаку околу непредвидливоста на однесувањето некој се славни носители на таа титула.Некој постојано верглаше да власта е пробугарска и како таква е штетна за државата и нацијата,а од друга страна докажан благонадежник е посакуван партнер во борбата за уривање на власта,разбира се.Инаку благонадежникот собра доволно гласови за да стане вонпарламентарна партија,успех за одбележување.Тоа колку е П.Шатев релевантен во прогнозите најдобро говорат ланските избори.Тогаш имавме величенствена прогноза пак на Прогрес кој ја утнаа добитната комбинација во целост.П.С почнав некако да се навикнувам на цензурите,кој стана�� барем кон мене секојдневие.
Istocna Makedonija, 08.05.2012 08:11:01
Kontroverzniot mit na Lj.Georgievski,najmalku mozat da go srusat onie,koi koga toj bese me- sija,BOGOT na fanatiziranite VMRO-vski masi vo 90-te godini na minatiot vek,BEA vo pelenii vo ZADNA GALERIJA-sporedni,marginalni igra ci.I pazi,bas tie,vo podzemen stil,najveke ra botat na agendata,da go srusat OSNOVA- COT na partijata,cij brend go zedoa,napravija politicki karieri.A tokmu, kontroverzniot Ljubco gi izvadi od naftalin.Gi promovira,96-98 god. vo pratenici,porparoli,ministri,resorci.Rani kuce da te lae!Deka e los kadrovik,znae i samiot,deka mu se plasat znaat i samite.Toj i BC im se nokna mora i namesto da se pres- metuvaat so niv IM DADOVME mandat da nap ravat asalna,pristojna,prosperitetna drzava! Ne da gi polnat kontata i bisagite so araci,re- keti-nasminkani,frizirani tenderi vo oblandi i konotacija,tbe proektot mene provizijata!I ovoj Georgievski bil Bugarofil,a kolku minis tri,pratenici,gradonacalnici,sovetnici imaat imaat dvojni drzavjanstva?!Ne se plasam k
dedo dimo, 08.05.2012 08:41:33
Erol jas bi glasal za tebe da si PREMIER ,ama na OVCITE na SHAR PLANINA ili vo MARIOVO.
Rezzilov, 08.05.2012 08:46:45
Многу луѓе во транзицијата ги променија своите ставови,но,авторот,што е за секаква пофалба,му остана доследен на сдсм.Ако се зборува за страв,уплавот од Груевски го има опозицијата штом го “прибраа“ и Георгиевски.За разумните - кој и зошто го враќа Георгиевски откако си отиде и се побугарчи?
konsternirani, 08.05.2012 09:54:19
Ubava vivisekcija na toa shto go narekuvame makedonche! Dodovski e tipichen primer na makedonche, vrtikapa, koj go sledi svojot dzeb a vo lobodno vreme isfrla patriotski paroli. Problemot e shto gi ima premnogu, prostorot e zagaden so takvi prosechni prevrtlivi chovechinja
Hari, 08.05.2012 10:27:18
Do redakcijata. Ve molam da ne go cenzurirate portparolot na dpmne Felix, ne drugo ke ne lisite od golemo zadovolstvo i humor. Negovoto odrabotuvanje e navistina zabava za narodot. ps. Tvojot idol bese minister 4 godini kaj blagonadezniot blgarin i toj blgarin go naznaci za lider na dpmne-najgolemoto zlo na Ljubco.
BORKO, 08.05.2012 11:08:54
vo edno sum siguren, TIE STO NE GI PEREA RACETE KOGA SE POZDRAVUVAA SO NEGO, TIE STO GI ZAPOSLIJA PO TROJCA OD FAMILIJA ZA EDNA GODINA VO LJUBCOVO VREME, TIE STO MNOGU SE OFAJDIJA A GI IMA MNOGU ......A POSLE TOA SO POGADNI ZBOROVI IZLEGOA PROTIV LJUBCO ZA DA MU SE DODVORUVAAT NA GRUEVSKI.......NA TIE IM E STRAV OD LJUBCO GEORGIEVSKI I TREBA DA IM BIDE STRAV
Vistinski vmrovec, 08.05.2012 11:10:27
Da g-dine Rizaov, Ljubco Georgievski se vrakja na golema vrata a vistinskite vmrovci se so nego.
srebre, 08.05.2012 11:34:53
felix g---o nevospitano.Covek od tebe nemoze da si procita vesnik.Daj be ga--liz--u otkaci se i obesi se negde i prestani da go maltretiras narodot be eej!Ve zamoluvam da mi go objavite komentarot vo interes na citatelite,bidejki na sekoj mu e preku glava od felix
Олив��р, 08.05.2012 11:45:04
Г-нот ЉуБчо навистина е личност од која треба да се плашат ВМРО, ама не само тие туку цела држава. Неговата рамнодушност кон Македонија ќе биде запамтена како бродолом на „идеологијата“ која ја промовираше во текот на неговото постоење на политичката сцена. Македонија секогаш имала вакви инфилтрирани луѓе од бугарскиот двор кои сакат да го пресечат крвотокот на националното единство и во тоа најчесто биле успешни поради недоволна освестенот (национална) на населението. За ова се залужни и други надворешни и внатрешни непријатели на Македонија, а во денешно време подеднакво помагаат и тие што се као „поскапи“ интелектуалци. Порачувам, Македонското Нацонално движење нема да дозволи разбивање на идеологијата КОЈА Е ЧИСТА ОД ВНАТРЕ; најмалку тоа го може ЉуБчо, или некој сличен на вас г-не Ерол.
Вистина, 08.05.2012 11:47:43
Браво!!!. за коментаторот под псевдоним “Источна Македонија“
untiedmkd, 08.05.2012 11:53:58
LjuBco bugarceto nikad veke nema da se vrati ne na vlast nitu vo opozicija posto e izduvan balon , negovite probugarski misli i razmisluvanja pagaat veke vo voda denes koga nacionalnata svest na makedonecot e mnogu pogolema .Inaku ja sum desnicar glasav za Vmro Dpmne ali so ljupco vo taa partija nikogas mojot glas nema da odi tamo
od ostrijot, 08.05.2012 13:10:48
neveruvam otinekoj smrtno se plasi od minatoto a ljubco e minato.
Goce USA, 08.05.2012 13:18:22
AAaaa..... ete go FELIKS! Pocnav da citam komentari samo da vidam Feliks i kompanija ke istipkaat po nekoja nebuloza. I koga gi nema ponekogas si pomisluvam deka gi fatil branot
Feliks pak treba da crvenee od sram., 08.05.2012 13:19:14
Ljubco nikogas ne se pobugarcil, toj e roden bugarin, so sigurnost vi tvrdam bidejki toj samiot go kazuva toa za sebesi, Site tie sto sega sakaat da poentirat na osnova negovata pripadnost se golemi licemeri, zosto, zatoa sto koga istiot bese na celo na DPMNE se kolnea vo nego i pokraj toa sto im bese ukazuvano deka toj se oseka kako bugarin, a sega istite tie od tipit na Feliks igraat na kartata deka toj se probugarcil a togas demek bil Makedonec patriot Kakvo licemerie.A za toa deka SDSM sega demek e poblisko do Ljupco a ne do Gruevski bi rekol zosto da ne pa toa e politika.Citajte gi komentarite na site i se ke vi bide jasno. P.S.Feliks nemoj da se glupiras sto pati sum ti rekol cenzura ima samo kaj Latas i DPMNE.
evro-makedonec, 08.05.2012 13:35:43
Rezilov i feliks, vie ste prav REZIL, Vo 21-ot vek ne postoi aparat sto ke moze da vi gi izmeri vasite glupi mozoci
dejan, 08.05.2012 13:48:15
Ljupco e najdobriot politicar sto go imala Makedonija pa on ja donese nezavisnosta na Makedonija nejzinata valuta, armija, himna super politicar e takvi ni trebaat da ni go podobrat zivotot ne ovie koj imse odmilija na narodot so nivnite necisti igri
Gargamel, 08.05.2012 13:49:29
Koj e Ljubco?Diletant vo politikata i zivotot,koj blagodarejki na kalkulantstvoto na starite VMRO patrioti,pa i pro bugarski zabludeni od dijasporata i od Makedonija,go skoluvaa so cel da bide nivna masa.No greskata vo procenkata na poetot mu ovozmozi da se ottrgne od nivnite vlijanija,da ja fati maticata i da ja urnisa politicki i ekonomski Makedonija so prodazbata na OKTA,so tolerancijata na negovite pajtasi,kriminalci,so Smilenski,so Blagovestie,so ...so uste sto ne.Od strav od policijski progon zema bugarsko drzavjanstvo,pasos,da moze da se zasolni.Toa e vodacot Ljubco.Beden politicki profiter i biznismen od sreden rang,po negovite izjavi.Vo nivo so poveketo makedonski patrioti i politicari,bez razlika na partijskata i verska pripadnost.Isti se site.Tesko nam i na idnite generacii od Ljubco,Buki,Bane,Daravelski,Familijata,Medjiti,Memeti,Amdi so sinovite,bivsite biznis ministri,sega profesori na razni fonovi .....
Smoki, 08.05.2012 15:55:13
Ма кого фарбате, Љубчо секогаш играл со Груевски, па не сме ние мали деца, се е само театар, тоа го знаат и малите деца. Љубчо пушти низ вода многу луѓе и верувајте дека освен некои идеалисти, никој друг квалитетен кадар нема да го поддржи. Најмногу ми е жал за Ване Цветанов, бидејќи не го познава Љубчо. Љубчо имал, има, и ќе има една цел - тотално да го уништи СДСМ и Бранко. Би се кладел во главата дека по следните избори тој ќе коалицира со ДПМНЕ. Ги краде и ги злоупотребува ОМ и Достоинство за да не се поделат десните гласачи, а сега ги врти и ЛДП за да откраднат повеќе гласови од СДСМ. Сепак, би сакал едно да признаам, во периодот од 1998 - 2002 најубаво се живееше во МК, тоа е непобитен факт, кој сите нормални луѓе го признаваат. Поздрав.
do Erol, 08.05.2012 16:54:52
Pa Ljubco se vrati lani na golema vrata na makedonskata politicka scena koga na predvremenite parlamentarni izbori toj bese glavniot govornik na mitinzite i preku nego se prepoznavase negovata mala partija.No i pokraj toa,Ljubco i negovata mala partija imaa debakl i ne vlegoa vo parlamentot.Duri imaa i golema mediumska podrsaka od A1 televizija,no i toa ne mu bese dovolno.Ljubco e vekje na bunisteto na istorijata i na bunisteto na politikata.Toj i lani na izborite bese propadnat politicar,ama uste ne znaese,pa glasacite mu pokazaa deka e propadnat.Toj ne moze nikoj da uplasi i da plasi.
Zoran CH, 08.05.2012 17:58:24
Od nego site se plasat pa duri samata Makedonija oti e krajno ne svesen covek plus ne e makedonec e nepoverliv covek za Makedonija on e so namera da pravi gluposti vo Makedonija a posle da se zakriva vo Bugarija dosta i se na Makedonija od takvi luge, Molim.Da ne se pravi od nego nekoj cirkus oti na nego bas mu e stalo do Makedonija.
tomce, 08.05.2012 18:03:46
Sando makedonac--ne ke da si makedonec (makedonac si i toa srbski) -sikter vo Vranje
Veselin, 08.05.2012 18:50:10
Eh Erole.Od koga ti tolku za Ljubco.Ljubco imase kako nikoj sansa da napravi nesto za Makedonija.Toj povlece mnogu narod so polna usta za Makedonci i Makedonija.Zosto vo pocetokot ne tvrdese deka nie sme bugari i deka Tito ne napravi Makedonci?Site zname vie novinarite od komunistickoto milje sto zborevte za Ljubco i partijata mu.I tvrdis deka vmro-vcite doagale po doma i agitirale protiv nego.Nikoj ne dosol kaj mene,ni od VMRO-DPMNE i ni od SDSM.Sto e pravo.A za Pavel Satev,pa napravete vie edna anketa.Imate li eden nepristrasen tekst?SDSM ne bea 20 god.na vlast.Ama go pokradoa 90% i vise od opstestveniot imot.I uste 4-5 milijardi dolari od svercot so Srbija,pa TAT i t.n.Ostavija pustos nevidena.I VMRO-DPMNE ne se tolku sjajni.No drugi podobri nema.I uste nemalo demokratija vo mediumite.Kako toa opstoi so site tvoi antivmrovski tekstovi?A?
zoki it, 08.05.2012 21:01:27
gi citam komentarive i se cudam ,ziveam nadvor od mk,no dobro ja poznavam domasnata politicka scena,ljubco i togasnoto vmro bea patrioti ovie sega se lopovi(biznismeni) ,no ke vladeat uste 50g so makedonskiot narod(ovci),koi se prodavaat za edno rabotno mesto na opredeleno vreme vo komunalec,plus pastirot(grujo)znae kako da gi stavi na zid svoite poslusnici(ako ne donesete glasovi letanje od funkcija)i toa ke funkzionira se dodeka narodot e siromav a toa ke bide sute eden vek kaj nas akone bide sudniot den 21.12.2012 .inaku ljubco momentalno e najspremniot politicar vo mk i ja gleda realnosta ne kako grujo sto zivee kako da e sin na aleksandar makedonski.
Јован, 09.05.2012 00:19:25
Мене не ми е страв туку сè повеќе и повеќе ми станува досадно... Имам 24 години, се родив и живеам со истите фаци веќе долго време, ако не и ПРЕдолго. Да дојдеше ден да се разбудам и да го прочитам насловниот лист на Утрински со други наслови ќе беше одлично!
Mihailo, 09.05.2012 04:01:30
Makedonija nema nisto pomakedonsko od Gruevski.Barem toj nee futa so dve lica i nee ni bugarofil, ni srbofil, ni albanofil tuku e makedonofil, i dostoinstveno i principielno se bori za site gragjani na Makedonija i nejzina afirmacija i na nacionalen i na megjunaroden plan. Mozi samo da mu se zameri, deka malce zastrani i deka se redi so spomenici, dodeka pak narodot vo Makedonija edvaj sostavuva kraj so kraj.

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

  


Site Meter


Време
Скопје, 25°C

Ведро

Понеделник
Сончево
Макс: 33°C, Мин: 13°C

Вторник
Сончево
Макс: 31°C, Мин: 14°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
(ФОТО) Повеќе интервенции во Скопје по силното невреме
Противпожарната единица во текот на ноќта интервенирала на 28 места...
(ИНТЕРВЈУ) Сузан Сарандон: Се уште сум хипи-девојка
Моите синови десет години не ги гледаат моите филмови и немаат интерес за тоа, ни изјави холивудската актерка во Карлови...
(ФОТО) МПМ добитник на награда за филантропија
Во име на вработените на Медиа Принт Македонија наградата ја прими Виктор Доневски, извршен директор во компанијата...
(ФОТО) Го истетовираа Тодор Александров
На околната ограда со црн спреј е напишано „Грујо носи си го“, а петметарската бронзена скулптура е испрскана со бела бо...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |